Историја на Тунис

Според археолошките истражувања, територијата на денешен Тунис била населена уште од најрани времиња. На 20 километри од денешниот град Гафса била пронајдена најстарата религиозна градба на светот, стата повеќе од 40.000 години која се состои од повеќе предмети посветени на духовите и силите на природата. Во неолитскиот период на овие простори опстојувала иберско-мавританската цивилизација и капсијанската култура. Во тој период, Сахара имала далеку поплодородна и поволна клима за човечкиот развој за разлика од денес. Во тоа време Тунис започнал да билде населуван од берберски племиња. На територијата на Тунис од страна на фенекиските населеници се развила голема трговска мрежа, главно по Средоземното Море и Гибралатарскиот теснец. Една од најважните бази кои биле формирани е Картагина, основана во 814 п.н.е. Според легендата, градот бил основан од страна на кралицата Елиса, сестра на Пигмалион.

Дел од темата Тунис

Историја на Тунис

Рана историја
Пунски Тунис
Римски Тунис
Христијански Тунис
Исламски Тунис
Отомански Тунис
Француски Тунис
Модерна историја
Тунис

Портал:Тунис
Карта на денешен Тунис.

Во периодот од 6 век п.н.е. и 5 век п.н.е., Картагина започнала да се одвојува од старограчката култура, создавајќи своја сопствена цивилизација на територијата на Северна Африка и делови од Средоземно Море. Картагина се проширила и кон север и југ каде трговијата и била основната дејност. Во почетокот на 3 век п.н.е. Картагина станала голема поморска и трговска сила која целосно ја контролирала трговијата и пловидбата во водите на Средоземното Море. Таа поседувала и територии надвор од Африка: јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров, западна Сицилија, Корзика, Сардинија и Малта.

По уништувањето на старогрчката култура од страна на Римската република, единствениот главен противник на Римјаните за контрола на Медитеранот им останал Картагина. Поради ова, во 264 п.н.е. започнале т.н. Пунски војни. Првата пунска војна се водела главно во Сицилија. Војната траела до 241 п.н.е. По 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. Втората пунска војна водена помеѓу 218 п.н.е. и 201 п.н.е.[1] во која Картагина повторно доживеала пораз. Пунскиот водач Ханибал во почетокот постигнал големи успеси, но на крајот бил сопрен од страна на Скипион Африканецот. По Третата пунска војна, Рим целосно ја уништил Картагина во 146 п.н.е. Причина за избивањето на војната биле растечкото нерасположение кон Рим во Шпанија и Грција, како и подемот во поморската моќ и во богатството што го имала Картагина во 50-те години по Втората Пунска војна. По крајот на Пунските војни, земјата станала римска провинција Африка. Утика станал главен град на провинцијата. Во 44 п.н.е. Јулиј Цезар одлучил на овие простори да основа колонија, но тоа се остварило во времето на Октавијан Август, неколку децении подоцна. По неколку години Картагина станала главен град на провинцијата. Картагина била важно подрачје за Римјаните, главно поради производството на пченица и различни житарници. Тунис станал седиште на римско-африканската цивилизација.

христијанството се појавило во Тунис и Магреб во текот на 2 век. Кога новата религија станала официјална за цела империја, голем број на луѓе кои не сакале да го прифатат христијанството биле или прогонувани или им биле одзимани имотите. На територијата на Африка, христијанството се проширило многу побргу за разлика од Европа. Како главна причина се гледа во улогата на црквата во втората половина на 3 век. Африканската црква се развивала многу брзо, па така Картагина станала во 4 век еден од поголемите духовни центри во регионот. Во текот на 429 година, вандалскиот крал Гејсерик со својата војска го преминал Гибралтарскиот теснец. По десетина години влегол во Картагина и основал кралство кое опстојувало скоро еден век. Вандалите владееле со најбогатата римска провинција. Можеби нивниот најголем проблем бил регрутирањето на војници. Во 530 година тие биле поразени од страна на византискиот цар Јустинијан I, кој до 533 година успеал да ја зазеде целосно нивната територија. Најголемиот дел од вандалското население било заробено и депортирано. Голем дел од населението било вклучено во византиската војска. Сепак, Византија не успеела да ја зачува оваа територија, главно поради берберските напади.

Првите напади на Арапите на територијата на денешен Тунис започнале кон 647 година. Византија била поразена. Во 661 година бил заземен Бизерта. Во 698 година бил освоен поголемиот дел од територијата. За разлика од Римјаните и Византијците, Арапите ја освоиле целосно територијата на земјата. Во 800 година била основана династија Аглабида која владееле во наредните сто години. Тунис станал важно културно седиште во чиј центар се наоѓал Керуан. Била основана голема морска флота. Во почетокот на 10 век била основана династијата на Фатимидите. Во 921 година бил основан градот Махдиа и прогласен за престолнина на Фатимидскиот калифат. Во 948 година била заземена Сицилија. Во 972 година тие својата престолнина ја преместиле во Египет. Распаѓањето на Фатимидската династија се случило во средината на 11 век, кога еден владетел добил од абасидскиот калиф статус на заповедник на целиот Магреб.

Во текот на 16 век Тунис паднал во рацете на Османлиското Царство. Во следниот век Тунис станал вазалство на империјата, со огромна независност и автономија. Во 1869 година Тунис прогласил банкрот, па така настапиле европските освојувачи Франција, Италија и Велика Британија кои ја зазеле целосно економијата на земјата. Во 1881 година француската војска влегла во Тунис и за три недели ја зазел целата територија на земјата. Тунис станала француски протекторат. Во овие години во земјата биле извршени големи економски промени. Во Тунис биле изградени железнички станици, патна инфраструктура. Наспроти тоа ресурсните богатства на земјата целосно биле експлоатирани од Франција. По ова следувало создавање на првите националистички движења чија цел била добивање на независност на земјата.

Својата независност Тунис ја издвојува на 20 март 1956 година.

Во септември 2021 година, Каис Саед ја објави претстојната реформа на Уставот од 2014 година и формирање нова влада.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Chris Scarre, "The Wars with Carthage," The Penguin Historical Atlas of Ancient Rome (London: Penguin Books, 1995), 24-25.