Карло VII (Свето Римско Царство)
Карло VII (германски: Karl VII, роден на 6 август 1697 во Брисел - починал на 20 јануари 1745 во Минхен) — владетел од династијата на Вителсбаховците како цар на Светото Римско Царство (1742-1745), крал на Бохемија (1741-1743) и Изборен кнез на Баварија (1726–1745).
Карло VII | |
---|---|
Цар на Светото Римско Царство | |
На престол | 24 јануари 1742 – 20 јануари 1745 |
Крунисување | 12 февруари 1742, Франкфурт |
Претходник | Карло VI |
Наследник | Франц I |
Крал на Бохемија | |
На престол | 19 декември 1741 – 12 мај 1743 |
Крунисување | 19 декември 1741, Прага |
Претходник | Марија Терезија |
Наследник | Марија Терезија |
Изборен кнез на Баварија | |
На престол | 26 февруари 1726 – 20 јануари 1745 |
Претходник | Максимилијан II Емануел |
Наследник | Максимилијан III Јосиф |
Роден(а) | 6 август 1697 Брисел |
Починал(а) | 20 јануари 1745 Минхен | (возр. 47)
Почивалиште | |
Сопружник | Марија Амалија Хабсбург-Австриска |
Деца |
|
Династија | Вителсбаховци |
Татко | Максимилијан II Емануел |
Мајка | Тереза Кунегунда Собиеска |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Рани години
уредиКарло VII Албрехт бил син на Максимилијан II Емануел (1662-1726) и неговата втора сопруга принцезата Тереза Кунегунда Собиеска од Полска (1676-1730), ќерка на полскиот крал Јан III Собески. Во 1715 година неговото семејство се вратило од Брисел назад во Минхен[1].
Во 1717 и 1718 година тој учествувал со баварска војска во војна против Османлиите.
На 5 октомври 1722 година се оженил во Виена за војвотката Марија Амалија Хабсбург-Австриска (1701-1756), ќерка на царот Јосиф I и неговата сопруга Вилхелмина Амалија фон Брауншвајг-Линебург. Празнувањата при нивното враќање во Минхен на 17 октомври траеле до 4 ноември 1722 година и истите ги чинеле 4 милиони гилдери.
Тој го изградил од 1734 до 1739 година за сопругата дворецот Амалиенбург во паркот Нимфенбург. На љубовницата Јосифа Топор Моравитцки тој и ја подарил палатата Порција. Тој самоволно си ја додал титулата надвојвода на Австрија.
Во 1736 година Карло VII повторно учествувал со војска од 8.000 луѓе во војна против Османлиите.
Управување
уредиСо договорот од Нимфенбург од 28 мај 1741 година Баварија влегла во Војната за австриското наследство во сојуз со Франција, Шпанија, Савоја и Прусија. На Карло Албрехт му била ветена царската круна. Тој со своите сили напредувал кон Виена. Франција ги поттикнала на баварците да ја нападнат Бохемија, која била многу понезаштитена за разлика од Виена. Баварија ја зазела Прага на 26 ноември 1741 година и на 12 февруари 1742 година Карло бил крунисан за цар на Светото Римско Царство под името Карло VII. Крунисувањето било извршено во црквата „Св. Вартоломеј“ (Bartholomäuskirche) во Франкфурт на Мајна од неговиот брат Клеменс Август Баварски, кој бил архиепископ на Келн.
Во меѓувреме, на 19 декември 1741 година Карло бил крунисан во Прага за крал на Бохемија.
Два дена по неговото крунисување, војниците на Марија Терезија, ќерка и наследничка на Карло VI, навлегле во Минхен. Царот Карло VII морал да се откаже од териториите на Хабсбурговците и ја изгубил и својата земја. Така тој живеел во егзил во Франкфурт. Марија Терезија му ја понудил Ница и Сицилија во замена за царската титула и Баварија, но Англија ставила вето и Баварија останала во рацете на Вителсбаховците.
На 23 ноември 1744 година Карло VII се вратил во Минхен и починал на 20 јануари 1745 година. Причината за неговата смрт била гихт. Тој бил погребан во Театинската црква во Минхен.
Семејство
уредиКарло VII и Марија Амалија Хабсбург-Австриска имале седум деца:
- Максмилијана Марија
- Марија Антонија Баварска
- Терезија Бенедикт Баварска
- Максимилијан III Јосиф
- Јосиф Лудвиг
- Марија Ана Јосиф
- Марија Јосиф Баварска
Наводи
уреди- ↑ Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 71–75. ISBN 9789543204236.
Надворешни врски
уреди- Карло VII (Свето Римско Царство) на Ризницата ?
Карло VII (Свето Римско Царство) Роден(а): 6 август 1697 Починал(а): 20 јануари 1745
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Максимилијан II Емануел |
Изборен кнез на Баварија 26 февруари 1726 – 20 јануари 1745 |
Наследник Максимилијан III Јосиф |
Претходник Марија Терезија |
Крал на Бохемија 19 декември 1741 – 12 мај 1743 |
Наследник Марија Терезија |
Претходник Карло VI |
Цар на Светото Римско Царство Крал на Германија 24 јануари 1742 – 20 јануари 1745 |
Наследник Франц I |