Емоција

(Пренасочено од Емоции)

Емоциите се психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот себе и кон сопствените постапки и доживувања. Емоциите ја определуваат и насочуваат човековата активност. Постои разлика меѓу поимите емоција и чувство. Емоциите се јавуваат и кај луѓето и кај животните, а чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето. Тие се резултат од човековиот социјален живот.

Шеснаесет изрази на лице кои изразуваат човечки емоции - гравура во боја од авторот Џ. Пас, од 1821 година, според Шарл Лебрен

Одлики на чувствата и емоциите

уреди

При појава на секое чувство и емоција во човекот се одвиваат голем број карактеристични промени: физиолошки, физички и промени во движењето.
1. Физиолошките промени се јавуваат во две фази; првата се нарекува фаза на емотивен шок (кога при ненадејно силно чувство ќе се стаписаме или занемеме), а втората се нарекува фаза на специфични промени (разлики кај различните емоции што се јавуваат во однос на физиолошките промени).
2. Физичките промени при емоциите се: карактеристични движења на телото, карактеристичен израз на лицето и карактеристични промени во говорот.
3. Промени во доживувањата се редовна придружна појава на емоциите и чувствата.

Видови чувства

уреди

Постојат многу видови чувства и, за полесно разбирање, се прават обиди за нивно категоризирање според одредени критериуми.

Критериум — Каква важност имаат чувствата во животот на човекот

уреди

Според овој критериум, чувствата можат да бидат примарни и секундарни. Примарни се оние чувства што се универзални за човековиот вид и што се биолошки важни за неговиот опстанок. Тоа се основните човекови вродени чувства (страв, тага, гнев, радост…). Секундарни се оние чувства што се создаваат по пат на учење. Тие претставуваат сложени комбинации од основните чувства и се нарекуваат сложени чувства (љубов, љубомора, пријателство…).

Примарни или основни чувства

уреди

Стравот е секогаш непријатен и проследен со напнатост, грижа и вознемиреност. Изворот може да биде во надворешната средина и од внатрешната то ест во човекот. Гневот е најчесто предизвикан од ситуации во кои се јавува пречка при остварувањето на некоја намера. Радоста е секогаш пријатна емоција. Радоста се јавува кога човекот успева да ја реализира целта што многу и упорно ја посакувал. Тагата е непријатна емоција. Се јавува кога човек ќе изгуби некого или нешто што му било многу блиско, кое многу го ценел и кон кое многу се стремел.

Разликуваме две фази на емоците. Првата е фаза на шок, а втората е хронична фаза. Фазата на шок е акутна фаза, таа претставува некој вид психички удар, во неа не знаеме за каква емоција се работи, зашто во оваа фаза сите емоции се слични. Втората, хроничната фаза трае подолго време и дури во неа емоцијата го добива својот квалитет така што знаеме за каков вид на емоција се работи. Првата фаза или емоционалниот шок се манифестира во извесна обезглавеност, зачуденост. Интелектуална блокада. Некоја непријатна вест предизвикува емоционален шок. Во таква состојба интелектуалниот живот се сведува на минимум, некои поединци паѓаат во несвест, вниманието целосно е отсутно. Некои филозофи и писатели зборуваат за големите последици на емоционалниот шок. Така, Кант зборува за «слепило на афектот», Шекспир за «заматување на афектот» а некои за «кратко лудило». При сведочење во судот, тие лица не се секаваат речиси ништо од тоа што се случувало во состојбата на емоционалниот шок. Емоционалниот шок го придружуваат силни моторни појави. Тие се состојат во различни движења со мимики, со гестикулации, со викања. Тие се слични кај сите видови емоции, бидејќи сите движења во оваа фаза се неадаптибилни, во шокот нозете се сечат), не може да се разбере нивната смисла. Субјектот спаѓа на пониско ниво на однесување (во гневот се покажуваат заби). Во хроничната фаза, емоцијата го добива својот квалитет, и тука знеме за која емоција се работи — за бес, за жалост итн. Тука нема збрка ниту пак застој во мислите, ниту расфрлени моторни реакци, субјектите не паѓаат во несвест. Се враќа присебноста и со неа интелектуалните способности. Во периодот на преминот од емоционалниот шок кон хроничната фаза, во зависност од степенот на изразеност на емоцијата можеме да разликуваме кај секоја емоција, пасивен и активен вид.

