АББА

шведска поп-група

АББА — шведска поп-група, формирана во Стокхолм во 1972 година. Групата е составена од Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад. АББА всушност е акроним од првите букви на нивните имиња. Тие станале едни од најпознатите успешни изведувачи во историјата на поп музиката, достигнувајќи го врвот на топ листите во целиот свет од 1972 година до 1982 година. Тие се исто така познати по победата на Евровизија во 1974 година, донесувајќи ѝ ја на Шведска првата победа во историјата на натпреварот и станувајќи најуспешната група која некогаш учествувала на тој натпревар .
АББА имаат продадено околу 370 милиони плочи низ целиот свет[2][3] и сè уште се продаваат милиони годишно што ги прави едни од најпродаваните музички уметници на сите времиња. АББА е првата поп група која дошла од неанглиско говорно подрачје и која ги усвоила топ листите во земјите на англосферата: Велика Британија, Ирска, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка[4][5]. Групата исто така, имала значителен успех на пазарите во Латинска Америка и многу нивни хитови се снимени на шпански јазик.
За време на активните години на бендот, Агнета и Бјорн биле брачна двојка, исто како Бени и Фрида, макар што и двете двојки подоцна се развеле. На врвот на популарноста, бракот на Бјорн и Агнета се распаднал во 1979 година, а бракот на Бени со Фрида се распаднал во 1981 година.
По распаѓањето на АББА, при крајот на 1982, Агнета и Бјорн биле успешни во пишување на музички текстови[6][7], додека Бени и Фрида продолжиле со соло кариери[8]. Популарноста на АББА била намалена сè додека не се појавиле во неколку филмови, особено Свадбата на Муриел (Muriel's Wedding) во 1994, Авантурите на Присила, кралица на пустината (The Adventures of Priscilla, Queen of the Desert) во 1994. Тоа го обновил интересот за групата. Во 1999 година, музиката на АББА е дел од успешниот мјузикл Мама Миа (Mamma Mia!) Филм со истиот наслов е снимен во 2008 а продолжението „Mama Mia: Here We Go Again“ ќе биде во режија на Британецот Ол Паркер, кој е автор и на сценарието, а извршни продуценти ќе бидат членовите на групата „Абба“, Бени Андерсон и Бјорн Улвеус [9].

АББА
Животописни податоци
Познат(а) и какоБјорн и Бени, Агнета и Ани-Фрид(1972–1974)
ПотеклоСтокхолм, Шведска
Жанрови
Период на активност1972–1982
(собирања: 1986, 2008, 2016)
Издавачи
Соработници
Мреж. местоabbasite.com
Членови

На 50 годишнината на Евровизија во 2005, хитот на АББА, Ватерло (Waterloo) бил избран за најдобра песна. Групата била примена во Куќата на славните на рокенролот на 15 март 2010 година[10]. Во 2015, песната Dancing Queen ја добива најпрестижната награда Греми.[11]

Историјат

уреди

Пред АББА (60-те години на 20 век)

уреди

Бени Андерсон (роден на 16 декември 1946 година во Стокхолм, Шведска), на 18 години бил член на популарната шведска поп-рок група, Хеп Старс (The Hep Stars) познати и како Шведските Битлси[12], кои се појавиле на многу насловни страни со нивните меѓународни хитови. Андерсон свирел клавијатура и започнал со пишување на оригинални песни за бендот, од кои многу станале големи хитови, вклучувајќи ги: No Response која го достигнала третото место во 1965 година, Sunny Girl, Wedding и Consolation. Сите овие песни биле хит број еден во 1966 година. Андерсон исто така, имал плодна текстописна соработка со Ласе Бергаген, со кого ја напишал песната Sagan om lilla Sofie (Приказна за малата Софија) која влегла на официјалната шведска топ листа во 1968 година.

 
Бени Андерсон

Бјорн Улвеус (роден на 25 април 1945 година во Гетеборг, Шведска), исто така својата музичка кариера ја започнал на 18 години како пејач и гитарист како фронтмен на Хутенани Сингерс (Hootenanny Singers), популарна шведска фолк-скифл група. Улвеус почнал со пишување на англиски песни за групата и накратко имал соло кариера.

 
Бјорн Улвеус на предавање во Стокхолм, 2015

Во јуни 1966 година, Улвеус и Андерсон одлучиле да напишат заедничка песна. Нивниот прв обид бил Isn't It Easy to Say, песна која подоцна била снимена од Хеп Старс. Стиг Андерсон бил менаџер на Хутенани Сингерс и основач на Polar Music. Тој видел потенцијал во соработката со нив и ги охрабрувал да пишуваат повеќе. Двајцата, исто така почнале да свират со други бендови, сè до 1969 година, кога двајцата ги напишале и објавиле првите вистински хитови: Ljuva sextital (Слатките шеесетти), снимени од Брита Борг и хитот на Хеп Старс - Speleman. Во 1969 година за Мелодифестивален Андерсон ја напишал и доставил песната Hej, Clown. Тој фестивал се одржувал во Шведска за избор на евровизиска песна. Песната требала да го добие првото место, но на прегласувањето се нашла на второто место. Бени Андерсон тука ја запознал својата идна сопруга, Фрида која исто така учествувала на натпреварот. Како бендовите на Андерсон и Улвеус почнале да се распаѓаат во 1969 година, тие се здружиле и го снимиле својот прв заеднички албум во 1970 година, наречен Lycka (Среќа). Во овој албум биле вклучени песни, отпеани од нив двајцата. Нивните сопруги често присуствувале во студиото, а понекогаш биле придружни вокали. Агнета Фелтског напишала дури и песна заедно со нив двајцата. Сè до летото, 1974 година, Бјорн привремено снимал со Хутенани Сингерс а Бени Андерсон ги продуцирал нивните песни

 
Агнета Фелтског во 1982

Агнета Фелтског (родена на 5 април 1950 година во Јеншепинг во Шведска) пеела со локален бенд, предводен од Бернт Енгхарт, кој испратил демо снимка од бендот до Карл Герхард Лундквист. На демо снимката била песната напишана и отпеана од Агнета, Jag var så kär. Тој бил толку импресиониран од гласот што бил убеден дека девојката ќе стане ѕвезда. По макотрпни напори да ја најде, договорил Агнета да дојде во Стокхолм да сними две нејзини песни. Така Агнета го достигнала првото место на слушаност во Шведска со песната што самата ја напишала. Се продале над 80 000 копии кога таа имала само 17 години. За кратко време била забележана од критичарите и композиторите. Главната инспирација на Фелтског во нејзините рани години биле многу пејачки, меѓу кои и Кони Френсис. Со свои композиции, снимила преработки на странски хитови и ги изведувала на турнеите во шведските фолк-паркови. Повеќето од нејзините хитови ги компонира самата што било невообичаено за пејачка од тоа време. Таа имала многу успешни песни на шведските топ листи. За време на снимањето во една шведска телевизија во мај 1969 година, го запознала Бјорн. Се венчале на 6 јули 1971 година. Во 1972 година, Фелтског станала ѕвезда изведувајќи ја Марија Магдалена во оригиналната шведска продукција на Jesus Christ Superstar и добила позитивни критики. Од 1967 до 1975 година, Фелтског објавила 5 студиски албума[13].

