Евер Максимилиано Давид Банега (роден на 29 јуни 1988) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Севиља и на аргентинската репрезентација.

Евер Банега
Банега играјќи за Севиља во 2016
Лични податоци
Полно име Евер Максимилиано Давид Банега
Роден на 29 јуни 1988(1988-06-29)(36 г.)
Роден во Росарио, Санта Фе, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001740000001,74 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Севиља Севиља
Број 10
Младинска кариера
Нуево Хоризонте
Алианца Спорт
2000–2007 Бока Хуниорс Бока Хуниорс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 28 (0)
2008–2014 Валенсија Валенсија 136 (9)
2008–2009Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 24 (1)
2014Њуелс Олд Бојс Њуелс Олд Бојс 14 (1)
2014–2016 Севиља Севиља 59 (8)
2016–2017 Интер Интер 28 (6)
2017– Севиља Севиља 16 (2)
Репрезентација
2007 Аргентина Аргентина 20 14 (0)
2008 Аргентина Аргентина 23 6 (0)
2008– Аргентина Аргентина 55 (4)

Тој ја започнал својата кариера во Бока Хуниорс, но во 2008 година потпишал за Валенсија, каде што останал неколку години, при што настапил на 162 официјални натпревари и го освоил шпанскиот куп во 2008 година. По неговото приклучување во тимот на Севиља во 2014 година, тој освоил неколку последователни трофеи во Лигата на Европа.

На репрезентативно ниво, Банега настапил за репрезентацијата на Аргентина, на повеќе турнири, меѓу кој и настапите за олимписката селекција на Аргентина на ЛОИ во Пекинг 2008, каде што се закитил со златен медал, и три учества на Копа Америка, помагајќи и на својата земја да стигне до финалето во 2015 и 2016 година.

Надворешни врски

уреди