Лед зепелин

(Пренасочено од Led Zeppelin)

Лед зепелин (англиски: Led Zeppelin; во Македонија грешно позната и како Лед цепелин) — англиска рок-група основана во 1968 година составена од гитаристот Џими Пејџ, пејачот Роберт Плант, тапанарот Џон Бонам и басистот Џон Пол Џонс. Со својот тежок гитарски блуз-рок звук, Лед зепелин често се ословуваат како зачетници на музичките правци хеви-метал и хард-рок, иако индивидуалистичкиот стил на групата потекнува од многу извори и и ги надминува сите останати жанрови. Лед зепелин не издаваа песни како синглови од своите албуми во Британија, бидејќи претпочитаа да развијат концепт на „рок ориентиран на албуми“. По повеќе од 30 години од распаѓањето на Лед зепелин поради смртта на Џон Бонам во 1980 година, тие продолжуваат да бидат високо ценети за нивните уметнички достигнувања, комерцијален успех, и широко влијание. Групата продаде над 200 милиони албуми во светот според некои извори, додека други извори велат дека продале повеќе од 300 милиони копии, вклучувајќи 111,5 сертификувани примероци во САД, правејќи ги една од најдобро продаваните мизички артисти на сите времиња, како и втор најпродаван бенд на сите времиња во САД. Сите нивни оригинални студиски албуми се пробиваа на Топ 10 списокот на албуми во САД, од кои шест го достигнаа првото место. Списанието Ролинг стоун ги опиша Лед зепелин како „најтешкиот бенд на сите времиња“, најголемиот бенд во 70-тите години и „несомнено еден од најиздржливите бендови во историјата на рок-музиката“. Слично на ова, Рокенрол Холот на Славните, во 70-тите години ја опиша групата дека била „исто толку влијателна во таа деценија како што биле Битлси во претходната“. Во 2007 година, живите членови на Лед Зепелин повторно се обединија (заедно со синот на Џон Бонам, Џејсон) за концертот во чест на Ахмет Ертегин во O2 Арената во Лондон. На групата и беше доделена награда за „Најдобар настап во живо“ за нивното еднократно обединување на МОЏО наградите во 2008 година, каде што беа прогласени за „најдобра рокенрол група на сите времиња“.

Лед Зепелин
Лед зепелин во живо на Стадионот во Чикаго, јануари 1975 година
Животописни податоци
Познат(а) и какоНовите Јардбирдс, Нобс
ПотеклоЛондон, Англија
Жанровихард-рок, хеви-метал,
блуз рок, фолк рок
Период на активност1968 (1968)–1980
(соединувања: 1985, 1988, 1995, 2007)
ИздавачиАтлантик Рекордс, Свон Сонг
СоработнициПејџ и Плант, Ханидриперс, јардбирдс
Мреж. местоledzeppelin.com
Поранешни членови
Џими Пејџ
Џон Пол Џонс
Роберт Плант
Џон Бонам

Основање

уреди

Во 1966 година, Џими Пејџ се придружи на рок групата која беше под влијание на блуз, The Yardbirds за да го замени басистот Пол Семвел-Смит. Кратко потоа, Пејџ се префрли од бас на водечка гитара, создавајќи двојна мелодија на водечки гитари заедно со Џеф Бек. По заминувањето на Бек во октомври 1966 година, Јардбирдс, кои беа изморени од постојано одење на турнеи и снимање, започнаа да се опуштаат. Пејџ сакаше да направи супер група во која ќе бидат самиот тој и Бек на гитари, тапанарот на Д Ху, Кит Мун, и басистот Џон Ентвисл. Исто така за проектот се сметаше и на вокалистите Стив Винвуд и Стив Мериот.[1] Групата никогаш не се оформи, иако Пејџ, Бек и Мун снимија заедничка песна во 1966 година, „Beck's Bolero“, која се наоѓа на албумот на Бек од 1968 година, Трутх.[2] Снимањето исто така го вклучуваше и басистот Џон Пол Џонс, кој му кажа на Пејџ дека би бил заинтересиран за соработка на идни проекти.