 
Ани Фрид Лингстад на Приказната на АББА во 1982

Ани-Фрид ,,Фрида‘‘ Лингстад (родена на 15 ноември 1945 година во Бјорказен, Баланген во Норвешка) пеела на 13 годишна возраст со различни бендови и работела главно во џез-кабареа. Таа формирала свој бенд Ани-Фрид Фор. Во летото 1967 година, освоила награда на националниот натпревар за таленти со песната A Day Off. Тоа било шведска верзија на песната A Day in Portofino, која била вклучена во EMI компилацијата Фрида, 1967-1972. Оној кој ќе освоел прва награда, добивал договор за снимање со EMI Sweeden и да пее во живо во најпопуларните телевизиски емисии во земјата. Кога Бени Андерсон почнал да ги продуцира нејзините песни во 1971 година, таа го достигнала првото место со нејзиниот сингл Min egen stad (Мојот роден град), напишана од Бени и работена со сите идни членови на АББА како придружни вокали. Лингстад правела турнеи и редовно ги изведувала нејзините песни во фолкпаркот и се појавувала на телевизија и радио. Таа се запознала со Бјорн Улвеус во 1963 година во тек на натпреварот за таленти, а со Фелтског во почетокот на 1968 година во една телевизиска емисија.

Фрида конечно се поврзала со идните членови на групата во 1969 година. На 1 март 1969 година, учествувала на Избор на песна за Евровизија - Мелодифестивален - каде за првпат го сретнала Бени Андерсон. Тие се сретнале повторно неколку недели подоцна за време на турнејата во јужниот дел на Шведска, па така наскоро станале двојка. Андерсон го издала нејзиниот сингл Петар Пан во септември 1969 година, нејзината прва соработка со Бени и Бјорн, така што тие ја напишале песната. Андерсон тогаш го издал деби албумот на Лингстад, Фрида, којшто бил издаден во март 1971 година. Лингстад исто така, свирела на неколку ревиски шоуа и во неколку кабареа во Стокхолм помеѓу 1969 и 1973 година. По формирањето на АББА, таа снимила уште еден успешен албум во 1975 година, Frida ensam, во којшто бил вклучен шведскиот препев на песната Фернандо. Оваа песна била хит на шведските радио листи, пред да биде претставена англиската верзија[14].

Прва изведба во живо и почетокот на Фестфолкет

уреди


Обид за комбинирање на нивните таленти се случил во април 1970 година, кога двете двојки отишле заедно на одмор на островот Кипар. Она што започнало како пеење за забава на плажата, завршило како импровизирана изведба во живо пред војниците на Обединетите нации, кои исто така се наоѓале на плажата. Во тоа време, Бени и Бјорн го снимале нивниот прв албум, Lycka, кој требал да излезе во септември 1970 година. Агнета и Фрида биле придружни вокали на неколку песни во текот на јуни, а идејата за тие двете да работат заедно го поттикнува нивното појавување на сцената на Фестфолкет на 1 ноември 1970 година во Гетеборг. Шоуто кое се одржало во кабарето привлекло негативни критики, особено за изведбата на Бени и Бјорн на песната Hello, Old Man.

Првата заедничка плоча Hej, gamle man

уреди
 
ABBA


Hej, gamle man, песна за еден стар војник од Армијата на спасот, станал нивниот прв хит. Плочата била заслуга на Бјорн и Бени и го достигнала петтото место на продажните топ листи и прво место на шведската топ листа 15 недели по ред. Во текот на 1971 година, четирите уметници почнале почесто да работат заедно; додавајќи вокали на другите плочи. Фелтског, Андерсон и Улвеус правеле заеднички турнеи во мај, додека Лингстад сама одела на турнеи. Во текот на летото, честите снимања на плочите ги споиле сите четворица.

Формирање на групата (1970-1973 година)

уреди


По издавањето на Lycka во 1970 година, уште два сингла на Бјорн и Бени биле издадени во Шведска, No Doctor Can Help with That и Imagine If the Earth Were Young. Во овие песни поистакнати вокали биле Агнета и Фрида, со што се достигнал поголем успех. Агнета и Бјорн кои сега биле венчани, почнале редовно да настапуваат заедно со Бени Андерсон во фолк парковите во Шведска, во 1971 година.Стиг Андерсон, основачот и сопственикот на Polar Music, бил решен да се пробие на меѓународен план со музиката на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус.
,,Некој ден вие двајцата ќе напишете песна која ќе стане вистински хит‘‘, предвидувал Стиг Андерсон и ги бодрел да напишат песна за Изборот на Евровизија, и по две одбивања во 1971 година, Андерсон и Улвеус ја претставиле својата нова песна Säg det med en sång (Кажи со песна) на изборот што требал да се одржи следната година. За изведувач ја избрале дебитантката Лена Андерсон. Песната се пласирала на третото место, охрабрувајќи го Стиг Андерсон, и станувајќи хит во Шведска
Првите знаци за странски успех се појавиле ненадејно, бидејќи синглот на Андерсон и Улвеус She's My Kind of Girl, излегол во Епик Рекордс во Јапонија во март 1972 година. Со тоа, дуото добило Топ 10 хит. Уште два сингла биле објавени во Јапонија, En Carousel (En Karusell во Скандинавија, претходна верзија на Merry-Go-Round) и Love Has Its Ways (песна што ја напишале со Коичи Морита).

 
ABBA (known as Björn & Benny Agnetha & Anni-Frid/Frida) at Popzien, 1973

Првиот хит

уреди

Бјорн и Бени опстанале со нивното пишување на песни и експериментирале со нови звуци и вокални аранжмани. People Need Love била издадена во јуни 1972 година, во кој жените биле придружни вокали. Песната го достигнала 17 место на шведските топ листи, доволно за да ги увери дека би успеале понатаму[15]. Синглот исто така, го преминал рекордот за квартети во САД, каде што го достигнале 114 место на топ листите на Cashbox и 117 место на Светската топ листа.

Групата одлучила да го сними својот прв заеднички албум во есента, 1972 година и ги започнале нивните средби на 2 септември 1972 година. Жените ги делеле главните вокали во Nina, Pretty Ballerina ( Топ 10 хит во Австралија)

Ring Ring

уреди


Во 1973 година, бендот заедно со менаџерот Стиг Андерсон одлучиле уште еднаш да се обидат на Изборот за Евровизија, овојпат со песната Ring Ring. На 10 февруари 1973 година, песната го освоила 3 место на фестивалот, така што тие никогаш и не победиле на изборот за евровизиска песна. Без оглед на сè, групата го издала својот деби албум, исто така наречен Ring Ring. Албумот бил одличен и бил хит во многу делови во Европа и во Јужна Африка. Сепак, Стиг Андерсон сметал дека вистинскиот пробив може да се случи само со хит во Велика Британија или САД. Агнета го родила првото дете во 1973 година и за краток период била заменета со Ингер Брундин, на една турнеја во Западна Германија.

Името на групата

уреди

Во почетокот на 1973 година, Стиг Андерсон, уморен од секакви имиња, почнал да ја именува групата приватно и јавно како АББА. На прв поглед, ова било игра на зборови, бидејќи АББА исто така било и името на позната компанија за конзервирање риби во Шведска. Сепак, со оглед на тоа што оваа компанија не било доволно позната надвор од Шведска, Андерсон верувал дека ова име ќе стане добро познато на меѓународниот пазар. Во Гетеборг бил одржан натпревар за да се избере име за групата. Групата била импресионирана од имињата како ,,Алибаба‘‘, ,,ФАББ‘‘ и ,,Баба‘‘. На крај сите записи биле отфрлени и летото официјално било објавено дека групата ќе се вика ,,АББА‘‘. Групата преговарала со конзерваторите за заштита на името.
,,АББА‘‘ е акроним создаден од првите букви на името на секој од членовите: Агнета, Бјорн, Бени и Ани-Фрид. За време на

 
Познатото лого на ABBA е дизајнирано од Руни Зодерквист во 1976.

промовирањето слики, Бени забавувајќи се ја напишал буката ,,Б‘‘ наопаку, па од 1976 година па наваму ᗅᗺᗷᗅ станала регистрирана трговска марка на групата. За првпат ,,АББА‘‘ било напишано на некои листови за време на нивното снимање во студиото Метроном во Стокхолм, на 16 октомври 1973 година. Ова најпрвин било запишано како ,,Бјорн, Бени, Агнета и Фрида‘‘, но потоа било прецртано со ,,АББА‘‘, напишано со големи букви на врвот.

Официјалното лого било дизајнирано од Руни Зодерквист. За првпат било објавено на Dancing Queen, сингл од август 1976 година, а потоа и на сите други албуми и синглови. Но, идејата за официјалното лого била направена од германскиот фотограф Волфганг Хајлман, кога ги фотографирал за тинејџерскиот весник Bravo. На сликата, членовите на АББА држат голема почетна буква од имињата. Откако ги направиле фотографиите, Хајлман видел дека еден од машките ја држи неговата буква наопаку. Тие го дискутирале тоа и им се допаднала идејата. По изработката на нивниот каталог за групата, Polygram почнале да користат различни варијации на логото на АББА, користејќи различен фонт и додавајќи емблем на круна во 1992 година, за првото издавање на ,,ABBA Gold‘‘: Компилација на најголемите хитови. Кога Universal Music го купиле на Polygram, називот на АББА за Polar Music International, бил повратен во Стокхолм. Оттогаш, оригиналното лого е вратено на сите официјални производи[16].

Пробив (1973-1976)

уреди

Евровизија

уреди
 
ABBA на холандската телевизија во 1974

Кога групата настапила на Мелодифестивален со песната Ring Ring, но не успеала да се квалификува на шведскиот натпревар во 1973 година, Стиг Андерсон веднаш почнал со планирање на натпреварот за следната година. Бени, Бјорн и Стиг Андерсон верувале во можностите за искористување на Евровизијата за да се покажат на музичкиот бизнис како композитори, а и за успех на целата група. Кон крајот на 1973 година, тие биле поканети во една шведска телевизија за да изведат песна за наредниот Мелодифестивален. Од поголемиот број нови песна, била избрана Waterloo. Групата сега била инспирирана од гламурозната рок сцена во Англија. Waterloo била песна во глам-рок стил, направена со ,,звучниот ѕид‘‘ на Мајкл Б. Тетроу. Песната имала слична продукција и аранжман со песната See My Baby Jive, која била Wizzard's хит во Велика Британија во 1973 година.
АББА ги освоиле нивните национални хитови на шведската телевизија на 9 февруари 1974 година, а со овој трет обид тие биле поискусни и подобро подготвени за Евровизија. Освојувајќи го натпреварот на 6 април 1974 година, им се пружила шанса да имаат турнеја низ Европа и да учествуваат на многу телевизиски шоуа. Waterlo бил број еден на листите на големите пазари, како што биле во Германија и Велика Британија. Во САД, песната го достигнала 6 место на Billboard Hot 100 chart, отворајќи им го патот за нивниот прв албум и нивната прва посета таму како група. Иако кратка промотивна посета, сепак тие го имале и првиот настап во американската телевизија, Шоуто на Мајк Даглас. Албумот ,,Waterloo‘‘ го достигнал само 145 место на списокот на Billboard 200, но добиле едногласни високи пофалби од американските критичари.

Следниот сингл на АББА, Honey, Honey, достигнал 27 место на американскиот Billboard Hot 100, а 2 место во Германија. Сепак, во Обединетото Кралство, Epic (британската музичка куќа на АББА), одлучила да преиздаде ремикс верзија на Ring Ring наместо Honey, Honey. Главната верзија на Sweet Dreams, го достигнала 10 место. И двете песни за една недела дебитирале на листите во Велика Британија.

После Евровизија

уреди
 
Седмиот студиски албум


Во ноември 1974 година, АББА започнале со првата турнеја низ Европа, настапувајќи во Данска, Западна Германија и Австрија. Турнејата не била многу успешна како што очекувале бидејќи не се распродале сите карти. Поради слаба побарувачка, морале да откажат неколку емисии, вклучувајќи го и единствениот закажан концерт во Швајцарија. Вториот дел од турнејата, кога поминале низ Скандинавија во јануари 1975 година, бил многу поразличен. Наполниле многу сали. Продолжиле со настапите во живо и во текот на летото во 1975 година, кога АББА тргнале на 16 дневна турнеја во Шведска и Финска. Нивното стокхолмско шоу кое се одржало во забавниот парк Грона Лунд, имал публика од околу 19.200 луѓе[17]. Кон крајот на 1974 година, во Велика Британија бил издаден синглот So Long, но не успеал да се пласира на списокот на Радио 1.

Подоцна, во 1975 година, издавањето на нивниот самонасловен трет албум S.O.S, им помогнал да се врата на топ листите во Велика Британија, каде што песната го освоила 6 место, а албумот 13 место. S.O.S исто така станал вториот број еден на АББА во Германија и Австралија. Нивниот успех дополнително се зацврстил со песната Mamma Mia, освојувајќи го првото место во Обединетото Кралство, Германија и Австралија. Во САД, го достигнал 10 место на списокот на Record World Top 100 и 15 место на списокот на Billboard Hot 100. Со тоа, тие ја подигнале наградата БМИ, за најслушана песна на американското радио во 1975 година.

До почетокот на 1976 година, групата веќе имала 4 песни на американската листа Топ 30, но музичкиот пазар покажал дека нема да биде лесно за да се пробијат. Истоимениот албум ,,ABBA‘‘, достигнал три американски хита, но, го достигнал само 165 место на Cashbox, а 174 место на списокот на Billboard 200.

Ѕвезди (1976-1971)

уреди

Во март 1976 година, бендот објавил компилација од албумот Greatest Hits, и покрај тоа што имале само 6 од Топ 40 хитови во Велика Британија и САД. Сепак, тој станал нивниот прв број 1 албум во Велика Британија, а исто така го за првпат стигнале до списокот на Топ 50 во САД. Таму тие успеале да продадат повеќе од еден милион примероци. Во исто време, Германија објавила компилација наречена The best of ABBA, која го достигнала повторно првото место. Исто така во овој албум била приклучена и песната Фернандо, која го достигнала првото место во 13 држави, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија и Австралија. Песната била распродадена во 10 милиони примероци ширум светот. Во Австралија, песната била на врвот на топ листата 14 недели (и останала така уште 40 недели), поврзувајќи се со песната на Битлси, Hey Jude за најдолготраен број еден, притоа овозможувајќи песната Fernando да стане една од најдобро продаваните синглови на сите времиња во Австралија. Истата година, групата ја освоила првата меѓународна награда, така што со Fernando биле избрани за ,,Најдобра студиска снимка за 1975 година‘‘. Во САД, Fernando го достигнала Top 10 од Cashbox Top 100 и 13 место на Billboard Hot 100. Исто така го достигнале врвот на листата Billboard Adult Contemporary, првиот број еден сингл на АББА во Америка.

 
Бени Андерсон и Ани-Фрид Линдстрад во Амстердам 1976

Четвртиот студиски албум на групата, Arrival, најпродаван албум во Европа и Австралија, претставил едно ново ниво на остварување и во текстопиството и во студиската работа. Тоа предизвикало позитивни критики од повеќе британски неделни весници. Најчестите пофалби биле од американските критичари. Од албумот следеле многу хитови: Money, Money, Money, друг број 1 во Германија и Австралија и Knowing Me, Knowing You, шестиот хит на АББА со место број 1 во Германија и во Велика Британија. Вистинска сензација била Dancing Queen, не само на врвот на топ листите во Велика Британија, Германија и Австралија, но, исто така, го достигнала и првото место во САД. Во Јужна Африка, АББА имала зачудувачки успех со Fernando, Dancing Queen и Knowing Me, Knowing You, со што биле меѓу топ 20 најпродавани синглови за периодот помеѓу 1967-1977 година. Во 1977 година, Arrival бил номиниран за BRIT Award во категоријата за ,,Најдобар меѓународен албум на годината‘‘. Во тоа време АББА биле популарни во Велика Британија, поголемиот дел од Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд. Во ДВД-то,на Фрида, Лингстад објаснува како таа и Фелтског се развиле како пејачки, како што снимките на АББА станувале покомплексни во текот на годините. Популарноста на бендот во САД останала во помал обем, а Dancing Queen станал единствениот Bilboard hot 100, број 1 сингл којшто АББА го имале таму, (тие сепак имале уште три синглови на првата позиција на други Билборд табели) Сепак, Arrival станал вистински пробив за АББА на американскиот пазар каде што го достигнал 20 место на списокот на Blboard 200 и добиле злато од RIAA.

Турнеи

уреди

Европска турнеја

уреди

Во јануари 1977 година, АББА се посветиле на својата прва голема турнеја. Статусот на групата се променил драматично и тие биле сметани за ѕвезди. На 28 јануари, тие ја отвориле долгоочекуваната турнеја во Осло, Норвешка, и извеле прекрасен спектакл кој вклучувал неколку сцени од нивната мини опера ,,The Girl with the Golden Hair‘‘. Концертот привлекол огромно медиумско внимание од цела Европа и Австралија. Тие ја продолжиле турнејата преку Западна Германија, посетувајќи ги Гетеборг, Копенхаген, Берлин, Келн, Амстердам, Антверпен, Есен, Хановер, Хамбург, а завршиле со емисии во Обединетото Кралство во Манчестер, Бирмингем и Глазгов. Исто така имале два распродадени концерти во Ројал Алберт Хол во Лондон. Билетите за овие два концерта биле достапни само со пријави по пошта, а подоцна се открило дека билетарницата добила 3,5 милиони пријави за влезници, што било местото би можело да се пополни 580 пати.

 
Агнета на турнеја во Европа

Австралиска турнеја

уреди

По европскиот дел од турнејата, во март 1977 година, АББА имале 11 концерти во Австралија пред вкупно 160,000 луѓе. Отворањето на концертот во Сиднеј на 3 март пред публика од 20,000 луѓе, бил откажан поради пороен дожд. По нивното пристигнување во Мелбурн, се одржал граѓански прием во Мелбурн Таун Хол каде што АББА се појавиле на балконот за да ја поздрават толпата од 6,000 луѓе. Во Мелбурн, групата имала три концерти со над 14,500 луѓе на секој концерт, вклучувајќи го и австралискиот премиер Малколм Фрејзер и неговото семејство. На првиот концерт во Мелбурн, дополнителни 16,000 луѓе се собрале надвор од заградената област за да го слушаат концертот. Во Аделаида, групата извела еден концерт на фудбалскиот стадион Вест Лејкс пред 20,000 луѓе, а уште 10,000 луѓе слушале однадвор. Во текот на првите пет концерти во Перт, имало закана со бомба па сите биле евакуирани од Забавниот центар. Патувањето било придружено со масовна хистерија и медиумско внимание опфатено во филмот на АББА: The Movie, во режија на Ласе Халстром.

Во демекври 1977 година, АББА го надоврзале албумот Arrival со поамбициозни 5 албуми, објавени за да се совпаднат со дебито на АББА: The Movie. Иако албумот не бил многу добро примен од критичарите на Велика Британија, сепак имал повеќе светски хитови ширум светот: The Name of the Game и Take a Chance on Me. И двата хита биле на врвот на англиските топ листи, и го достигнале 12 и 3 место на списокот на Billboard Hot 100 во САД. Иако Take a Chance on Me не била на врвот на американските топ листи, се покажала како најголемиот хит на АББА таму, со голема продажба на Dancing Queen. Албумот, исто така ги вклучувал и Thank You for the Music.

Турнеи во Северна Америка и Европа

уреди


 
ABBA at Edmonton, Canada, 1979

Во средината на јануари 1979 година, Бјорн и Агнета објавиле дека ќе се разведат. Вестите предизвикале интерес за медиумите, со што излегле многу шпекулации за иднината на групата. АББА ги увериле на новинарите и нивните обожаватели дека групата нормално ќе продолжи со својата работа и дека разводот нема да има никакво влијание на тоа. Сепак, медиумите продолжиле да ги прашуваат за ова во интервјуата[18]. За да избегат од овој новинарски метеж и да се врата на својата работа, Бени и Бјорн тајно отпатувале во Compass Point Studios во Насау, Бахами, каде што за две недели ги подготвиле песните за нивниот следен албум.

Шестиот студиски албум на групата, Voulez-Vous, бил објавен во април 1979 година, насловната нумера која била снимена во Criteria Studios во Мајами, Флорида со помош на Том Дауд. Албумот бил на врвот на топ листите низ цела Европа и во Јапонија и Мексико, потоа хит Топ 10 во Канада и Австралија, а Топ 20 во САД. Ниту една песна од албумот не станал хит на листите во Велика Британија, но Chiquititа, Does Your Mother Know, Angel eyes и I Have a Dream биле Топ 5 хитови таму. Во Канада, I Have a Dream станал вториот број 1 на АББА на листата RPM Adult Contemporary (откако претходно прво место беше Fernando). Исто така во 1979 година, групата го издала нивниот албум Greatest Hits Vol. 2, кој имал сосема нова песна, Gimme! Gimme! Gimme! (A Man After Midnight), уште еден хит во Германија и Велика Британија.

На 13 септември 1979 година, АББА започнале со нивната турнеја во Едмонтон, Канада, пред преполна сала од 14.000 луѓе. Последниот закажан концерт во САД во Вашингтон, бил откажан поради летот од Њујорк за Бостон, кога приватниот авион на групата морал да одложи поради лоши временски услови. Тие се појавиле во Boston Music Hall 90 минути подоцна. Турнејата завршила со шоу во Торонто, Канада во МејплЛиф Гарденс пред публика од 18.000 луѓе. Record World напишале:

АББА изведуваат со изненадувачка моќ и волумен, но иако се гласни, тие се многу јасни... Секојшто чекал 5 години за да ја види групата, ќе биде мошне задоволен‘‘,

На 19 отктомври 1979 година, турнејата продолжила во Западна Европа, каде што бендот имал 23 распродадени концерти, вклучувајќи шест распродадени вечери во Вембли Арената во Лондон.