Радост - пасивен вид — човекот покажува извесно блаженство, смиреност, неподвижен е, како да е «тепан со радоста», постои извесна интелектуална и моторна инерција. Активен вид — човекот е многу активен, многу подвижен, скока, вика, многу зборува, пее, многу брзо мисли итн.

Гнев - пасивен вид — човекот сам се јади, ги стега тупаниците (ама в џеб), интелектуалниот живот е сведен на неколку навредливи зборови. Активен вид — човекот врши разновидни физички движења кои имаат тенденција за нешто да урне, да скрши итн. На интелектуален план е активен, но пред сè псовката му е во устата.

Страв - пасивен вид —човекот е прикован, нозете му се отсечени, се тресе, го обвива ладна пот. Во духовен поглед, тој е инхибиран, мислите му се сопрени. Активен вид — човекот бега, ги совладува пречките, идеите доагаат брзо.

Секундарни или сложени чувства

уреди

Сложените чувства се нарекуваат и социјални чувства. Најпознати чувства се моралните, интелектуалните и естетските. Морални чувства се оние што го изградуваат човековиот однос кон нормите и правилата на однесување што владеат во дадената општествена средина. Најважни морални чувства се: хуманизам, колективизам, патриотизам итн. Интелектуални чувства се оние што човекот ги развива во процесот на умствената дејност (заинтересираност, љубопитност, критичност, сомневање). Естетски чувства се оние што се јавуваат во активноста на човекот при доживувањето на нешто особено убаво.

Критериум — Каков е интензитетот и траењето на чувствата?

уреди

Сопред тоа колку се интензивни и колку траат, чувствата можат да бидат: расположенија, афекти, страсти и сентименти.

  • Расположенијата се чувства со слаб интензитет.
  • Афектите се случни чувства со кратко траење. Се одликува со губење контрола.
  • Страстите се чувства со голем интензитет и долго траење. Ја изразуваат човековата емотивна приврзаност кон нешто и нејзините интереси. Можат да бидат позитивни (страст кон литература, музика, уметност) и негативни (страст кон коцкање, алкохол, пушење).
  • Сентиментите се трајни, многу сложени и научени чувства.

Критериум — Каква манифестна активност ги придржува чувствата?

уреди
  1. чувства што предизвикуваат желба да пристапиме кон објектот
  2. чувства што предизвикуваат желба да отстапиме
  3. чувства што предизвикуваат желба да се спротивставиме.

Критериум — Како се насочени чувствата?

уреди
  1. насочени кон себе (гордост, срам)
  2. насочени кон други луѓе (љубов, љубомора, завист)

Други поделби на чувствата

уреди

Во делото „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски разликува два вида чувства: едните се претежно од материјална природа (допир, слух, вид, мирис), а другите се пооддалечени од телото (сеќавање, разум, волја). Исто така, некои чувства се поврзани со телесните уживања: глад, желба за спиење, гнев, суета, завист, сексуален нагон итн. Понатаму, некои чувства се наоѓаат во средината меѓу материјалното и духовното, како што се: љубовта кон татковината, нежноста кон децата и кон родителите, верноста кон пријателите итн.[1]

Развој на чувствата

уреди

Од големиот број чувства што ги поседува човекот, едни се создаваат по пат на наследство и созревање, а други по пат на учење во текот на социјализација.

Емотивна зрелост и емотивни нарушувања

уреди

Човекот има можност да постигне емотивна зрелост кога неговите чувства нормално се развиваат во текот на неговиот живот. Одлики:
1. Соодветност на чувствата – тажниот настан предизвикува тага
2. Контрола на чувствата – зрелиот човек управува со чувствата
3. Богатство на чувствата – поседува многу чувства

Контрола на чувствата

уреди

За да го сочува своето ментално и физичко здравје, човекот треба да научи како да ги контролира чувствата.

  1. Соочување со чувството – за да може да управува со чувствата, човекот мора и да признае дека постојат. Кога младиот човек ќе се вцрви, мора за тоа да е свесен и да ја бара причината
  2. Одбегнување ситуации што предизвикуваат силна емоција – човек да не се изложува на ситуации кои се непријатни за него.
  3. Ангажирање со активност – вишокот енергија треба да се насочи или искористи за полезна активност.
  4. Оптимизам и хумор – човек се брани од непријатните чувства со откривање на ведрата и смешна страна на непријатниот настан (секое зло има свое добро).
  5. Физичка релаксација – вежбите доведуваат до чувствена релаксација (јога, медитација)

Емоциите како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Емоциите се јавуваат како тема во делата од уметноста и популарната култура.