Јардбирдс за последен пат свиреа во јули 1968 година на Лутон Колеџот за Технологија во Бедфордшир, Англија.[3] Сè уште требаше да настапат на неколку концерти во Скандинавија, па тапанарот Џин Мек Карти и вокалистот Кит Релф ги овластија Пејџ и басистот Крис Дрежа да го користат името Јардбирдс со цел да се исполнат обврските на групата. Пејџ и Дрежа почнаа да склопуваат нов состав. Првиот избор на Пејџ за главен пејач, Тери Рајд, ја одби понудата, но го предложи Роберт Плант, пејач од Стаурбриџ од групата Band of Joy.[4] Најпосле Плант го прифати местото, предлагајќи го за тапанар, Џон Бонам од блискиот Редич.[5] Кога Дрежа се откажа од проектот за да стане фотограф (подоцна ја сликаше групата и сликата се појави на задната страна од првиот албум на Лед Зепелин), Џон Пол Џонс, на предлог од својата жена, контактираше со Пејџ во врска со празното место.[6] Познавајќи ги квалификациите на Џонс, Пејџ се согласи да го внесе Џонс како последен дел.[7]

Групата за првпат свиреше во една просторија под продавница за плочи на Џерард Стрит во Лондон.[8] Пејџ предложи да се обидат да ја отсвират „Train Kept A-Rollin“, рокабили песна популаризирана од Џони Барнет, на која Јардбирдс и вдахнаа нов живот. „Само што го слушнав Џон Бонам како свири“, се сеќава Џонс, „знаев дека ова ќе биде одлично... веднаш се склопивме како тим“.[9] Кратко потоа, групата настапи заедно на последниот ден на сесијата за албумот на П. Џ. Проби, Три Вик Хиро. Песната од албумот, „Џимс Блуз“ беше првата студиска песна која ги вклучуваше сите четворица членови на идните Лед Зепелин. Проби се сеќава: „На последниот ден откривме дека имаме малку време за во студио, па ја замолив групата да свири деодека мене ми текнуваа зборови... тие не беа Лед Зепелин во тоа време, тие беа Новите Јардбирдс и ќе станеа моја група“.

Групата ја заврши турнејата во Скандинавија под името Новите Јардбирдс, свирејќи заедно за првпат пред публика во живо во Гладсакс тин Клабс во Гладсакс, Данска, на 7 септември 1968 година.[10] Подоцна, во тој месец групата започна со снимање на својот прв албум, кој беше основан на нивните настапи во живо во тоа време. Албумот беше снимен и измиксан за период од девет дена, за кој Пејџ ги сносеше сите трошоци самиот.[11] По завршувањето со албумот, групата беше приморана да го смени името откако Крис Дрежа објави писмо за престанок, велејќи дека на Пејџ му било дозволено да го користи името Новите Јардбрдс само за турнејата во Скандинавија.[12] Едно образложение за името на групата е дека Кит Мун и Џон Ентвисл, тапанарот и басистот на The Who, соодветно, укажаа дека можна супер група вклучувајќи ги нив, Џими Пејџ и Џеф Бек, би паднала како „оловен балон“, традиционална шега која опишува катастрофални резултати.[13] Групата намерно ја испушти буквата „a“ од lead (англиски за „олово“), по препорака на нивниот менаџер, Питер Грант, за да ги спречи „тапоглавите Американци“ да го изговараат „лид“ (англиски за „водечки“, „води“ или „предност“).[14] Зборот „балон“ беше трансформиран во „цепелин“ (на англиски се изговара „зеп’лин“), можеби преувеличување на хуморот, а за Пејџ името значеше совршена комбинација на тешко и лесно, оган и блаженство.[13]

Грант исто така обезбеди договор за групата од 200 000 долари од Атлантик рекордс во ноември 1968 година, во тоа време најголемиот договор од таков вид за нова група.[15] Атлантик беше издавачка куќа позната по блуз, соул и џез артисти, но во доцните 60-ти години започна да се интересира за напредните британски рок изведби, и потпишаа со Лед Зепелин уште пред да ги видат, најмногу на препорака на пејачката Дасти Спрингфилд.[16] Под условите на договорот гарантирани од Грант, самата група може да одлучува кога ќе издадат албум или кога ќе одат на турнеја, како и да го имаат последниот збор за содржината и дизајнот на секој албум. Тие исто така решаваат за тоа како да ги промовират своите синглови (ако воопшто го прават тоа), и основаа своја компанија, Суперхајп, да се справат со сите издавачки права.[8]

Рани години (1968–70)

