Жан-Симон Бертелми
Жан-Симон Бертелми (фр. Jean-Simon Berthélemy) ( 1743, Лан — 1811, Париз) бил француски историски сликар, одговорен за сликање на алегоричните тавани на дворецот ЛуврЛувр, Луксембуршкиот дворец и други,[1] во конзервативен доцнобарокен-рококо стил, под само делумно влијание од Неокласицизмот.
Бертелеми бил син на вајарот Жан-Жозеф Бертелми, обучуван во ателјето на Нел Хале, професор на Кралската академија за сликарство и вајарство и за првпат се истакнал во 1760-тите години; откога освоил второ место во 1763 г., ја освоил Римската награда на академијата во 1767 г. Една од неговите први нарачки била комплет од украсни слики под водство на архитектот Жан-Габриел Лежендр за Палатата на интендантурата на Шампањ во Шалон-во-Шампањ, од кои самиот извел само шест надвратници, многу налик на стилот на Франсоа Буше, а остатокот од нарачката го доверил на еден негов соученик од академијата.[2]
Бертелмиевиот учител Хале снабдувал цртежи за кралската таписериска работилница во Гоблен, каде во 1770 г. бил назначен за надзорник; Бертелми бил повикан и тој да ги снабди ткајачите со цртежи. Неговата слика „Смртта на Етјен Марсел“ (1783) од која е зачуван еден цртеж, била исткаена во низата насловена како „Историја на Франција“.[3]
Бертелми бил ценет и угледен сликар во своето време, одбран во придружната свита на Наполеон во неговите походи во Италија, каде бил еден од експертите чија должност била одбирање на уметнички дела кои треба да се пренесат во Париз, по условите на Толентинскиот договор од февруари 1797.
„Жан-Симон Бертелми“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Christiane de Aldecoa, "L'Aurore et le Crépuscule ou la Brune, deux esquisses retrouvées : Jean-Simon Berthélemy (1743-1811) et les décors de plafonds", Les Cahiers d'Histoire de l'Art 4 (2006).
- ↑ Пет од нив се на место, во Големиот салон на префектурата; една е продадена на збирката на Алберто Бруни Тедески во Сотбис 21 март, 2007 Архивирано на 17 февруари 2012 г..
- ↑ Пример за таписерија по негов цртеж, може да се види на Медицинскиот факултет во Париз (Министерство за култура: Инвентар).