Антигон II Гонат
Антогон II Гонат (318-239 п.н.е.) — крал на Македонија од династијата Антигониди кој владеел од 227 до 274 п.н.е. и 272 до 239 п.н.е. Се прочул по своите успеси во изгонувањето на Галите кои извршиле инвазија врз Балканот.
Антигон | |
---|---|
![]() Монета со ликот на Антигон Гонат | |
Владеење | 277 - 274 п.н.е. (првпат) |
Роден(а) | ~ 319 п.н.е. |
Починал(а) | 239 п.н.е. |
Претходник | Состен |
Наследник | Пир Епирски |
Придружник на | Фила (ќерка на Селевк) |
Деца | Деметриј II |
Династија | Антигониди |
Татко | Деметриј I |
Мајка | Фила (ќерка на Антипатар) |
Роден е во 318 година п.н.е како син е на кралот Деметриј I Опсадникот.
Хремонидска војнаУреди
Војната е испровоцирана од Грците, поточно од атинскиот владетел Хремонид (според него е и наречена војната) Хремонид потикнат од спартанците решил да се спотистави на македонската доминација врз Грција. Па така во 267 п.н.е. Спарта и Атина и објавуваат војна на Македонија
Македонскиот крал Антигон Гонат испровоциран, возвратил со тоа што со својата војска стигна до Мегара разурнувајќи го храмот на Посејдон до земја Така бидејќи Антигоновата моќ растела, диадохот и неговиот египетски соперник Птоломеј Филаделф сакал сопствена доминација на Егејот со што решил да и помогне на Грците и испратил флота на Егејот. Египетската војска се утврдила кај Лавриум (Јужна Атика).
Но, Антигон изненадно ја опсадил Атина и ја држел под опсада дури и кога Александар Епирски ја нападнал Македонија, а исто и спартанците се обиделе да го победат Антигон,но губат при што загинува и спартанскиот крал. По долго време Антигон ја освојува Атина со што Хремонид пребегува во Египет.
Така иаку повеќе држави се бореле против Македонците, успешно победиле по што Грците уште еднаш биле посрамени од Македонците (дури и погадно од онаа кај Хајронеја) Грчкиот историчар Полиб за војната напишал Никој човек досега не поставил толкава хегемонија Грција како Антигон (македонскиот крал).
Претходник: Деметриј I Опсадникот |
Крал на Македонија 277–239 п.н.е. |
Наследник: Деметриј II |
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |