Донатјен Алфонс Франсоа, Маркиз де Сад (француски: Donatien Alphonse François, Marquis de Sade; 2 јуни 1740 - 2 декември 1814) бил француски аристократ,политичар,филозоф и писател познат по неговиот бурен начин на живот.Тој пишувал романи,кратки раскази,драми,дијалози и политички памфлети. Некои дела биле објавени под неговото име додека бил жив,но има и некои кои се анонимни и Сад негирал дека е нивен автор.Де Сад е познат и по неговите еротски дела во кои има филозофски разговори и порнографија,опишани се разни сексуални фантазии во кои посебен акцент се става на насилството и клеветите кон Католичката црква. Тој бил застапник на екстремна слобода којашто не е под контрола ниту на моралот, ниту на религијата и правото. Сексуалната аномалија „садизам“ е изведена од неговото име.

Маркиз де Сад
Портрет на Маркиз де Сад од (~ 1761) - единствениот за којшто позирал
Роден/аДонатјен Алфонс Франсоа
2 јуни 1740(1740-06-02)
Париз, Франција
Починат/а2 декември 1814(1814-12-02) (возр. 74)
Шарентон, Франција
Занимањеблагородник, писател, поет, критичар, пратеник, филозоф

Сад поминал 32 години од својот живот во неколку затвори и во болница за душевни болести.За време на Француската револуција тој бил избран за делегат на Националниот конвент. Многу од неговите дела биле напишани во затвор.

Живот и образование

уреди

Маркизот де Сад е роден во палатата Конде во Париз, како син на грофот Жан Батист Франсоа Жозеф де Сад и Мари Еленор де Маје де Карман, братучетка на Принцезата на Конде.Образованието го добил од својот чичко, свештеникот де Сад.Подоцна тој посетувал училиште за исусовци а потоа имал воена кариера и се борел во Седумгодишната Војна.Кога се вратил ја побарал за жена ќерката на еден богат судија, но нејзиниот татко го одбил ова барање и наместо тоа, го договорил бракот на Сад со неговата постара ќерка, Рене Пелажи де Монтреј , брак од кој се родиле двајца синови и ќерка. Во 1766 тој изградил приватен театар во неговиот замок, замокот Лакост во Прованса. Во јануари 1767 неговиот татко умрел.

Титула и наследници

уреди

Мажите во фамилијата де сад наизменично ги користеле титулите маркиз и гроф. Дедото на де Сад прв се нарекол себеси “маркиз” и тоа се нарекувал Маркиз де Сад, но попознат е како Маркиз де Мазан.Фамилијата на де Сад била од т.н. воена аристократија и тврделе дека се дел од потомците на најстарите француски аристократи.Наизменичното користење на титули укажува на тоа дека хиерархијата на титулите била замислена.Теоретски, титулата “маркиз” им била доделувана на благородници кои поседувале неколку грофовии, но откако почнале да ја користат луѓе со сомнително потекло, таа престанала да биде привилегија.Во судовите, секогаш имале предност сењорите од повисок ранг и членовите на кралската лоза, а не оние со титула.

Наследниците на Сад многу години ја гледале неговата работа како скандалозна.Ова продолжило сè до моментот кога Грофот Хавиер де Сад си ја вратил титулата маркиз, која долги години не ја користеле и се заинтересирал за делата на неговиот предок. До тоа време, неговото име никако не било споменувано во неговото семејство и Хавиер де Сад дознал нешто повеќе за него од некој новинар во 1940.Потоа открил дел од делата на Сад во семејниот замок во Конде ен Брије и работел на нивното објавување со децении.Неговиот најмлад син, Маркизот Тибо де Сад му помагал.Семејството исто така барало авторски права над името.Замокот Конде ен Брије бил продаден во 1983 .Дел од ракописите на Сад ги задржало семејството а другите се чуваат во библиотеки или на универзитети, но многу од нив биле загубени во XVIII и XIX век или пак , биле уништени по смртта на Сад.

Скандали и затворања

уреди

Сад живеел скандалозен и развратен живот,во неговиот замок во Лакост постојано имало млади проститутки и работници од двата пола.Бил обвинет и за богохулење,сериозен престам во тоа време.Во скандалите во неговиот живот е и тоа што имал врска со сестрата на неговата жена, Ан Проспер, која дошла да живее во замокот.