Формирање на студиото Polar Music

уреди
 
Студиото на Polar Music

Од 1978 година, АББА бил еден од најголемите бендови во светот. Тие празниот филмски театар го претвориле во студиото Polar Music. Студиото го користеле и неколку други бендови, особено Genesis' Duke и Led Zeppelin таму го снимиле албумот In Through the Out Door. Во текот на мај, групата отишла во САД за промотивна кампања, промовирајќи се заедно со Енди Гиб, во емисијата на Оливија Њутн-Џон. Сесиите за синглот Summer Night City биле во тешка борба, но по пуштањето на песната, таа станала уште еден хит на групата. Песната ја поставила основата на следниот албум на групата. На 9 јануари 1979 година, групата ја извела Chiquitita на музичкиот концерт за УНИЦЕФ, којшто се оддржал во Генералното собрание на ОН за да се прослави годишнината на УНИЦЕФ за детето. АББА ги донирале авторските права на овој светски хит на УНИЦЕФ (UNICEF). Синглот бил издаден следната недела, и годостигнал првото место во 10 држави.

Врв на популарноста

уреди

Во март 1980 година, АББА отпатувале во Јапонија каде што при нивното пристигнување на Меѓународниот аеродром Нарита, биле пречекани од илјадници обожаватели. Групата одржала 11 концерти со преполни сали, вклучувајќи и 6 емисии во Будокан во Токио. Оваа турнеја била последната во нивната кариера. Во летото на 1980 година, групата го издала синглот The Winner Takes It All, кој го достигнал 8 место на британските топ листи ( и нивниот прв сингл од 1978 година). Песната била погрешно разбрана бидејќи била напишана за брачните проблеми на Бјорн и Агнета. Бјорн Улвеус го напишал текстот, но изјавил дека не се однесувал на нивниот развод. Фелтског пак, постојано повторувала дека таа не била причината поради која тие се разделиле. Во САД, песната го достигнала 8 место на списокот на Billboard Hot 100 и станал вториот број 1 Billboard Adult Contemporary. Исто така песната била повторно снимена од страна на Андерсон и Улвеус, со друг следечки вокал, француската пејачка Миреј Матје. Песната била преименувана во Bravo Tu As Gagné, со француски текст напишан од Ален Бубил. Истата година во ноември, АББА го објавиле нивниот седми албум,Super Trouper, којшто се одразил на нивниот стил со употреба на повеќе синтисајзери и лични текстови.

Тоа го поставил рекордот за најмногу нарачки за британскиот албумот, така што биле направени 1 милион копии уште пред тој да биде издаден. Вториот сингл за албумот, Super Trouper, исто така го достигнал првото место во Велика Британија. Друга песна од албумот Lay All Your Love on Me која била издадена во 1981 година, како 12-инчен сингл во неколку одбрани територии, успеал да го достигне врвот на Billboard Hot Dance Club Play и го достигнал 7 место на британските топ листи. Со тоа, песната станала највисоко рангирана 12-инчна песна издадена во историјата на британската топ листа. Исто така, во 1980 година, АББА снимиле компилација на шпански јазик, наречена Gracias Por La Música. Овој албум бил издаден и во држави каде се зборувал шпански јазик, како и во Токио и Австралија. Албумот достигнал голем успех, а заедно со шпанската верзија на Chiquitita, се сигнализирал пробивот на групата во Латинска Америка. ABBA Oro: Grandes Éxitos, шпанскиот еквивалент на ABBA Gold, бил издаден во 1999 година.

Последен албум и настапи (1981-1982)

уреди


Во јануари 1981 година, Бјорн Улвеус се оженил со Лена Калерсо, а менаџерот Стиг Андерсон го прославил неговиот 50-ти роденден со голема забава. За оваа пригода, АББА ја снимиле песната Hovas Vittne (игра на зборови за шведското име за Јеховините сведоци и Хова, родното место на Андерсон), како почит кон него и била објавена само на 200 винилски плочи, кои биле подарени само на гостите на забавата. Овој сингл бил колекционерски баран. Во средината на февруари 1981 година, Андерсон и Лингстад објавиле дека поднеле барање за развод. Се ширеле гласнини дека нивниот брак се борел за опстанок веќе неколку години и дека Бени веќе сретнал друга жена, Мона Норклит, со која се оженил во ноември 1981 година. Бјорн и Бени имале текстописни сесии во текот на пролетта 1981 година, а сесиите за снимањето започнале во средината на март. На крајот од април, АББА ја снимиле емисијата ,,Дик Кејвет се среќава со АББА‘‘ (Dick Cavett Meets ABBA), предводена од водителот Дик Кејвет. The Visitors, осмиот и последен албум на АББА, покажал текстописна зрелост чувство на недостатокот во нивните претходни снимки. Но сепак, групата била постаена во поп жанрот, кој опфаќал прилечни звуци. Иако името на албумот не било откриено за време на објавувањето, според Улвеус, името се однесувало на тајни состаноци одржани против одобрувањето на тоталитарните влади во Советските држави. Други песни пак биле биле наменети за неуспешни врски, закани од војната, стареење, губење невиност. Единствениот славен објавен сингл на албумот One of Us, бил деветтиот број 1 на АББА во Германија и лебедовата песна од нивните шеснаесет Toп 5 синглови на листата во Северна Африка. One of Us бил последниот Toп 10 хит во Велика Британија.

Иако албумот го достигнал врвот на листите во Европа, вклучувајќи ги Велика Британија и Германија, The Visitors, не бил толку успешен како претходните албуми. Неговата продажба драстично опаднала во Јапонија, Франција и Австралија. Една песна од албумот, When All Is Said and Done, бил издаден како сингл во Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд и достојно станал последниот Toп 40 хит во САД (водејќи на американската листа до 31 декември 1981 година). Исто така го освоиле и US Adult Contemporary Top 10 и 4 место на RPM Adult Contemporary chart во Канада. Авторот на песната The Winner Takes It All и One of Us се справувал со болно искуство од разделувањето со партнерката, иако кон траумата се гледало пооптимистички. Со објавената приказна за разводот на Бени и Фрида, шпекулациите ги зголемиле тензиите во рамките на групата.

Последните снимки

уреди

Во пролетта 1982 година, почнале сесиите за пишување песни и групата се собирала за да се направат повеќе снимки. Плановите не биле целосно јасни, но се дискутирало за да се направи нов албум и се дал предлог за мала турнеја. Сесиите за снимање во мај и јуни 1982 година биле напорни, па само три песни биле снимени: You Owe Me One, I Am the City and Just Like That. Андерсон и Улвеус не биле задоволни со исходот, така што лентите биле откажани, а групата зела летен одмор.

Тие се вратиле назад во студиото во август, а групата ги сменила плановите за остатокот од годината. Тие сакале да издадат двоен албум за Божиќ, кој ќе ги содржи сите нивни хитови. Албумот бил насловен The First Ten Years. Биле одржани нови сесии за снимање и пишување песни. Во текот на октомври и ноември тие ги издале песните: The Day Before You Came, Cassandra и Under Attack/You Owe Me One. Ниту една песна не станала Toп 20 во Велика Британија, иако The Day Before You Came станал Toп 5 хит во многу европски држави како што се Германија, Холандија и Белгија. Албумот бил прво место во Велика Британија и Белгија, Top 5 во Холандија и Германија и Toп 20 во многу други држави. Under Attack, последниот хит на групата пред да се распаднат, бил Toп 5 хит во Холандија и Белгија.

