Скитник (филм)

филм со Чарли Чаплин од 1916 г.

Скитник (англиски: The Vagabond) - американски филм од 1916 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance), Ерик Кембел (Eric Cambell), Алберт Остин (Albert Austin), Хенри Бергман (Henry Bergman) и Џон Ранд (John Rand).[1]

The Vagabond (1916)

Содржина

уреди

Во филмот Чаплин глуми сиромашен виолинист кој свири по кафеани со цел да заработи пари. Така, тој започнува да свири во еден бар и собира пари од гостите, кои пак ја слушаат музиката која истовремено ја свири еден дувачки оркестар. Поради тоа, тој влегува во конфликт со водачот на оркестарот (го игра Ранд). Потоа, виолинистот заминува на село, каде спасува една девојка (ја глуми Пурвианс), која живее како слугинка на група Цигани при што нивниот водач (го глуми Кембел) безмилосно ја тормози девојката. Кога успеваат да побегнат на сигурно, девојката среќава еден сликар, кој ѝ прави портрет. Подоцна, на неговата изложба, една богата жена во сликата ја препознава својата одамна изгубена ќерка. Така, девојката повторно си го наоѓа семејството, а во знак на благодарност, таа со себе го зема и сиромашниот виолинист.[2]

Надворешни врски

уреди

Charlie Chaplin - The Vagabond (1916) - YouTube

Наводи

уреди