Дракула

измислен лик

Грофот Дракула (англиски: Count Dracula) — вампир, насловен лик и главен антагонист во романот „Дракула“ на Брам Стокер (1897). Како архетипски вампир, Дракула се појавил во многу дела од масовната култура што не се поврзани со романот. За некои гледишта на ликот се верува дека биле вдахнати од влашкиот војвода Влад III Цепеш од XV век, кој бил познат и како Дракула, но и од сер Хенри Ирвингглумец за кого Стокер бил личен помошник.[3]

Гроф Дракула
Бела Лугоши како Дракула во филмот „Дракула“ од 1931 година
Прво појавувањеДракула (1897)
СоздавачБрам Стокер
Заснован наВлад III Цепеш
Информации
ПрекарЗло Око
Д.
Драк
Вештер
Пекол
Видвампир
немртов човек
дампир
врколак[1][2]
Полмашки
Звањевојвода
трансилваниски благородник
вампирски крал

Потекло

уреди

Вдахновението за Дракула била вистинска историска личност — Влад III Цепеш, познат и како Дракула, од романски Dracul — „ѓавол“, господар на средновековното кнежевство Влашка.[4] Некои истражувачи на делото на Стокер сметаат дека измислениот Дракула не треба да се поистоветува со влашкиот владетел, иако самиот роман содржи одвишок за можна самоличност, а во некои филмови оваа тенкост е целосно занемарена.[5]

Наводи

уреди
  1. Stoker, Bram. Dracula (PDF). стр. 9, 42.
  2. Stoker, Bram. Dracula's Guest (PDF). стр. 11. A wolf—and yet not a wolf!" another put in shudderingly. "No use trying for him without the sacred bullet.
  3. Warren, Louis S. (2002). „Buffalo Bill Meets Dracula: William F. Cody, Bram Stoker, and the Frontiers of Racial Decay“. The American Historical Review (англиски). Washington DC: American Historical Association. 107 (4): 1124–57. doi:10.1086/ahr/107.4.1124. eISSN 1937-5239. ISSN 0002-8762 – преку Oxford Journals Online.
  4. Vlad the Impaler - англиска Википедија
  5. Elizabeth Miller Filing for Divorce. Count Dracula vs Vlad Tepes Архивирано на 21 април 2021 г..(англиски)

Надворешни врски

уреди
  • Bram Stoker Online - целосен текст, PDF и аудио верзија на Дракула.