Чоколатерија

Чоколатеријата е вид бизнис за производство и продажба на чоколадни слатки. Обично тоа е мал семеен бизнис, кој често работи само на една локација. Зборот е од француско потекло, а продавниците именувани како такви се вообичаени во Франција и Белгија. Терминот се користи и за означување на поголеми компании за производство на чоколада, како што е Чоколатерија Гилијан, од кои многу започнале како помали продавници. Овој тип продавници постои во други земји, како САД, Канада и Германија,[1] понекогаш користејќи го францускиот термин.[2][3] Продавниците кои продаваат бонбони и чоколади, но не произведуваат сопствен бренд се нарекуваат продавници за слатки, или имаат други имиња во зависност од регионот.

Чоколатерија Бернард Калебо
Чоколадна компанија Гирардели - Сан Франциско, продавница и производител на чоколади.

ИсторијаУреди

До откривањето на Новиот свет, какаото им било непознато на Европејците.[4] Шпанците биле првите кои ги донеле зрната какао во Европа заедно со опрема за мелење какао.[5] Во 18 век, пронајдокот на хидрауличната преса од страна на Дорет и мелницата за чоколада на пареа од Дубуисон овозможиле почеток на масовното производство на чоколадо.[6] Првата чоколатерија била отворена во Париз во 1659 година.[7]

ТерминологијаУреди

Терминот чоколатерија постои во Франција уште од 19 век и означува фабрика за чоколада, односно производител на чоколади. Од неодамна се користи и за продавница специјализирана за продажба на чоколади. Како пример за ова, романот „Чарли и фабриката за чоколади' во Франција бил насловен Чарли и чоколатеријата. Дејството на романот и на филмот „Чоколада“ 2000 година се случува во чоколатерија.

Фабрика за чоколадоУреди

ИсторијатУреди

 
Фабрика „ Фрај и синови“ во Бристол околу 1882 година, гравура од книгата Бристол минатото и сегашноста од Џеј Ф. Николс и Џон Тејлор.

Иако чоколадото било преработувано и продавано за медицински цели уште во 1780 година[8] чоколадната индустрија се развила од почетокот на 19 век. Првите фабрики за чоколади потоа се појавиле во Европа, особено во Швајцарија (Каје, Сушар и Колер помеѓу 1819 и 1830 година [8] ), во Холандија (Ван Хаутен околу 1820 година [9]) и во Англија (Кедбери, на почетокот на 1820-тите [10][8], го прави првото темно чоколадо за џвакање[10]). Овие фабрики медицинската какао паста ја претворале во сè попопуларните чоколадни колачи и бонбони.

Концептот на чоколадна табла (со шест полуцилиндрични реда) бил измислен во Франција од страна на Мение во 1836 година[11]. Англичаните Фрај и синовите користат сличен процес од 1847 година користејќи мешавина од шеќер, какао путер и чоколадо во прав (измислено од Холанѓанецот Ван Хаутен) што го истураат во калапи. Финалниот производ бил прикажан на јавноста на изложба во Бирмингем во 1849 година [12] и Фрај и синовите станала една од водечките фабрики за чоколади во Англија во 1860-тите[12]. Околу 1870 година, семејството Мение, од своја страна, го купило земјиштето во Никарагва (еден од главните какао-растечки земји), како и бродови овозможувајќи транспорт на какао зрна во нивната модерна производствена фабрика за чоколадо, во Ноазјел, во Сена и Марна[13]. Чоколадната фабрика Ноазјел станала најголема во земјата и била прогласена за „прва фабрика за чоколади во светот“ на Универзалната изложба во Чикаго во 1873 година[13]. Фабриката Фрај и синовите, која вработувала 1.500 луѓе околу 1880 година, за сметка на тоа ја загубила титулата прва фабрика за чоколади во светот[12] и во 1919 година се споила со Кедбери.

Во 1879 година во Швајцарија, Петер, креаторот на првата млечна чоколада направена од млеко во прав, ги здружила силите со пронаоѓачот на кондензираното млеко, Анри Нестле, за да ја основа фирмата Нестле[14]. Во меѓувреме, Линдт развил кончирање, процес на рафинирање за чоколадите да се топат повеќе [14]. Белото чоколадо за прв пат било произведено во Швајцарија во 1930-тите од страна на Нестле, користејќи вишок какао путер[15].

 
Рекламен постер на Кедбери за САД - 1885.