уреди

Групата официјално изјави дека го менува своето име во „Led Zeppelin“ на 14 октомври 1968 година, а својот прв настап под тоа име го имаа на 25 октомври на Универзитетот Сареј во Гилдфорд.[17] По ова следуваше прв концерт во САД на 26 декември 1968 година пред да се преселат на западниот брег за настапи во Лос Анџелес и Сан Франциско. Led Zeppelin беше издаден во САД на 12 јануари 1969 година, за време на турнејата.[18] Не се појави во нивната родна Британија сè до 31 март 1969 година.[19] Мешавината на албумот од блуз, фолк и источни влијанија со искривени амплификации го направија еден од главните албуми во создавањето на хеви метал музиката.[20] Плант изјави дека не е фер луѓето да го сметаат Лед Зепелин за хеви метал бенд, бидејќи една третина од нивната музика е акустична. На првиот албум Плант не доби заслуга за своите придонеси за пишувањето текстови, како резултат на неговата претходна поврзаност со Си-Би-Ес Рекордс. До 1975 година албумот заработи 7 милиони долари.

Податотека:LedZepMontreaux.jpg
Плант и Пејџ настапуваат на Монтро Џез Фестивалот во март 1970 година.

Во својата прва година, Лед Зепелин успеаја да завршат четири концертни турнеи во САД и четири во Британија, а исто така го издадоа и својот втор албум, насловен Led Zeppelin II. Снимен речиси целосно за време на турнејата, во неколку студија во Северна Америка, вториот албум беше дури поголем успех и го достигна првото место на листата за најдобри албуми во САД и Британија.[21] Групата подоцна разви идеи врз основа на својот прв албум, создавајќи труд кој стана дури пошироко прифатен и наводно повлијателен.[22] Се велеше дека Led Zeppelin II во голема мера го направил нацртот којшто хеви метал групите го следат.[23]

По излегувањето на албумот, Лед Зепелин комплетираа уште неколку турнеи во САД. Најпрво свиреа во клубови и сали за танцување, потоа во поголеми сали како што растеше нивната популарност.[5] Некои од првите концерти на Лед Зепелин траеја повеќе од четири часа, со продолжени, импровизирани верзии во живо од својот репертоар на песни. Многу од овие настапи се зачувани како пиратски снимки на Лед Зепелин. Исто така во овој период на напнати турнеи, групата разви репутација на ексцеси зад сцената.[24] Еден пример на ваква екстравагантност се вели дека се случил во Еџвотер Ин во Сиетл, Вашингтон на 28 јули 1969 година.

За композицијата на нивниот трет албум, Led Zeppelin III, Пејџ и Плант се повлекоа во Брон-Ир-Аур, запуштена куќичка во Велс, во 1970 година.[25] Резултатот беше повеќе акустичен под силно влијание на народната и келтската музика, и ја откри разновидноста на групата. Богатиот акустичен звук на албумот на почетокот доби измешани реакции, со многу изненадени критичари и обожаватели поради скршнувањето на групата од главно електричните композиции на првите два албуми. Со време, нивната репутација се зголеми а Led Zeppelin III сега е општо прифатен. Првата песна од албумот, „Immigrant Song“, беше издадена во ноември 1970 година од Атлантик Рекордс како сингл против желбите на групата.[26] Ја вклучуваше нивната единствена песна која не е од албумот, „Хеј Хеј Ват Кен Ај Ду“. Дури иако групата своите албуми ги гледаше како неделиви, целосно искуство за слушање, и новниот менаџер Питер грант, одржуваше про-албумски став, некои синглови беа издадени без нивна согласност. Групата исто така се противеше многу на телевизиско појавување, претпочитајќи нивните обожаватели дад ги слушаат и гледаат во живо на концерти.

Врв на успехот (1971–7975)

уреди
 
Четирите симболи на логото и внатрешната страна од The four symbols on the label and inside sleeve of Led Zeppelin IV, претставувајќи ги Пејџ, Џонс, Бонам и Плант.

