- употреба на в наместо архаичната х: страх > страв
- употреба на тврдо л
- употреба на меѓусамогласно в: човек
- употреба на тврд глас њ;
- употреба на буквите ќ и ѓ (во останатите дијалекти имаме -јќ- и -јѓ-): куќа.
- употреба на предлогот у наместо во: у град;
- употреба на наставката -уле: дете - детуле;
- употреба на конструкцијата има + минат партицип: имам работено;
- употреба на трите членови.
- Скопски дијалект
„
|
И кога о́тишол та́му, прет ку́ќата и́мало една‿ја́бука. И се‿ка́чил на ја́буката. И‿иско́чило ла́мн’ичето и ви́ка: „И, ма́мо, ка́коф сра́шен ју́нак има на ја́буката“. „Ка́ко ги‿ја́де, ќе́рко, ја́буките, а́ли со‿све‿ли́стот, а́ли ѓи‿о́дбира“? „Не‿ѓи‿о́дбира, не́“. „Е, не‿е сра́шен за‿на́с, ви́кни‿го‿ва́му“. Коа‿го‿ви́кнале та́му, и‿о́на ту́рила сла́ма да‿за́пали о́ѓин да‿му‿на́прави ве́чера, и му‿ви́ка: „Наве́дни‿се‿ју́наче“. Он се‿на́веднал и‿о́на го‿га́лтнала. И‿и́сто и‿со‿фто́ријот бра́т та́ка. И ќе́лчо че́кал, че́кал, бра́ќава ѓи‿не́ма. Ќи́нисал да‿и́де и о́н. И‿го‿сре́тнал симиџи́јата и му‿ви́ка: „Ка́де, бре‿ќе́лчо“? „У‿то́ва се́ло и́ма една‿ла́мн’а, ќ‿и́дам да‿ја‿уте́пам...[1]
|
“
|
- Велешки дијалект
„
|
Еден та́тко си‿и́мал тро́јца си́нови. Сино́вите ре́кле: „Та́тко, ве́днага са́каме да‿не‿же́ниш“. Он им‿ре́кол: „Зе́мете по‿е́дно ста́пче, фрлете од‿ри́дот, и на‿ко́ја ку́ќа ќе‿ви‿па́дне, от‿ту́ка не́веста ќе‿зе́мете“. Фрли ста́риот, у‿а́рна ку́ќа му‿се‿по́годи; фрли среѓниот, и‿не́му та́ка, а‿на‿ма́лиот мо́ре. Два́јцата бра́ќа би́ле сре́ќни, а‿во́ј на́јмалиов не́среќен. Се́днал на‿кра́ј на‿мо́рето и‿му‿ка́жује на‿го́спода: „Го́споди, што́ ќе‿зе́мам од‿мо́ре, цел све́т да‿ми‿се‿сме́е“. Бра́ќата си‿ги‿зе́доја неве́стите и‿се́а ќе‿о́дат да‿ви́дат шо ќе‿зе́ме ма́лиот. Оти́доа до‿мо́ре и‿ги‿пу́штија чинѓе́лите за‿со‿ни́м не́што да‿изма́кнат. Во мо́рето и́мало една‿ма́јка и‿ќе́рка. Ма́јката си‿ја‿че́шла ќе́рката и му‿ви́ка на‿свато́вите: „Кре́нете‿си‿ги чинѓе́лите, не‿сме‿ста́сани“...[1]
|
“
|
- ↑ 1,0 1,1 Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. стр. 436–437. ISBN 978-9989-0-0662-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Дополнителна книжевност
уреди