Нет Кинг Кол

американски пејач и џез пијанист (1919-1965)

Натаниел Адамс Колс (анг: Nathaniel Adams Coles; 17 март 1919 г – 15 февруари 1965 г.), познат по неговото естрадно име Нет Кинг Кол (анг: Nat King Cole) ― американски пејач, џез пијанист и глумец. Музичката кариера како џез и поп пејач ја започнал во доцните 1930-ти и траела речиси три децении, снимил преку 100 песни а некои од нив станале хитови на поп-листите. Добил многу признанија, како ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд (1960) и награда Златен глобус за специјално достигнување [1] Постхумно, Кол ја добил наградата Греми за животно дело (1990), наградата Семи Кан за животно дело (1992) и бил примен во Куќата на славата на рокенролот (2000) и во Националната куќа на славата на ритам и блузот (2020).

Нет Кинг Кол
Нет Кинг Кол во 1959
Животописни податоци
Родено имеНатаниел Адамс Колс
Роден(а)март 17, 1919(1919-03-17)
Монтгомери (Алабама), САД
Починал(а)февруари 15, 1965(1965-02-15) (возр. 45)
Санта Моника, Калифорнија, САД
Жанрови
  • Џез
  • традиционален поп
  • лека музика
Занимања
  • Пејач
  • пијанист
  • глумец
Инструменти
  • Вокал
  • пијано
Период на активност1934–1965
Издавачи

Кол бил татко на пејачката Натали Кол (1950–2015), која ги преработила песните на нејзиниот татко во албумот Unforgettable... with Love од 1991 година.

Живот и кариера

уреди

Детство и младост

уреди

Натаниел Адамс Колс е роден во Монтгомери, на 17 март 1919 година. Имал тројца браќа: Еди (1910–1970), Ајк (1927–2001) и Фреди (1931–2020),[2] и полусестра, Џојс Колс.[3] Сите негови браќа биле музичари.[3] На четири годишна возраст, со семејството се преселил во Чикаго, каде што неговиот татко, станал баптистички министер.[4]

Неговата мајка го научила да свири оргули.[5] Прв негов настап бил на негови 4 години со песната „Yes, We Have No Bananas “.[6] На 12 години почнал да зема часови по пијано,[7] и учел да свири џез, госпел и класична музика „од Јохан Себастијан Бах до Сергеј Рахмањинов “.[8]

Семејството Кол се преселило во населбата Бронзевил во Чикаго,[9] каде што го посетувал средното училиште Академија Вендел Филипс,[10] училиштето во кое Сем Кук посетувал неколку години подоцна.[11] Учествувал во музичката програма на Волтер Диет во средното училиште Дусабл .[12] Искрадено излегуваше од куќата за да посетува клубови, седејќи надвор да ги слуша Луис Армстронг, Ерл Хајнс и Џими Ноун .[13]

Рана кариера

уреди
 
Нет Кинг Кол, театар Парамаунт, Њујорк, ноември 1946 година

На 15-годишна возраст, Кол го напуштил средното училиште за да се посвети на музичката кариера. Во 1936 година со неговиот брат Еди основале музичка група и ја неракле Eddie Cole's Swingsters. Тие настапиле во римејкот на мјузиклот Shuffle Along. Нет Кол тргнал на турнеја со мјузиклот. Во 1937 година, Нет се оженил со Надин Робинсон, која беше член од актерската екипа. По завршување на турнејата, Кол и Надин се преселиле во Лос Анџелес. Таму нашол работа како пијанист во ноќни клубови. Кога сопственик на клуб од него побарал да формира група, тој се здружил со басистот Весли Принс и гитаристот Оскар Мур. Групата ја крстиле King Cole Swingsters, а потоа го промениле името во King Cole Trio.[14]

Негов прв хит била песната „Sweet Lorraine“ во 1940 година.[15] Според кажувањата, Нет својата кариера како пејач ја започнал кога пијан гостин во бар побарал од него да ја отпее песната. Кол рекол дека оваа измислена приказна звучи добро, па затоа не одрекувал дека не е така. Една вечер имало гостин кој од него побарал да пее, но бидејќи Кол не ја знаел песната, ја отпеал „Sweet Lorraine“. Кога луѓето ги слушанале гласовните можности на Кол, побарале повеќе да пее, а тој ги послушал.[16]

