Нестле СА е најголемa компанија во светот за исхрана и здравје. Таа е Основана и со седиште во Вевеј, Швајцарија, Нестле потекнува од 1905 година со спојувањето на англо-швајцарската компанија за млеко, основана во 1867 година од страна на браќата. Џорџ Пејџ и Чарлс Пејџ, а Farine Lactée Анри Нестле, е основана во 1866 година од страна на Анри Нестле. Компанијата порасна значително во текот на Првата светска војна и повторно по Втората светска војна, проширувајки ги своите понуди и надвор од кондензирано млеко и детските производи. Над 29 брендови на Нестле донесоа повеќе од 1 милијарда швајцарски франци(околу $ 1 100 000 000) годишно , како што Nespresso, Nescafé, KitKat, Smarties, Nesquik, Stoufferе, Vittel и Maggi. Нестле е исто така еден од главните акционери на Лореал, најголемата компанија во светот за Козметика и лична нега. Во 2011 година, Нестле беше ставена на листата број 1 во Fortune Global 500, како најпрофитабилна компанија во светот. Со пазарна капитализација од 200 милијарди долари, Нестле се рангираше на место бр 13 во ФТ Светска 2011 година. Компанијата има 449 фабрики, со претставништво во 86 земји низ целиот свет, и вработено повеќе од 328.000 луѓе.

Nestlé S.A.
ВидSociété Anonyme
Предлошка:SWX
Предлошка:Euronext
Предлошка:OTCPink
ISINCH0038863350 Уреди на Википодатоците
ДејностFood processing
ПретходникHollandia Уреди на Википодатоците
ОснованоSwitzerland, Vevey (1866)
ОсновачHenri Nestlé
СедиштеVevey, Switzerland
Опслужувани подрачја
Worldwide
Клучни личности
Peter Brabeck-Letmathe (Chairman), Paul Bulcke (CEO)
ПроизводиBaby food, coffee, dairy products, breakfast cereals, confectionery, bottled water, ice cream, pet foods (list...)
Доход 69.6 billion (2011)[1]
Оперативен доход
€ 10.4 billion (2011)[1]
Нето-доход
CHF 34.23 billion (2010)[1]
Вкупно актива CHF 111.64 billion (end 2010)[1]
Вк. капитал CHF 62.60 billion (end 2010)[1]
Вработени
328,000 (2012)[1][2]
Мреж. местоwww.nestle.com

Историја

уреди

Компанијата датира уште од 1867г, кога двете одделни швајцарски претпријатија го формираа Нестле кои истите подоцна ќе го создадат центарот Нестле. Во август истата година, Чарлс А.( американски конзул во Швајцарија ) и Џорџ Пејџ, браќа од Округот Ли, Илиноис во САД, основаа англиско-швајцарска компанија за кондензирано млеко во Чам. Во септември, во Вивеј, Хенри Нестле ја создаде млечна храна за бебиња и почна да ја продава. Во успешните декади и двете претпријатија агресивно го проширија својот бизнис низ Европа и САД. (Хенри Нестле се пензионираше во 1875, но компанијата, со нов сопственик, го задржа името Фарин Лакте Хенри Нестле.) Во 1977г. англо-швајцарците додадоа млечна храна за бебиња меѓу нивните производи, а во следната година компанијата Нестле додаде и кондензирано млеко, па така компаниите станаа директни и силни противници.

Сепак, во 1905 година, компаниите се соединија како Нестле и англо-швајцарската компанија за кондензирано млеко и го задржаа тоа име до 1947, кога беше земено името Нестле Алиментана СА (основано 1884) и неговата акционерска компанија, Алиментана СА од Кемптал, Швајцарија. Маги беше главен произведувач на супи- мешавини и слични производи. Актуелното име на компанијата беше усвоено во 1977 година. До раните 1900-ти, компанијата раководеше фабрики низ САД, Велика Британија, Германија и Шпанија. За време на Првата светска војна се создаде нова побарувачка за млекарски производи и која се одвиваше преку владини договори; а до крајот на војната, производството на Нестле двојно се зголеми.

