Детска трка со автомобили (филм од 1914)

Детска трка со автомобили во Венеција (англиски: Kid's Auto Race at Venice) - краток американски филм од 1914 година, во режија на Хенри Лерман (Henry Lehrman), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин и Хенри Лерман.[1] Инаку, ова е првиот прикажан филм (а втор според редоследот на снимањето) во кој Чаплин го игра препознатливиот лик на скитникот којшто подоцна ќе го направи славен.

Содржина

уреди

Филмот прикажува како за време на детската трка со автомобили во Венеција, Калифорнија, еден скитник постојано им пречи и ги нервира гледачите и камерманите, така што цело време застанува или оди пред камерата.[2]

Наводи

уреди