1940-ти

уреди

Во 1941 година, триото за Decca Records ја снимило песната „That Ain't Right“, а следната година „All for You“ за Excelsior.[14] Тие ја снимиле песната „I'm Lost“, напишана од Отис Рене, сопственикот на Excelsior.[17]

Во 1944 Нет Кол свирел на првиот Џез филхармониски концерт.

Во 1946 година, триото емитувало 15-минутна радио програма на King Cole Trio Time. Ова била прва радио програма во која водител е црномурест музичар. Од 1946 од 1948 година, триото снимило радио транскрипции за Capitol Records Transcription Service.[18][19] Тие настапувале на радио програмите: Swing Soiree, Old Gold, The Chesterfield Supper Club, Kraft Music Hall и The Orson Welles Almanac.[20][21]

Кол почнал да снима и изведува поп-ориентирана музика при што често бил придружуван од гудачки оркестар. Се истакнал како популарна ѕвезда со хитовите како „All for You“ (1943), „The Christmas Song“ (1947),[22] „(Get Your Kicks on) Route 66“, „(I Love You) For Sentimental Reasons“ (1946), „There! I've Said It Again“ (1947), „Nature Boy“ (1948), „Frosty The Snowman“, „Mona Lisa“ (песна #1 во 1950 г.), „Orange Colored Sky“ (1950), „Too Young“ " (песна #1 во 1951 г.).[23]

1950-ти

уреди

На 7 јуни 1953 година, Кол настапил на деветтиот концерт на Cavalcade of Jazz одржан на Wrigley Field во Чикаго. На истиот концерт свирел и Луис Армстронг и неговите „Сите ѕвезди“ со Велма Мидлтон.[24][25]

На 5 ноември 1956 г., Нет на NBC за прв пат го емитувал неговото шоу The Nat 'King' Cole Show. Оваа вариетет програма била една од првите на кој водител е Афроамериканец.[26] Следната година, поради финансиски проблеми Кол одлучил да ја прекине емисијата. Последната епизода била емитувана на 17 декември 1957 година.[27]

Во текот на 1950-тите, Кол продолжил да снима хитови кои се продавале во милиони примероци ширум светот, како: „Smile“, „ Pretend“, „A Blossom Fell“ и „If I May“. Во 1955 година, „Darling, Je Vous Aime Beaucoup“ се искачил на 7-мо место на листата на Билборд . Love Is the Thing, во април 1957 г., се искачил на врвот и бил неговиот единствен албум на таа позиција.

Во 1959 година, за песната „Midnight Flyer“ ја добил Греми награда за најдобра изведба од „Топ 40“ изведувач.[28]

 
Зградата на Капитол Рекордс, позната како „Куќата што ја изгради Нет“

Во 1958 година, Кол отишол во Хавана, Куба, за да го сними Cole Español, албум целосно испеан на шпански јазик. Бил толку популарен во Латинска Америка и САД, по што Нет снимил уште два албума на шпански јазик: A Mis Amigos (1959) и More Cole Español (1962).

По промената на музичкиот стил, помладата популација не ги обожавала баладите на Кол. Како Дин Мартин, Френк Синатра и Тони Бенет, заклучил дека на поп-листата успеваат исполнители кои свират музика за млади.

1960-ти

уреди

Во 1960 година, долгогодишниот соработник на Кол, Нелсон Ридл, го напуштил Капитол за да се приклучи на Reprise Records, основана од Френк Синатра. Ридл и Кол снимиле уште еден последен хит албум, Wild Is Love, со текст од Реј Раш и Доти Вејн. Кол подоцна го преработил концепцискиот албум во претстава заоф-Бродвеј, Со тебе сум (анг:I'm with You).