Лед Зепелин беа една од најуспешните комерцијални и влијателни групи во 70-тите години.[27][24] Популарноста на во почетните години на групата беше засенета од нивниот успех во средината на 70-тите години,и во овој период тие продолжуваат да се дефинираат. Имиџот на групата исто така се смени, како што членовите почнаа да носат пренатрупана, светкава облека.[28] Лед Зепелин почнаа да патуваат со приватен авион (наречен Старшип), ги изнајмуваа целите оддели од хотелите (вклучувајќи го Континентал Хајат Хаус во Лос Анџелес, секојдневно познат како „Куќа на Вревата“), и станаа предмет на многу повторливи рок приказни за неморалност. Една лудорија беше како Џон Бонам вози мотор на изнајмен спрат во Куќата на Вревата,[29] додека друга лудорија беше уништување на соба во хотелот Хилтон во Токио, предизвикувајќи групата да добие забрана за престој таму, засекогаш.[30] Иако Лед Зепелин стекнаа репутација на демолирање на хотелските апартмани и фрлање на телевизори низ прозорците, некои велат дека овие приказни се на некој начин претерани. Музичкиот новинар крис Велч вели дека „Патувањата на Лед Зепелин создадоа многу приказни, но беше мит тоа што тие постојано беа вмешани во дела на неодговорно уништување и вулгарно однесување“.[31]

Четвртиот албум на Лед Зепелин излезе на 8 ноември 1971 година. Немаше најави за наслов, или за името на групата на оригиналната корица, бидејќи групата презираше да биде етикетирана како „рекламирачка“ и „преценета“ од музичкиот печат, и за возврат сакаше да докаже дека музиката може да се продава самата без да се даде до знаење за која група станува збор.[32] Албумот остана официјално неименуван и најчесто е именуван како Led Zeppelin IV, иако е различно нарекуван според четирите симболи кои се наоѓаат на налепницата, како Четирите Симболи и Четвртиот Албум (и двата наслови употребени во каталогот на Атлантик Рекордс), Неименуван, Зосо, Рунс, или IV.[33] Led Zeppelin IV е еден од најпродаваните албуми во историјатаа својата огромна популарност ја зацементира супер славата на Лед Зепелин во 70-тите години.[34][35] До 2021 година се продал во 24 милиони примероци во САД.[36] Песната „Stairway to Heaven“, иако никогаш издадена како сингл, понекогаш се вели дека е најбараната и највртена албумска рок песна на радио.[37]

 
Плант и Пејџ настапуваат на акустичен концерт во Хамбург во март 1973 година, пред излегувањето на петтиот албум на Лед Зепелин, Houses of the Holy

Наредниот албум на Лед Зепелин, Houses of the Holy, излезе во 1973 година. Содржеше дополнително експериментирање, со зголемена употреба на синзисајзери и мелотрони оркестрации. Песната „Хаусес оф д Хоули“ не се појавува на истоимениот албум, дури иако беше снимена во исто време како останатите песни кои ги има на албумот; конечно се појави на албумот од 1975 година, Физикал Графити. Портокаловата корица на албумот хаусес оф д Хоули прикажува слики од голи деца кои се искачуваат на Џајантс Козвеј (во округот Антрим, Северна Ирска). Иако децата не се прикажани однапред, ова беше спорно во времето на излегувањето на албумот, а во некои области, како „Библискиот Појас“ и Шпанија, албумот беше забранет.

Албумот се искачи на врвот на листите, а следната турнеја на Лед Зепелин во 1973 година во Северна Америка ги сруши рекордите на посетеност, постојано полнејќи големи сали и стадиони. Во Тампа Беј, Флорида, тие настапија пред 56 800 обожаватели (рушејќи го рекордот поставен од Битлси на Шеј Стадионот во 1965 година), и заработија 309 000 долари. Три распродадени концерти во Медисон Сквер Гарден во Њујорк се снимаа за игран филм, но сценското издание од овој проект (Песната останува иста) беше одложено за 1976 година. Пред одржувањето на последната вечер, беа украдени 180 000 долари од парите за влезници на групата од поединечен сеф во Хотелот Дрејк.[38] Никогаш не беа надоместени.

Во 1974 година, Лед Зепелин направија пауза од турнеи и основаа своја музичка куќа, Свон Сонг, именувана по една од само пет песни на Лед Зепелин кои никогаш не беа издадени на пазарот (Пејџ подоцна ја преработи оваа песна со своајта група, Фирм, и се појави како „Миднајт Мунлајт“ на нивниот прв албум). На логото на музичката куќа, заснована на цртеж наречен Вечер: Крај на Денот (1869 година) од Вилијам Ример, се наоѓа слика од Икар.[39][40] Логото може да се најде на многу сувенири од Лед Зепелин, особено на маици. Музичката куќа беше успешна додека постоеше групата, но пропадна за помалку од три години откако тие се распаднаа.[41]

 
Лед Зепелин настапуваат на Стадионот во Чикаго во јануари 1975 година, неколку недели пред излегувањето на Физикал Графити

Во 1975 година Лед Зепелин го издадоа двојниот албум, Physical Graffiti, кој беше прв во својата издавачка куќа Свон Сонг. Имаше петнаесет песни, од кои осум беа снимени во Хедли Гренџ во 1974 година, а останатите беа снимени претходно, но не се нашле на претходните албуми.

