Чрновишта
Чрновишта (дијалектно: Чрновишча; грчки: Μαυρόκαμπος, Маврокамбос; до 1927 г. Τσερνόλιστα, Цернолиста или Τσερνόβιστα, Церновиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Чрновишта Μακροχώρι | |
---|---|
Координати: 40°37′N 21°13′E / 40.617° СГШ; 21.217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Корешта |
Надм. вис. | 860 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 9 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 17 километри северозападно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина и на 10 километри североисточно од Габреш. Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.
Историја
уредиВо XV век во Чрновишта биле евидентирани 44 глави на домаќинства[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чрновишта се состоело од 40 семејства со 114 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чрновишта имало 260 жители Македонци[4][6].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Церновишта се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 46 куќи.[7]
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, од 50 куќи останале само 5 неопожарени, додека биле убиени Дјамо Марков (45 г.), Ламбро Цилев (20), Мара Дерондовска (65)[8].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 368 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело едно училиште[4][9]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 45 македонски семејства[10].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 207 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 325 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Маврокамбос, или во превод Црно поле.[12]
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[13], по кое било предадено на бугарските сили[14].
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Дваесетина деца од селото биле протерани како деца бегалци[11].
По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.
Демографија
уредиВо 1928 година селото броело 328 жители.[15].
Селото во пописот од 1951 година броело 199 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 181 жител, во 1971 година имало 139 жители, во 1981 година имало 119 жители, додека во 1991 година имало 76 жители[16]. Денеска, населението на селото е 9 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 199 | 181 | 139 | 119 | 76 | 9 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Родени во Чрновишта
- Ване Христов (? - 1904)
- Васил Черновски[17]
- Мито Попов[18]
- Ставрос Цилис
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσερνολίτσα – Μαυρόκαμπος
- ↑ Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
- ↑ Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 292
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ 11,0 11,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 42.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
- ↑ Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 488.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-15.
- ↑ Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 97.
- ↑ Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86.