Фудбалска репрезентација на Сомалија
Фудбалската репрезентација на Сомалија (сомалиски: Kooxda Qaranka Soomaaliya, арапски : الاتحاد الصومالي لكرة القدم), со прекар Океанските ѕвезди, ја претставува Сомалија во меѓународниот фудбал и е контролирана од Сомалиската фудбалска федерација (СФФ), членка на Конфедерацијата на Африканскиот фудбал (КАФ). Првиот капитен на репрезентацијата на Сомалија бил г-дин Мохамед Шанголе, додека нејзиниот капитен со најдолг стаж бил Хасан Бабај.
Прекари(и) | Океански ѕвезди | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Сомалиска фудбалска федерација | ||
Конфедерација | КАФ (Африка) | ||
Селектор | Питер де Јонг | ||
Најмногу настапи | Јасин Али Егал (19) | ||
Најдобар стрелец | Абдулахи Шеик Мохамед (3) | ||
Домашен стадион | Стадион Могадишу | ||
| |||
Сеарапски игри | |||
Учества | 1 (Прво во1985) | ||
Најдобар резултат | 7. |
Историја
уредиПрвите сомалиски фудбалски екипи биле создавани во 1940-тите. Натпреварувањата биле основни по структура и биле поврзани со противколонијалното движење. Сомалиската младинска лига (СМЛ), првата политичка партија во нацијата, составила екипа од месна младина за да игра против италијанските иселенички тимови. Фудбалскиот тим што го собрала СМЛ, кој подоцна ќе го смени своето име во Бондере, победила на првите неколку натпревари. Во 1951 година била основана Сомалиската фудбалска федерација (СФФ). Првиот сомалиски комесар за спорт бил основан подоцна во 1958 година.
Иако фудбалската репрезентација на Сомалија учествувала во прелиминарните натпревари, таа никогаш не обезбедила пласман за финалната фаза на Светското првенство. Многу години по избувнувањето на граѓанската војна во раните 1990-ти, игрите санкционирани од ФИФА не можеле да бидат играни во земјата. Квалификациските натпревари за Африканскиот куп на нации и Светското првенство наместо тоа биле играни надвор од дома. Сепак, по смирувањето на главниот град Могадишу во 2011 година, СФФ ги започнала подготовките за првиот голем спортски настан што бил одржан после години, на стадионот Могадишу, во декември 2012 година.
Пред 2019 година, фудбалскиот сојуз на Сомалија одлучил дека ќе ги признае сите нивни млади и претстојни младински таленти и ќе спроведе месни испитувања за да ги зајакне и олимписките и фудбалските репрезентации.
Покрај тоа, многумина од сомалиската дијаспора во минатото произведувале квалитетни фудбалери како Ислам Феруз и Мухтар Али.
На 5 септември 2019 година, Сомалија победила на својот прв квалификациски натпревар после 1984 година (против Кенија - квалификации на АФКОН) и нивниот прв квалификациски натпревар за Светското првенство, победувајќи го Зимбабве со 1–0.[1] Тие речиси напреднале во второто коло, но загубиле со 3-1 во Зимбабве по два задоцнети гола за воините, со што Океанските ѕвезди било предвремено излегување.
Тимска слика
уредиСпортска опрема и грб
уредиДобавувач | Период |
---|---|
Adidas | 2015–2021 |
А2З Sports | 2021-до денес |
Од 1970-тите до 1990-тите, фудбалската репрезентација на Сомалија носеla цврсти небесно сини маици и чорапи со бели шорцеви за домашните дресови и обратно како гостински дресови,[2] двете основни бои на сомалиските национални знамиња, во 2010-тите до денес, државната репрезентација сега ги заменила цврстите небесно сини кошули за кошули со вертикално сини и бели пруги.
Грбот на репрезентацијата на Сомалија порано бил Грбот на Сомалија, но сега е заменет со грбот на Сомалиската фудбалска федерација. Океанските ѕвезди ги играат своите домашни натпревари на Стадионот Могадишу. Додека стадионот бил реконструиран, државната репрезентација играла натпревари на Стадионот Инженер Јарисоу, кој е второстепен стадион во Могадишу за спортски настани.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „World Cup qualifying: Somalia national team's history-making driving instructor“. BBC News. 8 септември 2019. Посетено на 5 мај 2022.
- ↑ „Somalia vs Yemen PDR for Arab Cup Qualification 1985 (Arabic)“. Архивирано од изворникот на 2022-04-21. Посетено на 2022-05-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)