Пауза од турнеи и враќање (1975–77)

уреди

По настапите во Ерлс Корт, Лед Зепелин направија пауза и планираа серија на летни концерти на отворено во Америка, планирани да започнат со два концерти во Сан Франциско.[42] Овие планови беа попречени во август 1975 година кога Роберт Плант и неговата сопруга Морин направија сериозна сообраќајна несреќа додека беа на одмор во Родос, Грција. Роберт го скрши глуждот, а Морин беше тешко повредена; трансфузија на крв го спаси нејзиниот живот.[43] Неспособен за турнеи, Плант отиде на Каналски Острови во Џерси да ги помине август и септември во опоравување, завлекувајќи ги Бонам и Пејџ. Групата потоа продолжи во Малибу, Калифорнија. За време на овој принуден прекин, се напиша поголемиот дел од материјалот за наредниот албум, Presence.[44]

До тоа време, Лед Зепелин беа светска рок атракција број еден,[45] со повеќе продадени албуми од речиси сите други бендови од тоа време, вклучувајќи ги и Ролинг Стоунс.[46] Presence, издаден во март 1976 година, означи промена во звукот на Лед Зепелин кон напреденм гитарски звук, напуштајќи ги акустичните балади и сложените аранжмани од претходните албуми. Иако беше платинест албум, Презенс доби измешани критики а некои рекоа дека ексцесите на групата ги достигнала нив.[5][47] Снимањето на Презенс беше во исто време со почетокот на употреба на хероин од страна на Пејџ, што се одрази на подоцнежните настапи на Лед Зепелин во живо и со снимањето во студио, иако Пејџ го негираше ова.[44]

 
Плант и Пејџ настапуваат во Чикаго во април 1977 година, за време на последната турнеја во Северна Америка

Повредите на Плант ги оневозможија Лед Зепелин да одат на турнеја во 1976 година. Наместо тоа, групата конечно го комплетираше концертниот филм Песната останува иста, и саундтракот за филмот. Се снимаше три последнователни вечери во Медисон Сквер Гарден во јули 1973 година, за време на турнејата на групата во Северна Америка. Филмот за првпат се прикажа во Њујорк на 20 октомври 1976 година, но имаше рамнодушен прием од критичарите и обожавателите.[5] Филмот беше особено неуспешен во Британија, каде што, по немањето волја за настап од 1975 година поради гонење за данок, Лед Зепелин се соочуваа со напорна битка повторно да ја придобијат јавноста дома.[48]

Во 1977 година, Лед Зепелин започнаа уште една турнеја во Северна Америка. Овде групата постави уште еден рекорд за посетеност, со 76 229 луѓе кои присуствуваа на нивниот концерт на 30 април во Понтијак Силвердом. Според Гинисовата книга на рекорди, најголемата посетеност за настап на еден изведувач.[49] Иако турнејата беше финансиски профитабилна, беше опкружена со проблеми зад сцената. На 19 април над 70 луѓе беа уапсени поради 1000 обожаватели без влезници кои се обиделе да влезат во Синсинати Риверфронт Колисеум на два распродадени концерти, додека некои се обиделе да влезат фрлајќи камења и шишиња низ стаклените влезни врати.[50] На 3 јуни, концерт на Тампа Стадионот беше прекинат поради невреме, и покрај тоа што на влезниците пишувало „И дожд и сонце“. Избија немири помеѓу публиакта, резултирајќи со неколку апсења и повреди.[51]

По настап на 23 јули на фестивалот Денови на Зелено во Оукленд Колисеум во Оукленд, Калифорнија, Џон Бонам и членовите на персоналот за поддршка (вклучувајќи го и менаџерот Питер Грант и координаторот Џон Биндон) беа уапсени откако еден член на персоналот на организаторот беше тешко претепан за време на настапот на групата.[52][53] Наводно член на персоналот го удрил синот на Грант кога симнувал знак на соблекувална. Ова го видел Џон Бонам, кој дошол и го удрил човекот. Потоа, кога Грант чул за ова, отишол во приколката, заедно со Биндон и го нападнале човекот додека менаџерот на турнејата Ричард Кол стоел надвор и ја чувал приколката. Вториот концерт во Оукленд наредниот ден ќе биде последниот настап на групата во САД. Два дена подоцна, кога групата отседна во хотел во Францускиот Кварт за нивниот настап на 30 јули во Луизијана Супердом, стигна вест дека петгодишниот син на Плант, Карак, умрел од стомачен вирус. Остатокот од турнејата веднаш беше откажан, ставајќи ја под знак прашалник иднината на групата.[5][54]