Емоциите како тема во книжевноста

уреди

Емоциите како тема во филмот

уреди

Емоциите како тема во популарната музика

уреди
  • „Рецепт за омраза“ (Recipe for hate) - албум на американската хард-кор група Бед релиџн (Bad Religion).[24]
  • „Омраза“ (англиски: Hate) — песна на американската хард-кор група Gang Green од 1986 година[25]
  • „Твоите емоции“ (англиски: Your Emotions) — песна на американската панк-рок група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1980 година.[26]
  • „Двојно среќен“ (англиски: Double Happy) - песна на новозеландската рок-група Сплит енз (Split enz) од 1980 година.[27]
  • „Бранови на стравот“ (англиски: Waves of Fear) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1982 година.[28]
  • „Вистински емоционална девојка“ (англиски: Real Emotional Girl) - песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.[29]
  • „Покажи малку емоција“ (англиски: Show Some Emotion) - песна на австралиската рок-група Худу Гурус (Hoodoo Gurus) од 1985 година.[30]
  • „Се надевам дека сега си среќна“ (англиски: I Hope You're Happy Now) - песна на англискиот рок-музичар група Елвис Костело од 1986 година.[31]
  • „Еден вид омраза“ (англиски: Some Kinda Hate) - песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits).[32]
  • „Непредизвикана омраза (англиски: Unchallenged Hate) — песна на британската хард-кор група „Напалм дет“ (Napalm Death) од 1988 година.[33]
  • „Под маската на среќата“ (Under The Mask Of Happiness) - песна на американскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1988 година.[34]
  • „Страв од црна планета“ (Fear Of A Black Planet) - песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1990 година.[35]
  • „Среќен“ (Happy) - песна на американскиот пејач Фарел Вилијамс.[36]
  • „(Дали си) Среќен?“ ((Are You) Happy?) - песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).[37]

Наводи

уреди
  1. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 101.
  2. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 79.
  3. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 48-49.
  4. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 78.
  5. Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 166-167.
  6. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 208-209.
  7. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 36.
  8. Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987.
  9. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  10. Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 14-15.
  11. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 59.
  12. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 187-190.
  13. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 106.
  14. D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 28
  15. „Објавена книга со драми на Сашо Огненовски“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 17.
  16. Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 51.
  17. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 77.
  18. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 171.
  19. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 265-266.
  20. „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.
  21. Антена, број 840, 1.8.2014, стр. 3.
  22. Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 29.
  23. IMBd, Shame (1968), Awards (пристапено на 3.5.2017)
  24. YouTube, Bad Religion - Recipe for Hate (Full Album) (пристапено на 13.1.2017)
  25. Gang Green – Another Wasted Night (пристапено на 17.2.2023)
  26. Discogs, Dead Kennedys – Fresh Fruit For Rotting Vegetables (пристапено на 9.9.2022)
  27. YouTube, Split Enz-True Colours (Full Album) 1980 (пристапено на 6.6.2017)
  28. YouTube, Lou Reed ~ Waves of Fear (пристапено на 2.10.2017)
  29. YouTube, Real Emotional Girl- Randy Newman (Vinyl Restoration) (пристапено на 8.10.2017)
  30. YouTube, Hoodoo Gurus - Mars Needs Guitars! (1985 full album) (пристапено на 15.12.2017)
  31. YouTube, Elvis Costello- Blood & Chocolate-I Hope Your Happy Now (пристапено на 10.12.2017)
  32. Discogs, The Misfits* – Static Age (пристапено на 28 јануари 2021)
  33. Discogs, Napalm Death – From Enslavement To Obliteration (пристапено на 3 февруари 2021)
  34. Graham Parker ‎– The Mona Lisa's Sister (пристапено на 16.12.2017)
  35. DISCOGS, Public Enemy ‎– Fear Of A Black Planet (пристапено на 25.8.2019)
  36. YouYube, Pharrell Williams - Happy (Official Music Video) (пристапено на 12.2.2017)
  37. YouTube, reagan youth - (are you) happy? (пристапено на 5.2.2018)