Во почетокот на 1763 Сад живеел во Париз или во негова околина.Неколку проститутки се жалеле од него, па затооа бил ставен под полициски надзор и биле правени детални извештаи за неговите активности.По неколку кратки притворања, тој бил прогонет од неговиот замок во Лакост. Првиот поголем скандал се случил на Велигден во 1768 , кога Сад добил сексуални услуги од Роза Келер, за која не се знае дали била проститутка.Тој бил обвинет за нејзино грабнување и затворање во неговиот замок во Аркеј каде што физички и сексуално ја злоставувал.Подоцна таа побегнала скокајќи од вториот кат.Во тоа време таштата на Сад добила писмо со конечна пресуда ( некој вид на налог за апсење без да се објасни причината за тоа пред судот) од кралот , кој го исклучил Сад од секаква судска надлежност.Ова писмо со конечна пресуда подоцна ќе му предизвика голема штета на маркизот.

Во 1772 во Марсеј тој наводно на неколку проститутки им дал Шпанска Мушичка,вид афродизијак, и бил обвинет за содомија заедно со својот слуга Латур.Истата година , двајцата биле осудени на смрт поради содомија и труење.Тие избегале во Италија, а Сад со него ја зел и сестрата на жена си.Биле фатени кон крајот на 1772 и биле затворени во тврдината Миолан,но избегале четири месеци подоцна.

Сад подоцна се криел во Лакост, каде што и се придружил на жена си, која станала соучесник.Тој имал група на млади вработени во Лакост од кои повеќето избегале поради тоа што биле сексуално злоставувани.По овој настан Сад повторно избегал во Италија,каде што го напишал делото Патување во Италија . Кога се вратил во Лакост во 1776 повторно злоупотребувал млади слигинки а таткото на една од нив дури се обидел да го убие Маркизот.Истата година подоцна,Маркизот бил повикан да ја види неговата наводно болна мајка во Париз (која всушност неодамна починала) и бил уапсен и затворен во Венсенскиот замок. Тој ја обжалил неговата смртна казна, но останал затворен поради писмото со конечна пресуда.Таму продолжил да пишува и го запознал Грофот де Мирабо, кој исто така пишувал еротски дела, но и покрај тоа што имале слични особини,тие не се поднесувале еден со друг.

Во 1784 Сад бил преместен во Бастилја каде што на 2 јули 1789 предизвикал некакви немири откако извикал од ќелијата дека затворениците во Бастилја ги убиваат.Два дена подоцна бил преместен во болница за душевни болести.

За сето тоа време тој работел на неговото дело 120 дена во Содома и мислел дека за време на неговото преместување овие ракописи биле изгубени, но сепак продолжил да пишува.

Откако бил ослободен од Шартенон во 1790, се развел од неговата жена.

Враќање на слобода, именување за делегат во Националнио конвент и негово затворање

уреди

Додека бил на слобода,од 1790, Сад анонимно објавил неколку негови дела. Ја запознал Мари Констанс Кенет, поранешна глумица и мајка на шестгодишно дете која била напуштена од нејзиниот сопруг и со која Сад го поминал остатокот од неговиот живот. Уште од почетокот му се допаѓала новата политичка ситуација по револуцијата и се нарекувал себеси “граѓанинот Сад” и успеал да дојде до неколку позиции и покрај неговото аристократско минато.

Поради штетата која му била нанесена на неговиот имот во Лакост (кој бил запленет во 1789) од една група тој морал да се пресели во Париз.Во 1790 бил избран во Националниот конвент каде што ја претставувал левицата и бил член на одделот Пик, озлогласен поради неговите радикални погледи.Напишал неколку политички памфлети.Но, многу работи укажуваат на тоа дека револуционерите не го сакале поради неговото благородничко минато.Работите уште повеќе се влошиле по дезертирањето на неговиот син од војска. Сад бил принуден да го отфрли дезертирањето на неговиот син за да му го спаси животот.

Иако не ја поддржувал Јакобинската диктатура од 1793, тој напишал една пофалба за Жан Пол Марат.Почнал сè повеќе и повеќе да го критикува Максимилијан Робеспјер и на 5 декември бил отстранет од неговата позиција и бил затворен речиси цела година.Бил ослободен во 1794 по симнувањето од власт и егзекузијата на Робеспјер. Во 1796 морал да го продаде разрушениот замок во Лакост.