Во текот на 1960-тите, Нет Кинг Кол ги снимил хит песните „Let There Be Love“ со Џорџ Ширинг во 1961 година, хитот со примеси на кантри „Ramblin' Rose“ во август 1962 година (бр. 2 на поп листата), „Dear Lonely Hearts“ (бр. 13), „That Sunday, That Summer“ (бр. 12) и „Those Lazy-Hazy-Crazy Days of Summer“ (неговиот последен топ-десет хит; бр. 6-то место на поп листата). Настапил во многу кратки филмови, ситкоми и телевизиски емисии и во филмот Сент Луис Блуз (1958). Се појавил и во Приказната за Нет Кинг Кол, Кинеска порта и Сината Гарденија (1953).

Последниот студиски албум на Кол бил насловен L-O-V-E. Албумот се искачил на 4-то место на Билбордовата листа за албуми (пролетта 1965 година).

Дискографија

уреди
  • The King Cole Trio (1944)
  • The King Cole Trio, Volume 2 (1946)
  • The King Cole Trio, Volume 3 (1947)
  • The King Cole Trio, Volume 4 (1949)
  • Nat King Cole at the Piano (1950)
  • Harvest of Hits (1950)
  • King Cole for Kids (1951)
  • Penthouse Serenade (1952)
  • Top Pops (1952)
  • Two In Love (1953)
  • Unforgettable (1954)
  • Penthouse Serenade (1955)
  • Nat King Cole Sings for Two in Love (1955)
  • The Piano Style of Nat King Cole (1955)
  • After Midnight (1957)
  • Just One of Those Things (1957)
  • Love Is the Thing (1957)
  • Cole Español (1958)
  • St. Louis Blues (1958)
  • The Very Thought of You (1958)
  • To Whom It May Concern (1958)
  • Welcome to the Club (1958)
  • A Mis Amigos (1959)
  • Tell Me All About Yourself (1960)
  • Every Time I Feel the Spirit (1960)
  • Wild Is Love (1960)
  • The Magic of Christmas (1960)
  • The Nat King Cole Story (1961)
  • The Touch of Your Lips (1961)
  • Nat King Cole Sings/George Shearing Plays (1962)
  • Ramblin' Rose (1962)
  • Dear Lonely Hearts (1962)
  • More Cole Español (1962)
  • Those Lazy-Hazy-Crazy Days of Summer (1963)
  • Where Did Everyone Go? (1963)
  • Nat King Cole Sings My Fair Lady (1964)
  • Let's Face the Music! (1964, recorded 1961)
  • I Don't Want to Be Hurt Anymore (1964)
  • L-O-V-E (1965)
  • Nat King Cole Sings His Songs From 'Cat Ballou' and Other Motion Pictures (1965)
  • Live at the Sands (1966, recorded 1960)

