Чешма (Бардовци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Чешма“
| |
Местоположба | 42°01′44″N 21°23′34″E / 42.02889° СГШ; 21.39278° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Бардовци |
Општина | Карпош |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Чешма — археолошко наоѓалиште кај скопското село Бардовци, Општина Карпош. Претставува осамен наод од римско време.
Местото на водоводот е на околу 2 км од градската територија на Скупи, на 1 км од асфалтниот пат за селото Бардовци и на 200 м западно од железничката пруга Ѓорче Петров - Качаник. При земјоделските работи е пронајдена надгробна плоча со латински натпис и со димензии од 245 × 75 × 25 см. Во правоаголното поле на фронтонот се наоѓа релјефна претстава на сцена со задушна гозба. Плочата се наоѓа на местото каде што е откриена.[1]
Поврзано
уреди- Зад Воденицата — населба од римско време
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 365. ISBN 9989-649-28-6.