Затворање поради неговите дела и неговата смрт

уреди

Во 1801 Наполеон Бонапарт наредил апсење на анонимниот автор на „Јустина“ и „Јулиета“. Сад бил уапсен во канцеларијата на неговиот издавач и бил притворен без судење, прво во затворот во Сен Пелажи а потоа, по обвиненијата дека се обидел да заведе млади затвореници, во озлогласената тврдина Бисетр.По интервенцијата од неговото семејство во 1803 тој бил прогласен за луд и бил повторно преместен во болницата за душевни болести во Шартенон. Неговата поранешна жена и неговите деца се согласите да ја плаќаат неговата издршка а на Констанс ѝ било дозволено да живее со него во Шартенон. Директорот на институцијата Абе де Кулмиер му дозволил таму да се прикажуваат неговите претстави за да може да ги гледа целата публика од Париз.Во 1809 Сад бил ставен во самица и не ми било дозволено крај себе да има хартија или перо.во 1813 владата му наредила на Кулмиер да го забрани театартот на Сад.

Сад започнал врска со 13-годишната Мадлен Леклерк, ќерка на еден вработен во Шартенон. Љубовната врска траела четири години сè до смртта на Сад во 1814.

Во неговиот тестамент Сад забранил да се отвора неговото тело ,да остане 48 часа во собата во која умрел и да не се допира, а потоа да биде сместено во ковчег и да го закопаат на неговиот имот во Малмезон близу Епернон.Сепак, неговиот череп подоцна бил отстранет од гробот поради френолошки истражувања.Неговиот син ги изгорел сите негови останати ракописи, вклучувајќи го и делото Денови во Флорбел коешто се состоело од неколку томови.

Многу артисти и писатели биле или фасцинирани или чувствувале одвратност кон Сад.Современикот на Сад, порнографот Ретиф де ла Бретон во 1798 објавил едно дело, Анти-Јустина.

Џофри Горер, англиски антрополог и автор (1905-1985) е автор на Револуционерните идеи на Маркиз де Сад ,една од првите книги за Сад .Во неа тој објаснува дека Сад бил противник на современите филозофи поради “целосното одрекување од правото на имот” и поради тоа што не ги гледал настаните во Француското општество од 18 век како проблеми помеѓу “кралот, буржоазијата,аристократијата или свештенството” туку како “сите овие да се обединети против пролетаријатот”. Поради ова тој се смета за мислител од средината на 18 век и Горер смета дека може да се смета како предвесник на социјализмот.

Симон де Бовоар (со нејзиниот есеј Мора ли да го изгориме Сад?) и некои други писатели пробале да најдат траги на радикална филозофија на слободата во делата на Сад, кои би му претходеле на современиот егзистенцијализам. Него исто така го гледаат и како предвесник на психоанализата на Сигмунд Фројд со неговото фокусирање кон сексуалноста како главен мотив за се.Надреалистите му се восхитуваат и го сметаат за нивен претходник а Жијам Аполинер го нарекол “човекот со најслободен дух што некогаш постоел”.

Пјер Клосовски во неговата книга од 1947 Сад, соседу мој ја анализира филозофијата на Сад како предвесник на нихилизмот кој ги отфрла христијанските вредности.

Еден од есеите на Макс Хоркхајмер и Теодор Адорно' во Дијалектиката на образованието е наречен Јулиета или Просветителството и моралот и го објаснува грубото и лукаво однесување на Јулиета.Потоа, психоаналитичарот Жак Лакан во неговиот есеј Кант и Сад утврдил дека етиката на Сад била дополнителен крај на категоричкиот императив кој бил создаден од Имануел Кант.

Во 1988 , Вилијам Е. Конополи го анализира романот на Сад 120 дена во Содома како аргумент против поранешните политички филозофи, особено Жан Жак Русо и Томас Хобс. Камиј Пажија вели дека Сад најдобро може да биде сфатен како сатирист кој му одговара на тврдењата на Русо дека општеството ја сопира и ја расипува вродената човечка добрина.

Во Жената во делата на Сад и идеологија на порнографијата Ангела Картер го гледа Сад како “морален порнограф” кој создава место и за жената.Спротивно на ова, Андреја Дворкин го гледа Сад како пример за порнограф кој ги мрази жените и со ова ја поддржува нејзината теза дека порнографијата води кон насилство врз жената.Едно поглавје од нејзината книга Порнографија: Мажи кои ги поседуваат жените е посветено на анализите на Сад .Сузи Брајт смета дека првиот роман на Двоткин Оган и лед кој е исполнет со насилство може да се смета како современа верзија на Јулиета од Сад.

Влијание

уреди

Неколку влијателни луѓе покажале голем интерес за делата на Сад, меѓу кои францускиот филозоф Мишел Фуко и американскиот продуцент Џон Вејтерс.

