Кучешки живот (филм од 1918)
Кучешки живот (англиски: A Dog's Life) - американски филм од 1918 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance).[1]
Содржина
уредиЕден скитник (го игра Чаплин) спие покрај една ограда, кога во близината застанува уличен продавач на колбаси. Скитникот успева да украде колбас, но го здолгледува полицаецот, кој потоа безуспешно се обидува да го фати. Подоцна, тој настојува да најде работа, меѓутоа во бирото за вработување го претекнуваат другите невработени луѓе, кои се физички посилни од него. Скитајќи по улиците, скитникот спасува една кучка, која е нападната од глутница кучиња-скитници. Заедно со кучката, тој влегува во кафеана во која пее една девојка (ја глуми Пурвианс), со која се зближува. Тие започнуваат разговор, но набргу келнерот го брка скитникот надвор од кафеаната, бидејќи тој нема пари за да порача пијалак.
Скитникот и кучката се враќаат на своето старо место, крај оградата, и таа откопува од земјата паричник што тука го сокриле двајца разбојници. Охрабрен, скитникот повторно се враќа во кафеаната за да ја види девојката, но таму разбојниците му го земаат паричникот. Сепак, тој итро се прикрадува и ја искористува нивната опијанетост и успева да си го поврати паричникот. Потоа, заедно со пејачката, тој се населува на една фарма, каде двајцата живеат среќен живот, во придружба на кучката, која добива подмладок.[1]