По војната, владините договори пресушија и потрошувачите се вратија кон свежо млеко. Сепак, раководството на Нестле одговори веднаш, рационализирајќи го призводството и намалувајќи ги долговите. Во 1920г. се забележа првото проширување на новите производи на Нестле, кои содржат чоколадо, втората по ред најважна дејност на компaнијата.

Нестле веднаш ги почувствува ефектите од Втората светска војна. Профитот опадна од 20 милиони американски долари во 1938г. на 6 милиони американски долари во 1939. Беа основани фабрики во земјите во развој, особено во Латинска Америка. Иронично, но војната помогна за претставување на новиот производ на компанијата, Нескафе, кој стана главен пијалак на американските воени сили. Производството и продажбата на Нестле пораснаа за време на војната. Крајот на Втората светска војна беше почеток на една динамична фаза на Нестле. Растот се забрза и многу компании беа присоединети. Во 1947 дојде до спојување со Маги зачини и супи. Во 1950г. следеа Крос и Блеквел, како и Финдус (1963), Либис (1971) и Стуферс (1973). Разновидноста се појави кога Нестле купи акции во Лореал во 1974г. Во 1977, Нестле направи втор обид надвор од прехранбената индустрија со присоединување на копманијата Алкон Лабораторис Инк. Во 1984, Нестле ја поправи долната граница дозволена за компанијата да отпочне нова рунда аквизиции, особено американскиот прехранбен гигант Карнатион и британската кондиторска компанија Роунтри Мекинтош во 1988, кои го донесоа брендот Вили Вонка во Нестле. Во февруари 2007, Бразилскиот претседател, Лула де Силва, свечено отвори фабрика во Феира де Сантана (Бахиа).

Првата половина од 1990-тите се покажа како поволна за Нестле: трговските бариери се урнаа и светските пазари се развија во помалку или повеќе интегрирани трговски области. Почнувајќи од 1996г. аквизициите ги опфатија и Сан Пелегрино (1997), Спилерс Петфудс (1998), и Ралстон Пурина (2002). Двете главни аквизиции се случија во Северна Америка, во 2002: во јуни Нестле го присоедини американскиот бизнис за сладолед во Дрејерс, а во август беше прогласена аквизиција од 2.6 билиони американси долари, од страна на Шеф Америка, творец на Хот Покетс. Во истиот временски период, Нестле беше близу до купување на култната американска компанија Хершеис, иако договорот пропадна. Неодамана ја купи програмата за слабеење Џени Крег за 600 милиони американски долари.

Во декември 2005г. Нестле ја купи грчката компанија Делта Ајс Креам за 240 милиони евра. Во јануари 2006 Нестле стана целосен сопственик на Дрејерс, и стана најголемиот произведувач на сладолед со 17.5% удел на пазарот.

Во ноември 2006 , Нестле го купи одделот за медицинска исхрана на Новартис Фармацетикал за 2.5 билиони долари, а во 2007 го купи и млечниот производ познат како Овалтин. Во април 2007 Нестле го купи преработувачот на бебешка храна, Гербер, за 5.5 билиони долари.

Во декември 2007, Нестле влезе во стратегиско партнерство со белгискиот произведувач на чоколадо Пиер Марколини.

Производи

уреди

Нестле располага со широк асортиман на производи на многу пазари вклучувајќи тука кафе (Нескафе), флаширана вода, други пијалаци, чоколади, сладолед, детска храна, здрава храна и храна за подобрени преформанси, зачини, замрзната и ладна храна, кондиторски производи и храна за животни.