Ијан Бреди, кој заедно со Мира Хиндл измачувале и убивале деца , што е попознато како Муршки убиства во Англија за време на 60-тите бил воодушевен од Сад и мачењата на неговите жртви (кои ги снимал) биле инспирирани од делата на Сад. Бреди и Хиндли сепак, имале прочитано многу малку од делата на Сад и единственото дело кое го поседувале било далеку од неговите најгрозоморни дела.

Културен опис

уреди

Денес има многу различни дела , биографии и други книжевни дела во кои се споменува Сад.Терминот садизам е изведен од неговото име коешто најчесто се користи кога се зборува за сексуално насилство, разврат но и слобода на говор. Во современата култура неговите дела најчесто се гледаат како маестрални анализи околу тоа како функционираат заедно моќта и еротиката.Сексуално експлицитните дела на Сад само ги спојувале расипаните и лицемерни вредности на елитата во неговото општество кое го ставило во затвор.Но на тој начин тој станал симбол за борбата на уметникот со неговите издавачи.Тоа што Сад користел порнографски содржини за да создаде провокативни дела кои ги рушат распространетите морални вредности од неговото време им дало инспирација на многу други уметници од различни области.Од бруталноста во неговите дела се појавил концептот за садизам.Делата на Сад биле чувани до де денес од уметници и интелектуалци бидејќи тие поддржуваат една филозофија на екстремен индивидуализам и станале реалност во економскиот либерализам кој се појавил наредните векови.

Во втората половина на 20 век имало зголемен интерес за делата на Сад.Истакнати француски интелектуалци како што се Ролан Барт, Жак Деридa и Мишел Фуко објавиле есеи за него, а тој интерес продолжил и кај просветители и други уметници.Овде можат да се спомнат и многу надреалисти бидејќи Сад бил славен во периодот на надреализмот а го величеле личности како Гијом Аполинер,Пол Елуар и Морис Ен.Мен Реј му се восхитувал на Сад бидејќи го гледал како идеал за слобода.Во првиот Манифест на надреализмот било објавено дека Сад е “надреалист во садизмот “ и биле објавени оригиналните ракописи од Јустина. Во литературата Сад се споменува во неколку приказни од писателот на хорор и научно-фантастична литература Роберт Блох ( авторот на Психо) а писателот Жорж Батај ги користел методите на пишување на Сад за сексуалните перверзии за да ги шокира читателите.

Животот и делата на Сад биле тема на многу драми,филмови, порнографски или еротски цртежи и многу други дела.Овде може да се спомене пиесата на Питер Вајс Марат\Сад, дело кое било инспирирано од тоа што Сад изведувал пиеси заедно со другите пациенти од болницата за душевни болести Шартенон.Од делата на Вајс се направени и филмови.Пјер Паоло Пасолини го снимал филмот Сало или 120 дена во Содома поврзувајќи го романот на Сад со Републиката Сало .Филмовите на Беноа Жако (Сад) и на Филип Кофман (Пера) се појавиле во кината во 2000 г.Пера, кој бил инспириран од затворањето на Сад и неговата битка со цензурата во тоа општество , го опишува Сад како борец за литературна слобода, пожртвуван за концептот за слободно изразување.

Но, Сад често бил опишуван како тиранин и садистички никаквец, наместо како револуционер или борец за слободно изразување, а ова се случува особено во американската култура.На пример, во последната епизода на серијалот Петок 13 , Мики,женскиот главен лик, патува низ времето и завршува како затвореничка на Сад кој ја мачи.

Дела

уреди

Литературна критика

уреди

Маркизот де Сад го сметал готскиот роман како жанр во чија основа се магијата и фантазмагоријата. Тој во своите литературни критики се обидувал да не дозволи неговите дела да бидат сметани за готски со тоа што ги истакнувал готските натприродни гледишта како основна разлика во темите во неговите дела.Но, сепак сметал дека готскиот роман имал важна улога за општеството и ги разгледувал неговите почетоци.Тој напишал дека готскиот роман е совршено природен, последица настаните во тој период во Европа и дошол до заклучок дека несреќите од тој период довеле до тоа готските писатели “да бараат помош и од ѓаволот за да можат да создадат дела кои ќе бидат примамливи за читателите”.