Смртта на Бонам и растурање (1978–80)

уреди
 
По смртта на Бонам (сликан во 1975 година) на 24 септември 1980 година, останатите членови на Лед Зепелин одлучија да се растурат.

Во ноември 1978 година групата повторно снимаше, овој пат во Полар Студиос во Стокхолм, Шведска. Албумот што го снимија се викаше In Through the Out Door, каде што имаше степен на сонично експериментирање кое повторно предизвика измешани критики од критичарите.[55] Сепак, групата и понатаму имаше легии од обожаватели, а албумот лесно стигна до првото место во Британија и во САД за само две недели на Билборд списокот на албуми.

Во август 1979 година, по два настапи за загревање во Копенхаген, Лед Зепелин предводеа два концерти на Небворт Мјузик Фестивал, каде што публика од речиси 104 000 луѓе сведочеше за враќањето на групата.[56] Плант не сакаше повторно да оди на целосна турнеја, па дури и размислуваше да ги напушти Лед Зепелин. Питер Грант го убеди да остане. Кратка Европска турнеја се одржа во јуни и јули 1980 година, на сцена без вообичаените долги солоа. На еден настап на 27 јуни, во Нирнберг, Германија, концертот беше прекинат на средината на третата песна кога Џон Бонам се струполи на сцената и беше однесен во болница.[57] Шпекулациите во весниците велеа дека проблемот на Бонам бил предизвикан од прекумерно конзумирање на алкохол и дрога, но групата тврдеше дека едноставно се прејадел,[58] и го завршија настапот.

На 24 септември 1980 година, Бонам беше одведен од асистентот на Лед Зепелин, Рекс Кинг, да вежба во Бреј Студиос за идната турнеја во Северна Америка, прва за групата по 1977 година, закажана да започне на 17 октомври.[59] За време на патувањето бонам побара да запрат за појадок, каде што испи четири дупли вотки (450 милилитри), заедно со увијачи од шунка. Откако каснал од шунката му рекол на својот асистент: „Појадок“. Продолжи да пие обилно кога стигна во студиото. Имаше прекин во пробите и групата отиде во куќата на Пејџ – во Клевер, Виндсор.

По полноќ, Бонам заспа и го одведоа во кревет. Во 13:45 часот наредниот ден Бенџи Ле Февре (кој го замени Ричард Кол како менаџер за турнеи на Лед Зепелин) и Џон Пол Џонс, го најдоа мртов. Причина за смртта беше задушување од повраќаница, а на 27 октомври пресудата за случајна смрт повторно се врати на испитување.[60][61] На аутопсијата не беше пронајдена друга дрога во телото на Бонам. Бонам беше кремиран на 10 октомври 1980 година, а неговата пепел беше закопана во парохиската црква Рушок во Дроитвич, Ворсестершир. Се откажа планираната турнеја во Северна Америка, а и покрај гласините дека Кози Пауел, кармин Апис, Баримор Барлоу, Сајмон Кирк или Беј Беван ќе се придружат на групата како негова замена, останатите членови решија да се разделат по смртта на Бонам. Во изјавата се вели: „Сакаме да се знае дека загубата на нашиот драг пријател, и длабокото чувство на единствена согласност од нас и од нашиот менаџер, не натера да одлучиме дека не можеме да продолжиме како што бевме“,[62] и едноставно беше потпишана „Лед Зепелин“.[63]

Награди и признанија

уреди
 
Лед Зепелин добија награда за "најдобар настап во живо" на 2008 MOJO Awards

Неколку од наградите што ги имаат добиено Лед Зепелин се Греми награда за животно достигнување во 2005 и Polar Music Prize во 2006. Бендот е рангиран на прво место на списокот на 100 најдобри хардрок артисти од страна на VH1 [64] и на 50 најдобри настапи во живо од страна Classic Rock списанието[65].

