Ѓорѓи Николовски
Ѓорѓи Андреев Николовски ( 1925 во Бардовци, Скопско — 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно образование, по што се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Скопје стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која го изминал славниот борбен пат од пробивот на Сремскиот фронт до Хрватска. Храбро загинал кај Славонска Пожега во април 1945 година, во борбата против силните германски и усташки единици.