Сад од сите готски писатели највеќе ја почитувал работата на Метју Луис и Ан Редклиф и се восхитувал на бујната имагинација на Редклиф и го потенцирал романот на Луис Монахот како најдоброто достигнување од овој жанр.Сад велел дека овој жанр е чуден бидејќи натприродните елементи во Готските романи често ги збунувале читателите и велел дека авторите на Готските романи често морале да избираат дали широко да објаснуваат за натприродното или воопшто да не објаснуваат за ништо, но и во двата случаја читателот би бил сомничав.И покрај успехот на Монахот, Сад сметал дека секој писател на готски романи се соочил со овој проблем и уште сметал дека ако се избегнуваат овие проблеми , делата ќе се сметаат за совршени.

Многу луѓе сметаат дека Сад го критикува готскиот роман бидејќи е фрустриран од разните толкувања на дела како Јустина.Тоа што тој ја потенцира веродостојноста на готскиот роман можеби е обид да докаже дека неговите дела најдобро ја претставуваат природата на човекот. Сад велел дека главната цел на еден писател треба да биде давање на една прецизна слика за човекот , и се верува дека обидите на Сад да се оддели од готскиот роман уште повеќе ги истакнуваат овие негови убедувања.За него, неговите дела ја достигнале таа цел бидејќи тој не се врзувал за оние бесмислености за натпрродното кои доминирале во романите во 18 век.Освен тоа, се верува дека Сад му се восхитувал на Монахот ( во која се зборува за жртвата кон човештвото на Амброзио споредена со неговите нескротливи сексуални апетити) бидејќи темата во ова дело е најблиску до темите во неговите дела.

Слободоумни (либертински) романи

уреди

Романите на Сад биле споменувани во различни правци како што се порнографијата, готиката и барокот.Но, неговите дела се вбројуваат во т.н. слободоумни романи , а тоа се : Јустина или неволјите на доблеста, Јулиета, 120 дена во Содома, и Филозофија во будоарот . Овие дела даваат други гледишта за сексуалноста,религијата,правото и полот кои не се споредуваат со натприродното.Прашањата за сексуално насилство,садо-мазохизам и педофилија ги шокирале дури и современиците на Сад кои биле добро запознаени со темите кои се обработувале во готскиот роман во 18 век.Во овие дела читателот мора да се одлучи дали ќе застане на страната на мачителот или жтрвата.Овие дела се фокусираат на темната страна на човечката природа и овде ја нема ниту магијата ниту фантазмагоријата која е присутна во готските дела, па затоа овие делата на Сад не се вбројуваат во овој жанр.Со 120 дена во Содома, Сад сакал “да ја раскаже највалканата приказна што била некогаш напишана”.

Готски приказни

уреди

Иако повеќето дела на Сад се сметаат за слободоумни, во неговите приказни за Љубовни злосторства се забележуваат готски елементи.Во Херојски и трагични приказни, Сад употребува романтика и хорор.Овде има крв, трупови и секако, ненаситна страст.Споредено со Јустина, овде Сад е посмирен и овде се појавува влијанието од терминот садизам , а не и садистичките дела за разлика од агресивниот пристап во другите негови романи.

Пример за тоа е Ежен де Франвал, приказна за инцест и одмазда.Во неговото опишување на моралот тој се одделува од еротските свирепости и морални иронии кои се застапени во другите негови дела.Тој почнува со поинаков пристап: “Единственото наравоучение од оваа приказна е тоа дека треба да се просветли човештвото и да се подобри неговиот морал.Додека се чита , светот треба да ја сфати опасноста која ги демне оние кои не сакаат да запрат додека не си ги задоволат нивните желби ” . Некои описи од Јустина како да можат да се забележат во пејзажите во Мистериите на Удолфо и во визбите на Италијанецот , дела на Редклиф , но за разлика од овие дела, хероината на Сад, Софи, не може да побегне.За разлика од благиот готски роман на Редклиф, хоророт на Сад завршува со содомија, силување и измачување.Ликови како Софи се незамисливи за готските романи напишани за буржоазијата.Сад дури вели дека Софи ја возбудуваaт нејзините измачувачи, давајќи и мазохистички особини.

Садизам во готските романи

уреди

И покрај силната одвратност кон делата на Сад и самите тврдења на Сад дека не припаѓа на готските романи,има премногу сличности во овие два жанра.По издавањето на контроверзната Монахот на Метју Луис, Минерва Прес ја издаде Новиот Монах како обвинување на неморалната книга.Во Монахот се зборува за садистот г-дин Род чиешто училиште за млади девојки станува место на измачувања кое има своја ”соба за камшикување”. Новиот Монах ја открива врската помеѓу садизмот и готскиот роман.

Поврзано

уреди