Дискографија

уреди
Студиски албуми

Наводи

уреди
  1. Wall 2008, стр. 13–15.
  2. Davis 1985, стр. 28–29.
  3. Buckley 2003, стр. 1198.
  4. Yorke 1993, стр. 65.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Erlewine 2011a.
  6. Wall 2008, стр. 10.
  7. Yorke 1993, стр. 64.
  8. 8,0 8,1 Lewis 1994, стр. 3.
  9. Welch & Nicholls 2001, стр. 75.
  10. Wall 2008, стр. 54.
  11. Wall 2008, стр. 51–52.
  12. Wall 2008, стр. 72–73.
  13. 13,0 13,1 Shadwick 2005, стр. 36.
  14. Davis 1985, стр. 57.
  15. Wall 2008, стр. 84.
  16. Fortnam 2008, стр. 43.
  17. „Concert Timeline: October 25, 1968“. Led Zeppelin.com. 20 September 2007. Архивирано од изворникот на 2 January 2012. Посетено на 3 November 2017.
  18. „Led Zeppelin Billboard Albums“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 6 September 2011.
  19. Wall 2008, стр. 92, 147, 152.
  20. Erlewine 2011b.
  21. Wall 2008, стр. 161.
  22. Erlewine 2010.
  23. Waksman 2001, стр. 263.
  24. 24,0 24,1 Wall 2008.
  25. „Led Zeppelin at Bron-Yr-Aur“. BBC Wales Music. 30 June 2010. Архивирано од изворникот на 14 May 2011. Посетено на 16 September 2011.
  26. Yorke 1993, стр. 129.
  27. Waksman 2001, стр. 238.
  28. Wall 2008, стр. 281.
  29. Wall 2008a.
  30. Williamson 2005, стр. 68.
  31. Welch 1994, стр. 47.
  32. Wall 2008, стр. 269–270.
  33. Davis 2005, стр. 25.
  34. Bukszpan 2003, стр. 128.
  35. Brown 2001, стр. 480.
  36. „Gold & Platinum – RIAA“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот 10 November 2021. Посетено на 10 November 2021.
  37. „Monitor“. Broadcasting. Washington, DC: Broadcasting Publications Inc. 12 November 1979.
  38. Yorke 1993, стр. 186–187.
  39. „William Rimmer Evening (The Fall of Day)“. www.mfashop.org. Museum of Fine Arts, Boston. Архивирано од изворникот на 26 September 2019. Посетено на 26 September 2019.
  40. „A History of the Led Zeppelin Icarus Logo“. www.band-shirt.com. Архивирано од изворникот на 26 September 2019. Посетено на 26 September 2019.
  41. Davis 1985, стр. 312.
  42. Lewis 2003, стр. 35.
  43. Davis 1985, стр. 354–355.
  44. 44,0 44,1 Wall 2008, стр. 364.
  45. Lewis 2003, стр. 45.
  46. Davis 1985, стр. 173.
  47. Davis 1976.
  48. Shadwick 2005, стр. 320.
  49. Lewis 2003, стр. 49.
  50. Wall 2008, стр. 392.
  51. „Concert Timeline: June 3, 1977“. Led Zeppelin.com. 22 September 2007. Архивирано од изворникот на 7 April 2011. Посетено на 5 September 2010.
  52. Davis 1985, стр. 277.
  53. Yorke 1993, стр. 210.
  54. Welch 1994, стр. 85.
  55. Wall 2008, стр. 424.
  56. Wall 2008, стр. 425.
  57. Wall 2008, стр. 431–432.
  58. Davis 1985, стр. 300.
  59. Welch 1994, стр. 92.
  60. Welch 1994, стр. 92–94.
  61. „Rock group Led Zeppelin disbands“. Spokesman-Review. (Spokane, WA, U.S.). Associated Press. 6 December 1980. стр. 24. Архивирано од изворникот 10 December 2020. Посетено на 26 October 2020.
  62. „Rock group Led Zeppelin disbands“. Spokesman-Review. (Spokane, WA, U.S.). Associated Press. 6 December 1980. стр. 24. Архивирано од изворникот на 10 December 2020. Посетено на 26 October 2020.
  63. Welch 1994, стр. 94–95.
  64. „100 Greatest Artists of Hard Rock“. VH1. Посетено на 17 септември 2011.
  65. „50 Best Live Acts of All Time“. Classic Rock Magazine. април 2008. Архивирано од изворникот на 2013-03-20. Посетено на 17 септември 2011.

Извори

уреди