Бизнис

уреди

Менаџмент

уреди

Извршниот одбор, посебно тело од одборот на директори, ги вклучува:


• Пол Булк, главен извршен службеник (ГИС) на Нестле
• Џон Џ. Харис, извршен потпретседател (ИП), претседател и ГИС на Нестле Вотерс
• Фритс ван Дијк, ИП на одделите во Азија, Океанија, Африка,Средниот Исток
• Патреа Хејнајк, ИП на стратегиските бизнис единици и маркетинг
• Франциско Кастанер, ИП на фармацевтски и козметички производи, врска со Лореал, човечки ресурси
• Мајкл Повел, ИП на одделот за Велика Британија
• Џемјс Синг, ИП за финансии, контрола, право, даноци, купување, извоз
• Луј Кантарел, ИП на одделот за Европа
• Ричард Т. Лобе, помошник ИП за стратегиски бизнис единици за храна
• Вернер Џ. Баер, ИП за истражување и развој, техника, производство, средина

Актуелни членови на одборот на директори на Нестле се: Гунтер Блобел, Питер Бокли, Даниел Борел, Питер Брабек-Летмат, Ролф Ханги, Нобујуки Идеи, Андреас Купман, Андре Куделски, Жан Пиер Мејерс, Каролина Мулер-Мол, Каспар Вилигер. Секретар на одборот е Бернард Даниел. Според глобалното онлајн истражување од 2006г. помеѓу потрошувачите спроведено од Репутејшн Институт, угледод на Нестле е со оценка 70.4 на скалата од 1-100.

Заработка

уреди

Во 2008, вкупната продажба изнесуваше 109.9 швајцарски франци, а нето профитот беше 18.04 билиони швајцарски франци. Инвестициите за истражувања и развој беа 1.997 билиони швајцарски франци.


• Продажбата по дејности одделно е: 27% од пијалаци, 26% од млечни и прехранбени производи, 18% од веќе подготвени оброци и зготвени јадења, 12% од чоколади, 11% од храна за животни, 6% од фармацевтски производи и 2% од млеко за бебиња.
• Продажбата по области одделно е: 32% во Европа, 31% во Америка (26% во САД), 16% во Азија, 21% во остатокот од светот.

Бизнис партнери

уреди

Нестле поседува 26.4% од акциите на [[Лореал\\, најголемата компанија за козметика и убавина. Лабораторис Инеов бизнис партнерство во храната и козметиката помеѓу Нестле и Лореал, и Галдерма бизнис партнерство со Лореал, во областа на дерматологијата. Помеѓу другите се наоѓаат Цереал Партнерс Ворлдвајд и Џенерал Милкс, Беверејџ Партнерс Ворлдвајд со Кока-кола, и Деири Партнерс Америкас со Фонтера.

Контроверзии и критики

уреди

Некои од минатите и сегашните активности на Нестле наидоа на критики насекаде. Најпознатата и добро документирана контроверзија се однесува на методите за маркетинг на обработеното кравјо млеко или бебешка формула (детска или од неодамна и "фолоу он" формула) како замена за доење на мајките од целиот свет, вклучувајќи ги и оние во земјите во развој. Промоцијата во економски послабите земји е особено загрижувачка. Активностите на Нестле го привлекоа светското внимание за време на бојкотот на Нестле во 1977г. Луѓето задолжени за маркетинг и ПР тимовите работеа на подобрувањето на јавната перцепција за активностите на компанијата низ годините, пуштајќи ги производите Фертрејд во меѓувреме, но и неколку Фертрејд кафулиња во Шведска, што наиде на нови критики.

Маркетинг на формулата

уреди

Почнувајќи од доцните 1970-ти, Нестле почна да добива крики на глобално ниво за инстант-формула маркетинг политиките, особено оние спроведени во земјите во развој. Јавниот притисок доведе до бојкот на Нестле во 1977г. кој (иако суспендиран на неколку години во средината на 1980-тите) всушност остана до денес. Како резултат, Нестле е најбокотираната компанија во светот.