Наводи

уреди
  1. „Nat King Cole“. Golden Globe Award. Архивирано од изворникот на 2023-03-22. Посетено на January 2, 2023.
  2. „NPR's Jazz Profiles: Freddy Cole“. www.npr.org. Архивирано од изворникот на June 24, 2021. Посетено на June 16, 2021.
  3. 3,0 3,1 Crawford, Trish (June 12, 2015). „How I got the jazz gene: seven artists reveal their roots“. The Toronto Star. Архивирано од изворникот на August 22, 2017. Посетено на May 26, 2017.
  4. „The Pittsburgh Courier from Pittsburgh, Pennsylvania, on February 13, 1965 · Page 2“. Newspapers.com. Архивирано од изворникот на September 3, 2017. Посетено на May 26, 2017.
  5. Hornsby, Alton Jr. (2011). Black America: A State-by-State Historical Encyclopedia. ABC-CLIO. стр. 12–. ISBN 978-0313341120. Архивирано од изворникот на August 6, 2020. Посетено на May 26, 2017.
  6. „From the Archives: Nat 'King' Cole dies of cancer at 45“. Los Angeles Times. February 16, 1965. ISSN 0458-3035. Архивирано од изворникот на May 22, 2017. Посетено на May 26, 2017.
  7. Празен навод (help)
  8. Ruuth, Marianne (1992). Nat King Cole. Holloway House Publishing. стр. 32–. ISBN 978-0870675935. Архивирано од изворникот на August 6, 2020. Посетено на May 26, 2017.
  9. Brewer, John M. Jr. (2007). Pittsburgh Jazz. Arcadia Publishing. стр. 37–. ISBN 978-1439634646. Архивирано од изворникот на August 6, 2020. Посетено на May 26, 2017.
  10. „Phillips High School is cradle of history“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на September 3, 2017. Посетено на May 26, 2017.
  11. „Tracing the Highs and Tragic End of Sam Cooke“. NPR. January 19, 2006. Архивирано од изворникот на May 9, 2017. Посетено на May 26, 2017.
  12. Bonner, Wilma F. (2011). The Sumner Story: Capturing Our History Preserving Our Legacy. Morgan James Publishing. стр. 162–. ISBN 978-1600377822. Архивирано од изворникот на August 6, 2020. Посетено на May 26, 2017.
  13. „Nat "King" Cole Is Born“. History Channel. June 20, 2016. Архивирано од изворникот на September 3, 2017. Посетено на May 26, 2017.
  14. 14,0 14,1 Ruhlmann, William. „Nat King Cole“. AllMusic. Архивирано од изворникот на March 31, 2019. Посетено на February 22, 2018.
  15. Yanow, Scott (2000). Swing. San Francisco: Miller Freeman. стр. 203. ISBN 978-0879306007.
  16. Cole, Maria (1971). Nat King Cole: An Intimate Biography. William Morrow. ISBN 978-0688021535.
  17. "Buck-Five Disk of Indies Seen Different Ways". Billboard. September 1, 1945. Retrieved February 24, 2012.
  18. „Capitol Transcriptions ad“ (PDF). Broadcasting. June 28, 1948. Посетено на December 22, 2014.
  19. „Jerry Haendiges Vintage Radio Logs“. Архивирано од изворникот на February 24, 2020. Посетено на June 3, 2019.
  20. „Radio Almanac“. RadioGOLDINdex. Архивирано од изворникот на September 15, 2018. Посетено на February 13, 2014.
  21. „Orson Welles Almanac — Part 1“. Internet Archive. Посетено на February 13, 2014.
  22. Cole recorded "The Christmas Song" four times — on June 14, 1946, with the Nat King Cole Trio; on August 19, 1946, with an added string section; on August 24, 1953; and in 1961 for the double album The Nat King Cole Story. The final version, recorded in stereo, is the one most often heard today.
  23. Празен навод (help)
  24. Reed, Tom. (1992). The Black music history of Los Angeles, its roots : 50 years in Black music : a classical pictorial history of Los Angeles Black music of the 20s, 30s, 40s, 50s and 60s : photographic essays that define the people, the artistry and their contributions to the wonderful world of entertainment (1, limited. изд.). Los Angeles: Black Accent on L.A. Press. ISBN 096329086X. OCLC 28801394.
  25. "Nat King Cole Star of Cavalcade", Headliner AD Los Angeles Sentinel, May 28, 1953.
  26. Chilton, Karen (October 15, 2009). „Hazel Scott's Lifetime of High Notes“. smithsonian.com. Smithsonian. Архивирано од изворникот на January 30, 2017. Посетено на November 30, 2016. [Hazel Scott was] the first black performer to host her own nationally syndicated television show....
  27. Gourse, Leslie (1991). Unforgettable : the life and mystique of Nat King Cole. New York: St. Martin's Press. стр. 185. ISBN 978-0312078775. The network supported this show from the beginning. From Mr. Sarnoff on down, they tried to sell it to agencies. They could have dropped it after the first thirteen weeks. Shows that made more money than mine were dropped. They offered me a new time at 7:00 p.m. on Saturdays on a cooperative basis, but I decided not to take it. I feel played out.
  28. „Grammy Awards 1959“. Grammy. Архивирано од изворникот на September 20, 2019. Посетено на February 17, 2016.

Надворешни врски

уреди