Полет Годар
Полет Годар (3 јуни 1910 – 23 април 1990)[1] била американска филмска и театарска глумица. Таа била голема ѕвезда во студиото Paramount во тек на 40-тите години. Била мажена за неколкумина познати личности, вклучувајќи го Чарли Чаплин, Бургес Мередит и Ерих Марија Ремарк. Годар била номинирана за Оскар за најдобра женска улога за нејзината изведба во филмот So Proudly We Hail! (1943).
Полет Годар | |
---|---|
in Second Chorus (1940) | |
Роден(а) | Марион Полин Леви |
Занимање | Глумица |
Активен | 1929–1972 |
Сопружник | Едгар Џејмс (1927–1931) Чарли Чаплин (1936–1942) Бургес Мередит (1944–1950) Ерих Марија Ремарк (1958–1970) |
Наводи
уреди- ↑ Сепак има многу недоследности меѓу печатените извори во врска со годината на раѓање на Годар (пр. за време на нејзината смрт, службите во Швајцарија, каде што умрела, ја запишале 1905 како година на нејзиното раѓање, според пописот од 15 април 1910, нејзините родители живееле на Менхетен и се` уште немале децач а на пописот во САД од 1 јануари 1920 фигурира Полет Годар (како Полет Г. Леви), на деветгодишна возраст, која живее со своите родители во Канзас Сити, Мисури.