Нестле продолжува да ги повлекува критиките дека ене ги почитува правилата на 1981 Светската здравствена организација која постои уште од 1981 со која се регулира рекламирањето на заменици.на мајчиното млеко . Групите како што се Интернационалната мрежа за акација на бебешка храна (IBFAN) и Спасете ги децата тврдат дека на промоцијата на формулата за доење на детето, во помалку економски развиените земји довело до здравствени проблеми и смртни случаи кај доенчињата .Политика на Нестле наведува дека млекото од градите е најдобрата храна за бебиња, и дека жените кои не можат или не избираат да дојат ,треба да се осигураат дека нивните бебиња добиваат исхрана онолку колку што им е потребно.

Надоместок од етиопската влада

уреди

Во декември 2002, корпорацијата за продажба на храна се здоби со лош публицитет кога побара 6 милиони долари за компензација од една од најсиромашните влади. . Етиопија тогаш во тоа време доживуваше тежок глад . Нестле го повлече своето барање откако повеќе од 8.500 луѓе и се пожалија на етиопската влада преку e-mail за однесувањето на компанијата . Компанијата се согласи повторно да ги инвестира парите што ги добила од Етиопија назад повторно во земјата.

Меламин во кинеското млеко

уреди

Кон крајот на 2008г., владата на Хонгконг тврдеше дека нашла меламин во млечен производ на Нестле произведен во Кина. Млекото беше произведено во еден оддел на Нестле кој се наоѓа во кинескиот крајбрежен град Кингдао. Нестле потврди дека сите негови производи се безбедни и дека млекото не е помешано со меламин. На 2 октомври, 2008 тајванското министерство за здравје изјави дека шест видови млеко во прав произведено во Кина од страна на Нестле содржат остатоци од меламин. Нестле најави повлекување на млечните производи произведени во Кина.

Еколошка пропаганда

уреди

Коалицијата на еколошките групи поднела жалба против Нестле до Канадскиот Кодексот за рекламните стандарди откако Нестле извадил цела страница огласи во октомври 2008 година тврдејќи дека "Повеќето шишиња за вода се во депониите и се рециклираат", Нестле Чист Живот здрав , еко-пријателски избор "и дека" флаширана вода е најстариот производ со еколошка одговорност на потрошувачот во светот. Портпаролот на еден од еколошките групи изјави: ".За да се тврди дека флашираната вода на Нестле е е еколошки супериорен производ во однос на било кој друг потрошувачки производ во светот не е докажано" Во нивниот Корпоративен извештај за поданство кон граѓаните во 2008 , Нестле наведува дека многу од неговите шишиња завршуваат во наменскиот отпад, и дека повеќето од нивните шишиња не се рециклираат. Рекламната кампања е наречена Greenwashing.

Зимбабве фарми

уреди

Во крајот на септември во 2009 година, излезе на светлина дека Нестле купувале млеко од незаконски одземени фарми управувани од страна на сопругата на Роберт Мугабе, Грејс Мугабе. Мугабе и неговиот начин во моментов се предмет на забрана од страна на Европската унија . Нестле подоцна престанаа да купуваат млеко од краварски фарми кои не биле испитани.

