Бонбоните се тврди слатки направени од шеќер, со додадени бои и мириси. Зборот доаѓа од францускиот збор „Бон“ што значи нешто добро. Бонбоните се тврди и се јадат подолго време, и тешко може да се прегризат. Производителот на бонбони се нарекува бонбонџија.

Бонбони

Во минатоот, бонбоните се продавале на грамови од големи стаклени садови, а денес главните производители се фабриките и се пакувани во кесички по 100 грама.

Производство

уреди

Сирупот, кој е мешавина од шеќер, вода, млеко и друго, се вари со одредена концентрација, или додека да се карамелизира. Во зависност од составот и должината на вриење, се добиваат различни видови на бонбони.

Бонбоната како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Дожд од бонбони“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[1]
  • „Поучни бонбнони“ — расказ на Џани Родари.[2]
  • „Бомби и бонбони“ (хрватски: Bombe i Bomboni) — песна на хрватската рок-група Структурне птице.[3]

Наводи

уреди
  1. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  2. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  3. Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023)

Надворешни врски

уреди