Главни историски фабрики за чоколадоУреди

Во АнглијаУреди

Кедбери (1824)Уреди

Џон Кедбери, бакал, ја основал својата фабрика за чоколади во 1824 година во Бирмингем[16]. Тој купил депозит во 1831 година за да ја основа фабриката и пласирал шеснаесет различни видови чоколадни пијалоци[16]. Во 1847 година фабриката се проширила во централниот дел на Бирмингем. Кедбери изградил и работнички град Бурнвил, со црква и училиште [16]. Во 1905 година, по пензионирањето на Џон Кедбери, неговиот син Џорџ отворил голема фабрика на шест километри јужно од Бурнвил и ја создал чоколадната табла[16]. Во 1919 годинаКедбери ги здружил силите со Фрај и синовите[16]. Групата била купена од Крафт фудс во 2010 година.

Во БелгијаУреди

Калебо (1911)Уреди

Фабриката за чоколади Калебо е основана од Октаф Калебо во 1911 година, во Виез [17]. Семејството ги измислило своите први чоколади со прелив околу 1920 година, меѓу војните, за да се справи со недостатокот на состојки. Во 1996 година, фабриката се споила со француската Какао Бари[18]. Групата Бери Калебо оттогаш се сметала за најголемата чоколатерија во светот со 900 тони дневно производство[19].

Во ФранцијаУреди

Мение (1816)Уреди

Антоан Брутус Мение ја основал компанијата Мение во 1816 година. Таа започнала со производство и продажба на фармацевтски производи [20]. Фабриката била создадена 87 години по фабриката за чоколади Пајасон, најстарата чоколадна куќа во Франција[21][22]. Историјата на компанијата Мение е тесно поврзана со историјата на градот Ноазјел, во Сена и Марна, каде што се населила од 1825 година [20]. Во 1867 година, Емил-Жастен Мение, синот на Антоан, одлучил повторно да ја фокусира фабриката на производство на чоколада [20] . Фабриката имала изградено многу згради, како и работнички станбен имот, според ликот на нивниот англиски конкурент Кедбери. Во 1893 година, фабриката за чоколади станала најголемата компанија за производство на чоколади во светот [20]. Меѓутоа, фабриката за чоколади не успеала да се натпреварува по војната, а семејството го ликвидирало бизнисот во 1959 година [20] Нестле станал сопственик во 1988 година и го основал своето седиште таму во 1996 година[20] .

 
Чоколатерија Пулен (Блоа)
Пулен (1848)Уреди

Прво, слаткар во Париз, Виктор-Огист Пулен таму го открил процесот на правење чоколадо на околу 14-годишна возраст. Тој се преселил во Блоа како слаткар, а потоа ја основал фабриката за чоколади Пулен во 1848 година [23]. Првата фабрика била изградена во 1862 година. Албер Пулен, синот на Виктор-Август, имал нова зграда изградена во 1884 година, јужната работилница (уништена во 1995 година), која требало да се користи за производство на чоколади, додека веќе постоечката северна работилница била посветена на пакување. Фабриката била затворена во 1992 година.

Во ШвајцаријаУреди

 
Постер на чоколатеријата Сишар
Каје (1819)Уреди

Во 1819 година, Франсоа-Луј Каје, бакал, ја основал фабриката за чоколади Каје[24] . Во 1920 година, тој го стекнал своето знаење за производство на чоколада за време на патувањето во Италија и изнајмил згради за производство на чоколада во голем обем [24] . Чоколадната фабрика станала првата модерна фабрика за чоколади во Швајцарија и прва што го автоматизира своето производство. Од 1867 година, еден од зетовите на Каје, Даниел Петер, правел чоколада под името Петер-Каје и ја измислил млечната чоколада во 1875 година [24] . Алексанар-Луј Каје, внукот на Каје, ја проширил фабриката за чоколади во 1899 година, во регионот на Брок [24].

Сишар (1826)Уреди

Фабриката за чоколади Сишар е основана во 1826 година од страна на слаткарот Филип Сишар [25] . Тој развил нова машина која овозможувала подобро мешање на шеќерот со какао во прав [25]. Неговата ќерка Евгенија и зетот Карл Рас ја презеле фабриката во 1884 година, која тогаш имала 200 вработени [26][25]. Во фабриката за чоколади се произведувала млечно чоколадо под името Милка од 1901 година[25]. Сега припаѓа на групацијата Монделез (Крафт фудс) и производството е префрлено во фабриката Тоблероне во Берн [26] .

 
Продавница за чоколади Линдт
Линдт (1879)Уреди

Фабриката за чоколада Линдт е основана во 1879 година во Берн од Рудолф Линдт, син на фармацевт [27]. Во тоа време, тој се преселил во трошна фабрика каде што се обидел да го развие рецептот за неговото идеално, пофино чоколадо [27]. Групата сега има свои производствени локации во Швајцарија, Германија, Франција, Италија, САД и Австрија [28] .

