Ласе Халстрем
Ларс Свен „Ласе“ Халстрем (роден на 2 јуни 1946 г.) — шведски филмски режисер.
Ласе Халстрем | |
---|---|
Халстрем и сопругата Лена Олин на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал во 2013 година | |
Роден(а) | Ларс Свен Халстрем 2 јуни 1946 Стокхолм, Шведска |
Занимање | Режисер, сценарист |
Активен период | 1973–сè уште |
Тој најпрво станал познат по режисирањето на речиси сите музички спотови на поп групата АББА, а подоцна започнал да режира долгометражни филмови. Тој бил номиниран за Оскар за најдобар режисер за Мојот живот како куче (Mitt liv som hund) (1985) и подоцна за Животот нема правила (1999). Негови други познати режисерски дела се Што го јаде Гилберт Грејп (1993), Чоколада (2000) и Ловење лососи во Јемен (2011).
Ран живот
уредиХалстрем е роден во Стокхолм, Шведска. Неговиот татко бил стоматолог[1] а негова мајка била писателката Карин Либерг (1907–2000). Неговиот дедо од мајкина страна, Ернст Либерг, бил Министер за финансии во првиот кабинет на Карл Густаф Екман (1926–1928) и водач на Шведската либерална партија (1930–1933).
Личен живот
уредиХалстрем се венчал со водителката и глумица Малу Халстрем (починала 3 февруари 2005 г.) во 1974 година, со која имал еден син, Јоан (роден во 1976 г.). Парот се развел во 1981 година. Во 1990 година тој ја запознал глумицата Лена Олин; тие се веначале на 18 март 1994 година. Парот живее во Бедфорд, Њујорк, и одгледува две деца, Тора (родена 1995 г.) и дете од првиот брак на Лена Олин, Ф. Август Рамберг (роден 1986 г.). Тие исто така имаат дом на Стокхолмкиот архипелаг.[2][3]
Халстрем е вегетаријанец.[4]
Филмографија
уреди- 1975 – Дечко и девојка
- 1977 – АББА: Филм
- 1979 – Иден татко
- 1981 – Петелот
- 1983 – Две момчиња и една девојка
- 1985 – Мојот живот како куче
- 1986 – Децата од Бучносело
- 1987 – Повеќе за децата од Бучносело
- 1991 – Еднаш околу
- 1993 – Што го јаде Гилберт Грејп
- 1995 – Нешто да има да се зборува
- 1999 – Животот нема правила
- 2000 – Чоколада
- 2001 – Поморски вести
- 2005 – Неизживеан живот
- 2005 – Казанова
- 2007 – Трик
- 2009 – Хачико: Кучешка приказна
- 2010 – Драги Џон
- 2011 – Ловење лососи во Јемен
- 2012 – Хипнотизер
- 2013 – Прибежиште
- 2014 – Индиски зачин на француски начин
- 2017 – Цел на кучето
Наводи
уреди- ↑ „Lasse Hallstroem Biography (1946-)“.
- ↑ Olevik, Josefin (4 April 2011). „Så förgörs en regissör“. Fokus (шведски). Посетено на 19 February 2014.
- ↑ „Lena Olin: Gudarna ska veta att passionen kan vara plågsam“. Dagens Nyheter (шведски). 23 May 2011. Архивирано од изворникот на 2014-02-10. Посетено на 19 February 2014.
- ↑ Randy Cordova, "Lasse talks 'Hundred Foot Journey'," The Arizona Republic, 5 август 2014.
Надворешни врски
уреди- Ласе Халстрем на Ризницата
- Ласе Халстрем на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Ласе Халстрем на Шведската филмска база (англиски)