I Am the City и Just Like That останале неиздадени синглови од албумот. I Am the City на крајот била објавена како дел од албумот More ABBA Gold во 1993 година, додека пак Just Like That била вклучена во неколку други песни препеана од други пејачи, продуцирана од Улвеус и Андерсон. Преработени верзии на стиховите завршиле во мјузиклот Chess. Хорскиот дел на Just Like That бил вклучен во репроспективен сет во 1994 година. И покрај многубројните барања од обожавателите, Бјорн и Бени сè уште одбивале да ја издадат верзијата на АББА за Just Like That, иако подоцна целосната верзија била пиратирана.

Групата отпатувала во Лондон за да ги промовира најдобрите синглови. Албумот The First Ten Years во првата недела од ноември 1982 година, се појавил на Saturday Superstore и The Late, Late Breakfast Show, а потоа и во Западна Германија наредната недела, каде што настапувале во Show Express. На 19 ноември 1982 година, АББА за последен пат се појавиле во Шведска на телевизиската програма Nöjesmaskinen. На 11 декември истата година, тие го одржале нивниот последен концерт, пренесуван на Noel Edmonds' The Late, Late Breakfast Show во Велика Британија, во живо преку студиото од Стокхолм.

Последните настапи

уреди


Бени и Бјорн започнале да соработуваат со Тим Рајс во почетокот на 1982 година. Тие пишувале песни за музичкиот проект Chess. Агнета и Фрида биле сконцентрирани на соло кариери. Додека Бени и Бјорн работеле на мјузиклот, понатамошната соработка продолжила помеѓу нив тројцата со мјузиклот Abbacadabra, продуциран во француска телевизија. Тој бил детски мјузикл кој содржел 14 песни на АББА.Мјузиклот бил емитуван на Божиќ на француската телевизија, а подоцна била направена и холандска верзија. Претходно, Бубил го напишал францускиот текст за The Winner Takes It All за Миреј Матје

Фрида Лингстад, која неодамна се преселила во Париз, учествувала во француската верзија и го снимила синглот Belle, во дует со францускиот пејач Даниел Балавоан. Песната била обработка на песната на АББА Arrival.

Сите четири члена за последен пат се појавиле јавно во јануари 1986 година, и тоа како пријатели, а не како членови на АББА. Тие за себе снимиле видео снимка, акустична верзија на Tivedshambo, која била првата песна напишана од нивниот менаџер Стиг Андерсон. Песната била изведена на шведската телевизија за 55 роденден на Андерсон. Четворицата се немале видено повеќе од 2 години. Во 1986 година бил издаден ABBA Live, којшто содржел јавни настапи на групата од 1977 година до 1979 година.

На неколку настапи, Бени Андерсон настапувал со неколку стари песни на АББА. Во јуни 1992 година, тој и Бјорн се појавиле со групата U2 на концерт во Стокхолм, пеејќи го рефренот од Dancing Queen. Неколку години подоцна, за време на последниот концерт на B & B во Стокхолм, Андерсон се приклучил во бисот на пијаното. Андерсон често додавал песни од АББА кога изведувал со бендот BAO. Тој исто така свирел на пијано за време на снимањето на новите песни на АББА, Like an Angel Passing Through My Room, со оперската пејачка Ана Софи вон Отер и When All Is Said and Done со Швеѓанката Викторија Толстој. Во 2002 година, и Андерсон и Улвеус направиле а капела изведба на првата верзија на Fernando, прифаќајки ја наградата во Лондон. Лингстад снимила а капела верзија на Dancing Queen заедно со шведската група The Real Group во 1993 година. Исто така повторно ја снимила I Have a Dream со швајцарскиот пејач Дан Даниел во 2003 година.

Распаѓање на групата

уреди

АББА никогаш не го објавиле официјално нивното распаѓање. Нивната последна изведба како група била на британската телевизиска програма The Late, Late Breakfast Show (во живо од Стокхолм), на 11 декември 1982 година. Во јануари 1983 година, Фелтског започнала со сесии за соло албум, како што Лингстад успешно го издала албумот Something's Going On неколку месеци претходно. Бени и Бјорн, во меѓувреме започнале со текстописни сесии за мјузиклот Chess. Во интервјуата, тие го негирале распаѓањето на групата (,,Кои сме ние без нашите дами? Иницијалите на Брижит Бардо?‘‘), а Лингстад и Фелтског изјавувале дека групата работи на нов албум. Настанал внатрешен судир помеѓу групата и нивниот менаџер, а членовите на бендот ги продале нивните акции на Polar Music во текот на 1983 година. Освен појавувањето на телевизија во 1986 година, групата не се појавила повторно заедно сè до нивното повторно спојување на шведската премиера за филмот Мама Миа на 4 јули 2008 година.

Во интервју за Сандеј Телеграф по премиерата, Бјорн и Бени потврдиле дека немало што да ги примами за да се вратат заедно на сцената. Бјорн Улвеус рекол: ,,Никогаш повеќе нема да се појавиме на сцената.. Едноставно нема мотивација за одново да се групираме. Парите не се фактор и би сакале луѓето да нè запомнат онакви какви што бевме. Млади, темпераментни, полни со енергија и амбиција. Помнам дека Роберт Плант рече дека Led Zeppelin биле бенд којшто држи до своето и тоа го тера човек да се подзамисли...[19]‘‘. Сепак, на 3 јануари 2011 година, Фелтског за која се сметало отсекогаш дека била најизолираниот член на групата, а воедно и најголемата пречка за нивното повторно соединување, ја отворила можноста за обединување на еднократен аранжман. Таа признала дека сè уште не им ја претставила идејата на другите членови. Во април 2013 година, таа ги искажала нејзините надежи за обдинување, во интервјуто за Die Zeit, наведувајќи: Ако ме побараат, ќе кажам да.[20]

Преродбата во 90-тите

уреди

Истата година, членовите на АББА се разотишле по своите патишта. Француската продуцентска куќа на емисијата (телевизискиот мјузикл Abbacadabra) предизвикала нов интерес за музиката на групата. Откако привекле малку внимание за време на средината и крајот на 80-те години на 20 век, музиката на АББА доживеала препород во раните 90-те години на 20 век. Тоа се случило благодарение на британското поп дуо Erasure, кое ги објавило насловните верзии на песните на АББА, достигнувајќи ги врвовите на топ листите во 1992 година. Како што U2 пристигнаа во Стокхолм за да го одржат концертот во јуни истата година, бендот им даде почит на АББА, поканувајќи ги Бјорн Улвеус и Бени Андерсон да им се придружат на сцената и да ја препеат Dancing Queen, да свират на гитара и клавијатура. Во септември 1992 година било издаден АBBА Gold : Greatest Hits, нов компилациски албум. Синглот Dancing Queen, добил шанса да се промовира преку радио во Велика Британија, летото 1992 година. Песната се вратила на британската Toп 20 листа во август истата година, овој пат достигнувајќи го 6 место.

