ФК Илинден (Болно)

ФК Илинден е македонски фудбалски клуб од село Болно, Општина Ресен.

Историја

уреди

Фудбалската топка во село Болно за првпат почна да се тркала пред почетокот на вторaта Светска Војна. Во почетокот во играњето не се почитуваа правилата на фудбалскста игра. Во тие години е формирано спорско друштво со организатор Мите Богоевски, преку спортот се имало за цел да се разбуди националната свест и да има поголемо другарување како во самото село Болно така и пошироко, во оклолните села.

Како први кои придонесоа за целосна афирмација на фудбалот во селото се: Спасе Богоевски- Моша, Славе Ристевски, Драгомир Суклевски, Симо Апостоловски, Александар Таланчевски... (прва генерацијан на фудбалери во почетокот на 40-те). А по ослобудувањето: Танче Суклевски, Гоше Богоевски, Сотир Богоевски, Лубин Богоевски, Кире Милевски, Христо Павлевски, (голман) Ване Наумовски, Таше Ристевки голман, кој со само 15 години кој настапуваше за екипата на село Болно. Во 60-те год. екипата беше составена од: Владе Савевски, Кицо Савевски, Дорче Савески, Кире Источки, Кире Боримечковски.... Подоцна кон 70-те год.: Дорче Таневски, Кире Поповски, Борче Источки...

По ослоборувањето екипата го носеше името на народниот херој Мите Богоевски, односно ФК Мите Богоевски. Во 80-те год. се пререгистрира како ФК Болно, а од 2004 година како ФК Илинден-2, поради тоа што веќе постоеше клуб со име Илинден во ОФС Ресен.

Екипата на Илинден настапува на теренот Грбавица, кој е изграден 1983/84 година.