Продавница за чоколадоУреди

Групите како Мение, Линдт или Кот Дор ги продаваат своите продукции на различни препродавачи или големи дистрибутери, но не мора да имаат продавници на свое име. Во исто време, постојат синџири на продавници специјализирани за продажба на чоколади (најчесто наречени „чоколатерии“), но кои најчесто не ги произведуваат нивните чоколади директно на лице место ( Монбана, Жеф де Бриж, Леонидас, Француско чоколадо итн.).

 
Чоколадна табла со златниот тикет од филмот Чарли и фабриката за чоколадо

Во фикцијатаУреди

КнижевностУреди

Чарли и фабриката за чоколадиУреди

Чарли и фабриката за чоколади е детски роман од 1964 година напишан од Роалд Дал. Ги раскажува авантурите на младиот Чарли Бакет во престижната фабрика за чоколади на ексцентричниот Вили Вонка. Откако пронашле една од петте златни билети скриени меѓу обвивките на чоколадните шипки на Вонка, пет деца - вклучувајќи го и Чарли - го добиваат правото да ја посетат фабриката за чоколади.

ЧоколадоУреди

Чоколадо е роман напишан од Џоан Харис и објавен во 1999 година. Ја раскажува инсталацијата на Вијан Рошер и нејзината ќерка Анук во мало село во југозападна Франција [29], длабоко вкоренети во традицијата. Тие реновираат мала продавница за да отворат занаетчиска фабрика за чоколади.

ФилмУреди

ПоврзаноУреди

  • Правење бонбони
  • Бонбоните на Шмит
  • Список на чоколади
  • Список на производители на чоколади

НаводиУреди

  1. Baker, Andrew (2013-04-30). „Bacon-flavoured chocolate, anyone?“. Telegraph. Посетено на 2013-05-03.
  2. John Lee. „The world's best trips for chocolate lovers“. The Globe and Mail. Посетено на 2013-05-03.
  3. „Drink This: MoRoCo's Iced Debauchery - Eat - April 2013 - Toronto“. Postcity.com. 2013-04-24. Посетено на 2013-05-03.
  4. „History of Chocolate“.
  5. „HISTORY OF CHOCOLATE IN SPAIN“.
  6. „The history of chocolate“.
  7. „The History of Chocolate: Part 2 - European“.
  8. 8,0 8,1 8,2 „Joseph Fry et le chocolat en tablette“. 17 juillet 2008. Посетено на 26 janvier 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  9. „History of chocolate : 1600 - 1900“ (англиски). Посетено на 26 janvier 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  10. 10,0 10,1 „La véritable histoire du chocolat“. Посетено на 26 janvier 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  11. Julie Védie (décembre 2009). „L'épopée de la chocolaterie Menier“. journal Île-de-France (26): 12. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. 12,0 12,1 12,2 „Joseph Fry et le chocolat en tablette“. 17 juillet 2008. Посетено на 26 janvier 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  13. 13,0 13,1 „Chocolaterie Menier“. 12 décembre 2004. Посетено на 26 janvier 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  14. 14,0 14,1 „Joseph Fry et le chocolat en tablette“. 17 juillet 2008. Посетено на 26 janvier 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  15. „The History Of White Chocolate“ (англиски). Посетено на 26 janvier 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 „L'histoire de Cadbury“. Посетено на 6 février 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  17. „Histoire de la chocolaterie Callebaut“. Посетено на 25 février 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  18. „Plongée dans la plus grande chocolaterie du monde“. 11 juillet 2013. Посетено на 25 février 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  19. „Plongée dans la plus grande chocolaterie du monde“. 11 juillet 2013. Посетено на 25 février 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 20,5 „Usine Menier, l'empire du chocolat - La saga Menier Jean-Antoine Brutus“. 19 avril 2016. Посетено на 3 février 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  21. „La cité du cacao“. Посетено на 24 février 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  22. „chocolats Pailhasson“. Посетено на 24 février 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  23. Anne Lepais (13 avril 2013). „La chocolaterie Poulain à Blois dans « On a retrouvé la Mémoire »“. Посетено на 4 février 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 „Histoire“. Посетено на 4 février 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 „Redécouvrez le chocolat Suchard“. 15 septembre 2017. Посетено на 4 février 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  26. 26,0 26,1 „Philippe Suchard, le rêve d'un passionné“. 10 octobre 2017. Посетено на 4 février 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  27. 27,0 27,1 „La création du chocolat LINDT“. Посетено на 4 février 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help).
  28. „L'Histoire de Lindt“. 28 avril 2007. Посетено на 4 février 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  29. Joanne Harris (1999). Chocolat (француски). Paris: Charleston. стр. 10. ISBN 978-2-36812-005-7. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help).