Во 1994 година, два австралиски култни филма го привекле вниманието на светските медиуми, коишто биле фокусирани на восхитувањето на АББА. Тие филмови биле: The Adventures of Priscilla, Queen of the Desert и Muriel's Wedding. Истата година, Thank You for the Music сет од 4 диска кој ги содржел сите хитови на групата, бил издаден со вклучување на сите 4 члена. АББА наскоро била призната и прифатена од страна на други изведувачи: Еван Дандо од The Lemon heads снимил верзија на Knowing Me, Knowing You. Шинид О‘Конор и Бојзонис Стивен Гејтли ја снимиле Chiquitita, Танита Тикарам, Бланкманж и Стивен Вилсон им оддале почит на песната The Day Before You Came. Клиф Ричард ја извел песната Lay All Your Love on Me, додека пак Дајони Ворик, Петар Керера и Celebrity Skin снимиле нивна верзија на песната SOS. Алтернативниот рок-музичар од САД, Маршал Креншоу, исто така направил верзија на Knowing Me, Knowing You која ја свирел на неговите концерти, а пак легендарниот англиски латино пејач Ричард Даниел Роман, признал дека АББА му извршиле големо влијание во неговата кариера. Шведскиот метал гитарист Ингви Малмстин, ја извел Gimme! Gimme! Gimme! (A Man After Midnight), со малку променет текст.

Биле издадени уште два компилациски албума на АББА. Признанието на АББА се совпаднало со прославата за 25 годишнината и содржело 17 песни, од кои некои биле специјално снимени за ова издание. Втор албум со 12 песни бил издаден во 1999 година, насловен како ABBAMANIA, чиишто приходи биле наменети за добротворната организација Youth Music во Англија. Албумот ги содржел новите верзии на следниве песни: забележителни песни од Madness (Money, Money, Money), Culture Club (Voulez-Vous), The Corrs (The Winner Takes It All), Steps (Lay All Your Love on Me, I Know Him So Well), и Thank ABBA for the Music. Тие биле изведени од неколку уметници и претставени на Brits Awards истата година.

Во 1997 година, била формирана уште една група, ABBA Teens, која била преименувана во A-Teens. Првиот албум на групата, The ABBA Generation, содржел неколку поп песни на АББА од 1990 година. Албумот бил светски познат, а исто така и наредните албуми. Групата се растурила во 2004 година поради исцрпувачкиот распоред кој го имале и поради тоа што некои сакале да градат соло кариери.

Во Шведска, зголеменото признавање на Улвеус и Андерсон резултирал со концертите на B & B во 1998 година. Концертот (со шведските пејачи кои работеле со текстописците многу години) не ги изложил само нивните години поминати со АББА, но и хитовите пред и по АББА. Концертот бил многу успешен, па потоа било снимено и ЦД. Подоцна имале турнеи во Скандинавија, а дури отишле и во Пекинг каде што имале два концерта. Во 2000 година, АББА се изнајсниле дека добиле понуда од 1,000,000,000 американски долари, за да се обединат и да направат турнеја од 100 концерти.

На полуфиналето за Евровизија во 2004 година, одржан во Истанбул, 30 години откако АББА победиле на натпреварот во Брајтон, сите четири члена направиле кратко појавување во специјално видео направен за овој чин. Видеото било насловено како Our Last Video Ever. И други добро познати ѕвезди како Рик Мајал, Шер и Еди од Iron Maiden, се појавиле во видеото. Тоа не било вклчено во официјалното ДВД-издание од Евровизијата, но било издадено посебно ДВД-издание, преименувано во The Last Video на барање на АББА.

 
АББА на прикажувањето на филмот Мама Миа

Во 2005 година, сите четири члена на групата се појавиле заедно во Стокхолм за премиерата на мјузиклот Mamma Mia!.

На 4 јули 2008 година, сите членови на АББА се соединиле за шведската премиера на филмот Мама Миа. Тоа било само вторпат кога тие се појавиле заедно во јавноста од 1986 година. За време на појавувањето, тие повторно нагласиле дека немале намера никогаш повторно да се соединат,

Во ноември 2008 година, сите осум студиски албуми, заедно со деветтиот кој содржел поретки песни, бил издаден како The Albums. Бил успешен на неколку листи, искачувајќи се на четвртото место во Шведска и Top 10 во неколку европски територии. Во 2008 година, Sony Computer Entertainment Europe, во соработка со Universal Music Group Sweden AB, го објавиле SingStar ABBA и на PlayStation 2 и на PlayStation 3 видеодисплејот. Тоа било дел од музичките видео игри SingStar. Верзијата PS2 содржела 20 песни на АББА, додека пак PS3 содржел 25 песни.

На 22 јануари 2009 година, Фелтског и Лингстад се појавиле заедно на сцената на Swedish music award Rockbjörnen ( за ,,животно дело‘‘). Во едно интервју, двете жени ја изразиле својата благодарност за почесната награда и им се заблагодариле на обожавателите. На 25 ноември 2009 година, PRS за музика најавиле дека британската публика гласале за АББА како бенд којшто најмногу би сакале да го видат соединет. На 27 јануари 2010 година, ABBAWORLD, изложба од 25 интерактивни и аудиовизоелни активности на групата, била претставена во изложбениот центар Earls Court во Лондон. Според мрежното место на изложбата, ABBAWORLD била одобрена и целосно поддржана‘‘ од страна на членовите на групата.

Mamma Mia била издадена како една од првите неколу непремиерни песни за онлајн играта RPG Bandmaster. На 17 мај 2011 година, Gimme! Gimme! Gimme! била додадена како непремиерна песна за опслужувачот Bandmaster Philippines. На 15 ноември 2011 година, Ubisoft објавиле игра со танцување наречена ,,ABBA: You Can Dance, for the Wii‘‘.

Снимањето песни

уреди


Во студиото тие биле перфекционисти и работеле на нивните песни без престан сè додека не го постигнале посакуваниот ефект. Агнета рекла дека тие не се откажувале и дури останувале до доцните часови со цел да изработат нешто што е можно да биде најдобро. За пример земете ја песната Summer Night City. Тие воопшто не биле среќни со тоа како излегла таа и трудот кој го вложиле во неа.

Основниот ритам за песната го започнувале со тапанар, гитарист и басист. Сите останати аранжмани: вокали, други инструменти, се додавале на оваа основа. Следувале вокалите а наштимувањето на оркестарот останувало за на крај.

Работејќи во студиото и жените давале свои идеи. Бени и Бјорн отсвирувале некои песни и тие давале предлози и коментирале за нив, особено кажувале ако нешто не е во ред. Според Агнета, жените го имале последниот коментар за тоа како треба да биде конечниот текст на песната. Фрида рекла:

,,Кога се собираме околу пијаното за да си ги наштелуваме гласовите, секогаш наоѓаме нешто што послужува како следечки вокали‘‘.

Откако се средуваат вокалите и се наштимува оркестарот, им биле потребни 5 дена за да ја склопат песната.

Успехот во САД

уреди


За време на нивната активна кариера од 1972 до 1982 година, АББА достигнале 14 Toп 40 синглови на листата Billboard Hot 100 (13 на Cashbox Top 100), од кои 10 биле Toп 20 на двете листи. Dancing Queen била прво место на Toп 10. Иако песните Fernando и SOS не успеале во првите 10 песни на листата Billboard Hot 100, сепак тоа го достигнале на списокот на Cashbox и Record World. Групата исто така имала 12 Toп 20 синглови на Billboard Adult Contemporary. Fernando и The Winner Takes It All го достигнале првото место. Dancing Queen и Take a Chance on Me добиле злато од RIAA. Девет албума на АББА биле меѓу првите на листата. Седум од нив биле помеѓу првите 50. Пет албума добиле златен сертификат од RIAA, додека три добиле платинарен статус (продавајќи повеќе од еден милион копии).

