Конрад Менх

германски ботаничар

Конрад Менх (германски: Konrad Mönch; 15 август 17446 јануари 1805) — германски ботаничар и проофесор на Марбуршкиот универзитет од 1786 г. сè до неговата смрт.

Конрад Менх
Konrad Mönch
1800
Роден(а)15 август 1744(1744-08-15)
Касел
Починал(а)6 јануари 1805(1805-01-06) (возр. 60)
Марбург
ЖивеалиштеМарбург
НационалностГерманец
Полињаботаника, фармација, хемија
ОбразованиеМарбуршки универзитет
Авторска кратенка (бот.)Moench
СопружникКатарине Маргарете Шмелдер

Во 1794 г. го напишал делото Methodus Plantas horti botanici et agri Marburgensis посветено на растенијата во полињата и градините на Марбург.

Во 1802 г. му дал име на растението Gillenia trifoliata во прилог за месната растителност на Марбург. Воедно го именувал и родот Echinacea (1794).[1]

Во негова чест е наречен ботаничкиот род Moenchia (исправена ѕвезденка) од семејството на каранфилите.[2]

Растенијата што ги опишал се наведуваат со стандардната ботаничарска кратенка Moench.

Поважни дела

уреди
  • Enumeratio plantarum indigenarum Hassiae praesertim inferioris, secundum methodum sexualem dispositarum, 1777.
  • Methodus plantas horti botanici et agri marburgensis, 1794 (неколку изданија).
  • Systematische Lehre von denen gebräuchlichsten Einfachen und zusammengesezten Arzney-Mitteln : zum Gebrauch Akademischer Vorlesungen, 1795 – Систематска настава за простите и сложените лекарства; академски предавања.
  • Einleitung zur Pflanzen-Kunde, 1798 – Вовед во ботаниката.[3]

Наводи

уреди
  1. „Echinacea Page“. Архивирано од изворникот на 2005-07-07.
  2. Google Books Western Australian Plant Names and Their Meanings: A Glossary by F. A. Sharr
  3. WorldCat Identities (дела на Менх)

Литература

уреди