Употреба на масло од палма

уреди

Брзото уништување на шумите во Борнео и другите региони кое е со цел да се соберат дрвените предмети и да се направи пат за насади со палми со што ослободува големи количества на јаглерод диоксид во атмосферата. Особено, кога кумурестите мочуришта во шумите ќе се расчистат ,уништувањето на живеалиштата е закана за многу видови на животни како што е орангутанот, поголемото внимание на јавноста е свртено кон на влијанието на палмовото масло врз животната средина на улогата на мултинационалните компании како што е вмешаноста на Нестле . На официјалната страница на Фејсбук, компанијата се сретна со "еден потоп на критики од потрошувачите,откако голем број на корисници на Фејсбук испратиле негативни коментари за бизнис практиките на компанијата." Обидот на Нестле да се вклучи во ова прашање наиде на критики, вклучувајќи го и следниов наслов ,,Нестле не успеа во социалните мрежи,, и ,, Нетле го загуби својот образ на facebook,,. Раководителот на Нестле Peter Brabeck-Letmathe одговарајки го прашањето за зелената компанија , кажа на Годишниот главен состанок на компанијата во Лузијана на 15 Април 2010 година дека во 2009 година Нестле употребиле 320 000 тони на палмово масло низ целиот свет споредувајки го со 500 000 тони на палмово масло употребувано за биогориво во Германија и Италија. Во мај 2010 година, Нестле рече дека ја поканиле Шумска Доверба , непрофитна -организација, за ревизија на својот синџир на снабдување, и вети дека ќе ги откаже договорите со било која фирма, која ќе е најде за сечење на на дождовните шуми за производство на палмово масло кое го користи во KitKat, Аеро и Quality Street. Гринпис го прифати договорот ветувајќи дека внимателно ќе го следи .

Децата – робовска работна сила

уреди

Во 2010 година документарецот ,, Темната страна на чоколадо ,,наведува дека Нестле купува какао зрна плантажите од Брегот на Слоновата Коска на кои ги користат децата како робовска работна сила. Децата се обично од 12 до 15 години, а некои се шверцувани од соседните земји. Првиот навод дека експлоатација на децата се користи во производството на какао се појави во 1998 година.Кон крајот на 2000 еден документарец на БиБиСи ја објави употребата на поробените деца во производството на какао во Западна Африка. Други медиуми проследија дека постои широко распространетото робување и трговијата на децата во производството на какао. В о 2001 година во септември, Бредли Alford, претседателот и извршен директор на Нестле САД, го потпишаа Харкин-Енгел протокол (најчесто се нарекува какао протокол),меѓународен договор со цел ставање крај на детскиот труд во производството на какао. Во 2005 година, по какао индустрија не ги исполнила Харкин-Енгел протокол рокот за потврдување на нај лошите форми на детски труд (според Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот на) биле елиминирани од какао производството , Меѓународниот фонд за работничките права поднесе тужба во 2005 година поднесе акт против Нестле и други, на име на трите малиски деца. Во тужбата се тврди дека децата биле тргувани на Брегот на Слоновата Коска, принудени на ропство, како и за претрпување чести тепање на плантажа за какао. Во септември 2010 година, Американскиот окружен суд во централната област Калифорнија , утврди дека корпорациите не може да бидат одговорни за кршење на меѓународното право и ја отфрли тужбата.Случајот апелираше до Апелациониот американски суд. Во 2009 година заедничка полициска операција е спроведена од страна на Интерпол и полициските службеници од Брегот на слоновата коска која резултираше со спасувањето на 54 деца и апсење на осум лица кои се вклучени во незаконски регрутирање на деца.

Флаширана вода

уреди

Вода, Живот во Шише Документарецот од 2012 годан по наслов Живот во шише -"Флаширана живот" ја критикуваше практиката на Нестле грижејки се за сопствениот бизнис со водата. Според документарниот филм, за купување на сад за вода во САД Нестле го чинело 10 долари, кој потоа се продавал за 50.000 долари.Нестле биле во контакт со производителите на документарниот филм, но одбиле да бидат интервјуирани бидејќи биле под силен впечаток дека филмот ќе биде едностран и ќе биде претставен на компанијата и на нејзините вработени на фер начин. Нестле негира дека компаниите за флаширана вода плаќаат речиси ништо за водата која ја користат а прават огромен профит од нејзината продажба. Според Нестле, цената на едно шише на водата е слична на онаа на другите спакувани пијалаци а имаат слични трошоци поврзани со производството, обезбедувањето на квалитетот, флаширањето, складирањето и дистрибуцијата. Една третина од трошоците може да се припишат на водата и суровините, една третина на производството и една третина на дистрибуцијата . Етичките и одржливите напори Светската Фондација за какао Во 2000 година, Нестле и другите компании за чоколади формирале Светската Фондација за Какаото(СФК). СФК била формирана конкретно за да се справи со проблемите што се соочувале земјоделците за какао, вклучувајќи ги инеефективни земјоделски техники и сиромашните управување со животната средина (болеста избриша голем дел од какао растенијата во Бразил). СФК се фокусирала на зголемување на земјоделскиот приход, поттикнување на одржувањето на земјоделските техники и поставување на животната средина и општествените програми.

