Пушка на раме (филм од 1918)

Пушка на раме (англиски: Shoulder Arms) - американски филм од 1918 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance), Сид Чаплин (Syd Chaplin), Алберт Остин (Albert Austin) и Хенри Бергман (Henry Bergman).[1]

Содржина

уреди

Во филмот Чаплин глуми неспретен војник, кој не е сособен ниту да се построи како што треба. Во продолжение на филмот, тој се наоѓа на фронтот во Франција, во екот на Првата светска војна. Таму, тој поминува одредено време во еден ров, целиот потопен во вода, но сепак, војниците поминуваат мирни часови. Подоцна, во една акција, тој самиот успева да зароби дури 13 непријателски војници, а потоа се пријавува како доброволец кој треба да се пробие во непријателските редови. Маскиран како дрво, тој напрвин успева да совлада тројца германски војници, а потоа го спасува и својот другар од ровот (го игра Сид Чаплин) кого во меѓувреме го заробил непријателот. Германските војници го бркаат, а тој се крие во разрушената куќа во која живее една убава Французинка (ја игра Пурвианс). Германците доаѓаат во куќата, но тој успева да побегне. Сепак, тие ја заробуваат девојката и ја носат во својот штаб, каде што офицерот сака да ја силува. Во последен миг доаѓа војникот и девојката е спасена. Меѓутоа, во германскиот штаб доаѓаат Кајзерот (го глуми Сид Чаплин), принцот-престолонаследник и еден генерал (го игра Бергман). Војникот се облекува во германска униформа и по вторпат го спасува својот другар од ровот (кој повторно е заробен). Најпосле, тој ги грабнува Кајзерот и принцот и ги носи кај својата војска, со што завршува војната, а него го слават како најголем јунак. Меѓутоа, токму тогаш војниците го будат, т.е. сите тие нешта тој само ги сонувал.

Наводи

уреди