Чоколада (филм)
Чоколада (француски: Chocolat) е американски филм од 2000 година заснован на истоимениот роман на Џоен Харис, а режиран од Ласе Халстрем. Сценариото го адаптираше Роберт Нелсон Џејкобс. Чоколада ја раскажува приказната на една млада мајка која пристигнува во фиктивното француско село Ланкен сус Тан со нејзината шестгодишна ќерка и отвора продавница за чоколадо. Нејзиното чоколадо набрзо почнува да го менува животот на мештаните.
„Чоколада“ | |
---|---|
Оригинален постер | |
Режисер | Ласе Халстрем |
Продуцент | Харви Вајнстајн |
Сценарист | Џоен Харис (роман), Роберт Нелсон Џејкобс (сценарио) |
Главни улоги | Жилијет Бинош, Алфред Молина, Џони Деп, Џуди Денч |
Музика | Рејчел Портман |
Дистрибутер | Мирамакс |
Премиера | 15 декември 2000 |
Времетраење | 121 мин. |
Јазик | англиски, француски |
Буџет | 25 милиони долари |
Филмот е сниман во селото Флавињи сир Озерен во Бургунди, Франција, како и на други локации во Франција.
Содржина
уредиВијан Роше доаѓа во малото француско село Ланкен сус Тан во зимата 1959 година, заедно со нејзината ќерка Анук. Заедно ќе отворат продавница за чоколадо токму пред четириесетте денови пост и со тоа ќе создадат големи промени и немири кај мештаните. Со нејзината способност да ги препознае тајните желби на своите купувачи и да ги задоволи со точно одбраните слатки, ќе ги натера граѓаните да попуштат во искушението. Самопрогласениот водач на градот е запрепастен од искушенијата кои Вијан ги создава со своите деликатеси. Плашејќи се дека тоа ќе го уништи моралот на становниците во градот, им забранува да влегуваат кај Вијан во продавницата, надевајќи се дека тоа ќе ја натера да го напушти градот. Но, во градот доаѓа уште еден странец, згодниот Роукс (Џони Деп), па тој и неговите луѓе ќе ги здружат силите со Вијан да го ослободат градот, со што доаѓа до конфликт меѓу оние кои ги претпочитаат старите навики и оние кои уживаат во новоткриениот вкус на задоволството.[1]
Улоги
уреди- Жилијет Бинош како Вијан
- Викторија Тибисол како Анук
- Алфред Молина како Комте де Ренауд
- Кери-Ен-Мош како Каролина Клермон
- Џуди Денч како Арманда Вуазан
- Џони Деп како Роукс
- Антонио Гил Мартинес како Жан-Марк Дру
- Хелена Кардона како Франсоас Дру
- Хју О'Конор како Пере Хензи
- Гилан Конел како Диди Дру
- Лена Олин како Жозефина Мускат
- Елизабет Комелин како Ивет Каомарсо
- Петар Стормаре како Сергеј Мускат
- Рон Кук како Алфонсо Марсо
Надворешни врски
уреди- ↑ Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 27.