Создавање на заеднички вредности: планот какао

уреди

Во октомври 2009 година, Нестле го објави својот " Какао план,, . Повеќе од десет години компанијата ќе инвестира 110 милиони швајцарски франци за да се постигне добро снабдување со какао. На 23октомври 2009 година, Нестле и НЦНИР (Национален центар за наука и истражување на растенијата ), потпишаа рамковен договор за соработка во фабрика за науката и размножување, со цел до 2012 година да произведат 1милион како растенија со висок квалитет,кои ќе бидат отпорни на болести . Целта е да се заменат старите, помалку продуктивни дрва со поздрави нови. Во септември 2011, Несте го претстави својот ,, Какао план,, во Холандија. Иницијативата е широк пристап во кои Нестле се фокусира на подобрување на состојбата на животот на какао земјоделците. Петте главни фокус бодови во рамките на програмата се: подобар квалитет на какао растенијата , организирани земјоделци, синџир управување , подобрување на социјалниот околности и соработка со партнерите. KitKat е првиот производ во Холандија, која го носи логото на какао планот на пакетчето. Ова значи дека Нестле ќего црпи изворот на какао потребно за производството на сите KitKat во Холандија од какао фармерите и соработниците кои учествуваат во какао планот. Дел од овие фармери и соработници се веќе со потврден квалитет од страна на УТЗ сертифицирањето,Програмата за сертификација за земјоделски производи која е лансирана во 2002 година, се смета за најголемиот признавач на кафе низ целиот свет.

Проширување на бизнисот за Нега и Здрава Исхрана

уреди

Во септември 2010 година, Нестле најави дека ќе инвестира повеќе од 500 милиони долари помеѓу 2011 и 2020 година за да развие здравствени производи за да им помогне за спречување и лечење на големите болести како што се дијабетес, прекумерна телесна тежина, кардиоваскуларните болести и Алцхајмерова болест,кои им наносуваат поголеми тешкотии на владите кога буџетот е исцеден . Нестле создаде потполна помош -Нестле институт за здравствени науки, Нестле здравствената наука како и истражувачкото тело, .

Иницијатива за одржување на земјоделството (ИОЗ) Заедно со Данон и Унилевер, Нестле основана во 2002 година на Иницијатива за одржување на земјоделството направи промоција за одржување на земјоделството во сеопфатен начин. Во рамките на ИОЗ, Нестле има работено со земјоделците за да се елаборираат најдобрите практики во областа на производството на млеко и растењето на кафето и какаото . Главните цели за управувањето на ИОЗ се: i) Квалитетот и безбедноста и проблеми во синџирот на исхрана , кои можат да влијаат на довербата на потрошувачите за секојдневните прехранбени производи; ii) зголемената побарувачка за квалитетна храна која ќе произлезе од порастот на населението, зголемување на потрошениот приход и очекува промени во исхраната;III) Можни несакани ефекти и притисок на земјоделството врз природните ресурси и животната средина кои можат да влијаат на земјоделската продуктивност.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Annual Results 2010“ (PDF). Nestlé. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-07-13. Посетено на 17 February 2011.
  2. „Nestlé, global info“. Архивирано од изворникот на 2015-01-09. Посетено на 2012-05-21.

Надворешни врски

уреди