Чарлс Камерон
Чарлс Камерон (англиски: Charles Cameron; 1743 – 19 март 1812) бил шкотски архитект кој го вовел Адамовскиот стил во руската архитектура.
За неговата младост во Европа се знае малку, освен дека учел во Италија и Франција. Откога ја прочитала неговата книга на тема римски бањи, Катерина Велика го повикала во Русија да ја преуреди нејзината летна резиденција во Царское Село. Во истото место ја проектирал и таканаречената „Камеронова галерија“ со Ахатните соби, Висечките градини и Студената бања. Во овие градби, Камерон вешто ја репродуцијал разнобојната декорација на јавните римски бањи. Неговата единствена значајна црква е Софиската (Вознесенска) катедрала. За идниот цар Павле I изградил пространа резиденција, наречена Павловски дворец (Павловск), со помалку едноставна надворешност, но заслепувачки раскошен и лускузен однатре. Во периодот од 1799–1803 го обновил Разумовскиот дворец во Батурин, Украина.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Чарлс Камерон на Ризницата ?
- Портал посветен на Чарлс Камерон (англиски)
Оваа биографска статија за личност од Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа биографска статија личност од Шкотска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |