Кара Мбоџи
Сериње Моду Кара Мбоџи (роден 11 ноември 1989 година) — сенегалски фудбалер, играч од одбрната на Ал-Саилија и на сенегалската репрезентација.
Кара Мбоџи | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 11 ноември 1989 | ||
Роден во | Диас, Сенегал | ||
Држава | Сенегал | ||
Висина | м | 1,92||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Ал-Саилија | ||
Број | 14 | ||
Младинска кариера | |||
Диамбарс | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008-2010 | Диамбарс | ||
2010-2012 | Тромсо | 70 | (8) |
2013-2015 | Генк | 92 | (5) |
2015-2019 | Андерлехт | 91 | (6) |
2018-2019 | → Нант | 6 | (0) |
2019- | Ал-Саилија | 13 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2011- | Сенегал | 47 | (4) |
* Ажурирано на: 13 мај 2012 ** Ажурирано на: 1 јули 2012 |
Клупска кариера
уредиМбоџи се приклучил на академијата Диамбарс сместена во Дакар, Сенегал на возраст од 15 години.[1] На 2 февруари 2010, тој потпишал за норвешкиот клуб Тромсо. За време на неговите три сезони поминати во Норвешката Премиер лига, тој бил награден за најдобар играч на клубот и двапати за втор најдобар играч во првенството.
На 31 декември 2012, Мбоџи му се приклучил на белгискиот Генк за сума од 1.4 милиони евра.[2] Откако во првата сезона играл стандардно во одбраната на Генк и им помогнал да го освојат Купот на Белгија, неговиот договор бил продолжен до 2018 година.
На 7 август 2015, Мбоџи потпишал за Андерлехт за сума од 4,5 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор до јуни 2019.[1] Тој останал во Андерлехт три сезони, помагајќи му на клубот да го освои белгиското првенство во сезоната 2016-2017, и Суперкупот на Белгија во летото 2017.
На 30 август 2018, еден ден пред затворањето на летниот трансферен прозорец 2018, Мбоџи се преселил во францускиот Нант на заем до крајот на сезоната 2018–2019. Нант исто така обезбедил опција да потпише траен договор со сенегалскиот играч.[3] Сепак, неговата позајмица завршила предвреме во јануари 2019 година, и Мбоџи се вратил во Андерлехт наведувајќи го недостаток на минутажа како причина за заминување од канаринците.[4] До крајот на сезоната, Мбоџи бил стандарден во Андерлехт забележувајќи 17 настапи.
На 20 јули 2019, тој потпишал три годишен договор со катарската екипа Ал-Саилија.[5]
Репрезентативна кариера
уредиМбоџи бил дел од Олимписката репрезентација на Сенегал на Олимписките игри 2012. Потоа тој бил повикан и во сениорската репрезентација на Сенегал на Африканскиот куп на нации 2015 каде што тој постигнал гол во ремито 1–1 против Јужна Африка во групната фаза.[6] Тој исто така бил повикан и за Африканскиот куп на нации 2017 каде што исто така бил стрелец во натпревар од групната фаза во победата со 2-0 над Тунис.
Во јуни 2018, тој бил повикан помеѓу 23-цата играчи на Светското првенство 2018 во Русија,[7] но таму не одиграл ниту еден натпревар.
Титули
уредиГенк
уреди- Куп на Белгија : 1
- 2012-2013[2]
Андерлехт
уреди- 2016-2017[2]
- 2017[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Kara Mbodji tekent overeenkomst bij RSC Anderlecht“. Het Nieuwsblad (холандски). 7 August 2015. Посетено на 4 October 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „K.Mbodj“. Soccerway.com. Посетено на 2 February 2015.
- ↑ Okeleji, Oluwashina (30 August 2018). „Senegal's Kara Mbodji joins Nantes on season's loan“. BBC Sport. Посетено на 31 August 2018.
- ↑ Okeleji, Oluwashina (15 January 2019). „Senegal's Kara Mbodji confirms and explains Nantes exit“. BBC Sport. Посетено на 16 January 2019.
- ↑ „Kara Mbodji (ex-Nantes) quitte Anderlecht pour Al-Sailiya“. L'Équipe (француски).
- ↑ „South Africa 1-1 Senegal“. BBC. Посетено на 24 January 2015.
- ↑ Crawford, Stephen (4 June 2018). „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists“. Goal. Посетено на 16 July 2019.