The Rock and Roll Hall of Fame

уреди


На 15 март 2010 година, АББА биле претставени во Куќата на славите на рокенролот од членовите на Bee Gees, Бари Гиб и Робин Гиб. Церемонијата се одржала во Њујорк во Валдорф Асторија Хотел Претставници на групата биле Ани-Фрид Лингстад и Бени Андерсон.

Мода, видеа, рекламни кампањи

уреди


АББА биле познати по своите колоритни костуми. Повеќето видеа на АББА (вклучувајќи го и ABBA: The Movie), биле продуцирани од Ласе Халстром, којшто подоцна ги продуцирал филмовите My Life as a Dog, The Cider House Rules и Chocolat.

АББА снимиле видеа бидејќни нивните песни биле хитови во повеќе држави, а јавни настапи во сите држави не можеле да се одржат. Ова исто така било направено со цел да се намали нивното патување, особено за држави до каде што би им требало неколу часови за да стигнат. Фалтског и Улвеус имале две мали деца, а Фалтског која се плашела од летање со авион, не сакала да ги остави децата за толку долго време. Менаџерот на АББА, Стиг Андерсон, сфатил дека покажувањето на видео на телевизија за да се рекламира песна или албум, овозможувал полесна и побрза изложеност на албумот. Некои од видеата станале класици поради костимите кои ги носеле во 70-те години на 20 век. Исто така се одразувало и групирањето на членовите во комбинирање на паровите, преклопување на лицето на еден пејач со друг, и спротивставени едни према други.

Во 1976 година, АББА учествувале во рекламна кампања на Matsushita Electric Industrial (денешниот Panasonic), која била дизајнирана за да се промовира брендот National. Оваа кампања била создадена првично за Австралија, каде што National бил сè уште примарниот бренд кој го користеле Matsushita. Брендот ,,Panasonic‘‘ не бил претставен во Австралија и покрај неговата широка употреба во другите делови на светот како што е САД. Сепак, кампањата исто така била емитувана во Јапонија. Биле претставени пет реклами, секоја траела приближно 1 минута и секоја ја содржела песната National Song отпеана од АББА. Во оваа песна биле искористени мелодии и интструментални аранжмани од Fernando, но со нов текст кој го промовирал National. Биле вметнати и неколку слогани од National за нивно рекламирање.

Политичка контроверзност

уреди


Во септември 2010 година, Андерсон и Улвеус ја критикувале десничарската Данска народна партија, за користење на нивната песна Mamma Mia (со изменет текст) на нивните собири. Бендот се заканил дека ќе поднесе тужба против партијата, истакнувајќи дека тие никогаш не дозволиле некому нивната музика да биде користена за политички цели и дека немале никаков интерес за поддржување на партијата. Нивната издавачка куќа Universal Music, изјавиле дека никакви законски дејства не биле преземени бидејќи не бил постигнат никаков договор.

Дискографија

уреди

Членови

уреди
  • Агета Фалтског– водечки вокали
  • Ани-Фрид "Фрида" Лингстад – водечки вокали
  • Бјорн Улвеус – гитара, вокали
  • Бени Андерсон – клавијатура,вокали

Турнеи

уреди
  • 1973: Фолкпарк турнеја во Шведска
  • 1974–75: Европска турнеја
  • 1977: Европска и австралиска турнеја
  • 1979–80: ABBA: Турнеја

Библиографија

уреди
  • Palm, Carl Magnus (2001). Bright Lights, Dark Shadows: The Real Story of ABBA. London: Omnibus. ISBN 0-7119-8389-5.

Литература

уреди
  • ABBA – 5 Years. Billboard, 1979-9-8, pp. 23–46 (online copy (Google))
  • Benny Andersson, Björn Ulvaeus, Judy Craymer: Mamma Mia! How Can I Resist You?: The Inside Story of Mamma Mia! and the Songs of ABBA. Weidenfeld & Nicholson, 200
  • Carl Magnus Palm. ABBA – The Complete Recording Sessions (1994)
  • Carl Magnus Palm (2000). From "ABBA" to "Mamma Mia!" ISBN 1-85227-864-1
  • Elisabeth Vincentelli: ABBA Treasures: A Celebration of the Ultimate Pop Group. Omnibus Press, 2010, ISBN 9781849386463
  • Oldham, Andrew, Calder, Tony & Irvin, Colin (1995) "ABBA: The Name of the Game", ISBN 0-283-06232-0
  • Potiez, Jean-Marie (2000). ABBA – The Book ISBN 1-85410-928-6
  • Simon Sheridan: The Complete ABBA. Titan Books, 2012, ISBN 9781781164983
  • Anna Henker (ed.), Astrid Heyde (ed.): Abba – Das Lexikon Архивирано на 25 март 2017 г.. Northern Europe Institut, Humboldt-University Berlin, 2015 (German)
  • Steve Harnell (ed.): Classic Pop Presents Abba: A Celebration. Classic Pop Magazine (special edition), November 2016

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Moskowitz, David V. (Oct 31, 2015). The 100 Greatest Bands of All Time: A Guide to the Legends Who Rocked the World. GREENWOOD Publishing Group Incorporated. стр. 1. ISBN 1440803390.
  2. Mike Evans: Rock'n'Roll's Strangest Moments: Extraordinary But True Tales from 45 Years of Rock & Roll History. Pavilion Books, 2014, chapter ABBA again (Sweden, 1974–1981), pp. 169 (excerpt (Google books))
  3. Harrison, Andrew. „Why are ABBA so popular?“. bbc.com. British Broadcasting Corporation (BBC). Посетено на 7 June 2016.
  4. Trauth, Beti (February 28, 2012). „ABBA music enhances 'Mamma Mia!' at the Van Duzer“. Times-Standard. Архивирано од изворникот на 2014-05-19. Посетено на April 19, 2013.
  5. „Abba“.
  6. „Benny Andersson“. Biography.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-09-21. Посетено на 2017-07-04.
  7. „Björn Ulvaeus“. Biography.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-04-25. Посетено на 2017-07-04.
  8. „Agnetha Fältskog“. Biography.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-04-27. Посетено на 2017-07-04.
  9. „Мјузиклот „Мама Миа" следната година добива продолжение“. http://novamakedonija.com.mk. 22 мај 2017. Посетено на 2017-09-27. Надворешна врска во |work= (help)[мртва врска]
  10. http://www.latimes.com/entertainment/news/la-et-quick16-2009dec16,0,6237547.story%7Ctitle=ABBA[мртва врска] Makes Rock and Roll Hall of Fame Los Angeles Times 16 December 2009|work=Los Angeles Times|date=16 December 2009|accessdate=23 August 2010}}
  11. http://www.grammy.com/news/grammy-hall-of-fame-class-of-2015
  12. 10 Things You Never Knew About Abba. Virginmedia.com. Retrieved 19 April 2014.
  13. Palm 2001, стр. 112–129 and 135–136
  14. Palm 2001, стр. 41–58
  15. Palm 2001, стр. 185
  16. ABBA Logo 25th Anniversary Retrieved from Internet Archive 10 January 2014.
  17. Palm 2001, стр. 268
  18. "ABBA divorce – Agnetha moves out" (17 January 1979). The Sun (Sydney); p. 1.
  19. Hastings, Chris (5 July 2008). „ABBA's Björn Ulvaeus and Benny Andersson: We Will Never Reform“. The Daily Telegraph. London.
  20. „Agnetha åpner for ABBA-gjenforening – VG Nett“. Vg.no. 1 January 1970. Посетено на 18 September 2013.