Неофит VI Цариградски

Неофит VI ЦариградскиВселенски патријарх во два наврати, од 1734 до 1740 и од 1743 до 1744 година.

Неофит VI Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
На служба27 септември 1734 – август 1740
мај 1743 – март 1744
ПретходникСерафим I
Пајсиј II
НаследникПајсиј II
Пајсиј II
Лични податоци
РоденПатмос
Починал1747
Патмос
Претх. службаМитрополит во Кајсери

Живот

уреди

Неофит е роден на Патмос, и кога митрополитот на Кајсери бил избран за патријарх под името Еремија III, тој бил избран да го наследи на местото митрополит во Кајсери.[1] Како митрополит во Кајсери негов поважен ќин било да го возобнови во 1728 година манастиорот на Св. Јован во Кападокија.[1]

Тој бил назначен за патријарх на 27 септември 1734 година[2] поддржан од драгоман од Високата порта, фанариотот Александар Гика.[3] Поради поврзаноста со драгоманот, Големиот везир наредил да го сменат по шестгодишното начелствување, во август 1740 година.[4] Неофит повторно начествувал во кус период од мај 1743 до март 1744 година,[2] и за време на ова начелствување му било наредено од Големиот везир да нема никаков контакт со Александар Гика.[4]

Неговото патријархување не било одбележано со значајни настани и Неофит претежно се занимавал со манастирски прашања. Се допишувал со Никола Цинцендорф, реформаторот на Моравската црква, но не постигнал ништо значајно.[5] По второто начелствување бил протеран на Патмос каде починал во февруари или март 1747 година.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Moustakas Konstantinos. „Neophytos VI of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 25 June 2011.
  2. 2,0 2,1 2,2 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 41. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  3. „Neophytos VI“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 25 June 2011.
  4. 4,0 4,1 Papadopoullos, Theodōros (1952). Studies and documents relating to the history of the Greek Church and people under Turkish domination. Brussels. стр. 50.
  5. Fortescue, Adrian (1908). The Orthodox Eastern Church. Catholic Truth Society. стр. 254.
Духовни титули
Претходник
Серафим I
Цариградски патријарх
1734-1740 (прво начелствување)
Наследник
Пајсиј II
Претходник
Пајсиј II
Цариградски патријарх
1743-1744 (второ начелствување)
Наследник
Пајсиј II