Црква „Св. Троица“ - Бардовци
црква во Бардовци, Општина Карпош
Света Троица — македонски православен храм во селото Бардовци[1]. Храмот се наоѓа на врвот на малиот рид - височинка над самото село Бардовци, во делот каде што се наоѓаат куќите на најбогатите луѓе од Скопје. Во кругот на црквата постојат конаци, помошни простории, трпезарија и гробишта. Фасадата е обновена и обложена со камен во поново време. Во внатрешноста има убав фрескоживопис дар од селските семејства и натписи на современ македонски јазик како и на старословенски и старословенска кирилица. Над влезот на црквата стои македонското 16-зрачно сонце од Кутлеш.
Света Троица
| |
Црквата „Света Троица“ во селото Бардовци | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Бардовци |
Општина | Карпош |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Архитектонски опис |
Галерија
уреди-
Влезот на црквата со македонското 16-зрачно сонце од Кутлеш
-
Поглед кон црквата и камбанаријата
-
Иако не е манастир, црквата сепак поседува и конаци
-
Статуа на Лав пред црковните порти
Наводи
уреди- ↑ „Приватна рампа на патот до елитното Бардовци“. Време. 7 февруари 2011. Посетено на 2011-03-18.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Троица“ - Бардовци на Ризницата ?