Селим II
Селим II (османски турски: ثانى Selīm-i sānī; турски: ثانى Selīm-i sānī; роден на 30 мај 1524 година - починал на 15 декември 1574 година) — единаесеттиот Султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1566 до 1574 година. Познат е како Sarhoş Selim („Селим Пијаницата“)[3]. Тој бил син на Сулејман Величествениот и неговата сопруга Хурем султан.
Селим II سليم ثانى | |||||
---|---|---|---|---|---|
Султан на Отоманското Царство Кајсери-Рум Чувар на Двете Свети Џамии Отомански калиф Падишах | |||||
11-ти Отомански султан (Падишах) | |||||
На престол | 7 септември 1566 – 15 декември 1574 | ||||
Крунисување | 8 септември 1566 | ||||
Претходник | Сулејман I | ||||
Наследник | Мурат III | ||||
Роден(а) | 30 мај 1524[1] Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство | ||||
Починал(а) | 15 декември 1574 Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство | ||||
Почивалиште | Света Софија, Истанбул | ||||
Сопружник | Нурбану султан | ||||
Деца | see подолу | ||||
| |||||
Династија | Османлиска династија | ||||
Татко | Сулејман I | ||||
Мајка | Рокселана | ||||
Вероисповед | ислам | ||||
Тугра |
Селим починал на 15 декември 1574 година и бил погребан во Света Софија.
Рани години
уредиСелим е роден во Цариград[4][5] како син на Сулејман Величествениот и неговата трета и најсакана жена Рокселана, родена ќерка на православниот свештеник а подоцна ослободена и легална сопруга на Сулејман. Во 1545 година во Конија се оженил Нурбану султан, мајка на Мурат III која подоцна станала првата жена која дејствувала како ко-регент во Османлиското Царство и период кој во историјата на земјата е познат Султанат на жените[6].
Конкуренција за престолот
уредиНеговиот татко Сулејман имал пет сина кои достигнале зрелост. Неговиот втор син, Мехмед, починал од сипаници во 1543 година. По погубувањето на Мустафа и смртта на Џихангир (најмладиот брат кој страдал од исклучително лошо здравје) во 1553 година, останале само двајца кнезови како потенцијални наследници на престолот: Бајазит и Селим. Бајазит бил гувернер на Ќутахија а Селим бил гувернер на Маниса, два града на скоро еднакво растојание од престолнината Истанбул.
Сулејман бил во 60-тите години на својот живот, а конкуренцијата меѓу двајцата браќа над престолот била очигледна. Сулејман ги терал своите синови и решил да им ги смени работните позиции. Бајазит бил назначен да владее со Амасија а Селим со Конија, и двете провинции биле подалеку од Цариград, но сепак подеднакво оддалечени. Селим бргу го послушал на својот татко и веднаш се преселил во Конија, но на разочарување на неговиот татко, Бајазит го послушал дури по многу двоумење. Лутиот Сулејман го обвинил Бајазит дека е бунтовник и го поддржувал неговиот постар син Селим против Бајазит. Селим, во соработка со Мехмед-паша (идниот голем везир) и со дополнителна помош од татковата војска, го победил својот брат во граѓанската војна во Конија во мај 1559 година.
На тој начин, Селим останал единствениот наследник на отоманскиот престол.
Владеење
уредиКарактер
уредиСелим на отоманскиот престол се качил на 7 септември 1566 и владеел до неговата смрт на 15 декември 1574 година. Селим II бил првиот во серијата на т.н. слаби султани, кои владееле со Отоманското Царство повеќе од два века по смртта на Сулејман I. Селим II дошол на власт во време кога преобратените, нови немуслимански достоинственици на чело со големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ, имале речиси потполна контрола над административниот апарат на Отоманското Царство. Османлиското Царство во периодот на опаѓање, кое започнало со владеењето на Селим II, сè уште било доволно силно за да се заштити од целосен колапс. По добивањето на војната со својот брат, Селим станал првиот султан кој немал активен воен интерес и кој сакал да се откаже од власта во корист на министрите и неговата сопруга Нурбану султан, под услов да биде оставен слободно да го помине својот раскошен живот. Поради начинот на живот, тој е познат како Селим Пијаницата[7].
Во западната историографија Селим обично е портретиран како исклучително распуштен владетел и во многу извори се тврдело дека корупцијата на неговиот двор довела до падот на моралот во општеството на Отоманското Царство воопшто. Овие извори обично доаѓаат до заклучок дека великодостојниците, предводени од Мехмед-паша Соколовиќ кој го спасил царството. Всушност, недостатокот на дисциплина како во дворот така и надвор од него била охрабрувана од Соколовиќ со цел тој да ја консолидира својата моќ, а сите постигнати победи биле само во оние години кога Селим успевал привремено да се ослободи од контролата или влијанието на Соколовиќ.
Селим е познат по тоа што и го вратил на Махидевран султан нејзиниот статус и богатство. Тој го изградил и гробот на неговиот најстар брат, Шехзаде Мустафа, кој бил погубен во 1553 година.
Настани
уредиВо Цариград бил подготвен план за поврзување на Волга и Дон со канал за да се спротивстави на руската експанзија кон северната граница на Османлиите. Во летото 1569 година, голема сила составена од јаничари и коњаници биле испратени да го опсадат Астрахан и да ги започнат каналите, додека отоманската флота го опколила Азов. Руска армиска помош од 15 000 лица ги нападнала и ги уништила работниците и татарските сили испратени за нивна заштита. Османлиската флота тогаш била уништена од невреме. На почетокот на 1570 година, амбасадорите на Иван IV склучиле во Истанбул договор со кој биле обновени пријателските односи меѓу султанот и царот.
Селим успеал да го зазеде Јемен, Кипар, на далматинскиот брег на Хрватска и Тунис. Отоманската флота, по Битката на Превеза (1538) комплетно доминирала на Средоземно Море, но била поразена од комбинираната флота на христијански земји на Лепанто (1571). Сепак, во текот на годините Селим успеал да изгради нова флота, која им овозможила на Османлиите не само да ја вратат контролата над Средоземното Море, туку, исто така, и да ја сочуваат речиси до крајот на векот.
Во гладот од 1573 година, поради големата зима, земјоделците немале голем род. Селим им давал на луѓето храна и зеленчук во кујната за храна[8]. Во април 1574 година, во печатницата на палатата Топкапи избувнал пожар и запалил многу простории, а починале и неколку готвачи и слугинки [8]. Неколку дена подоцна, главниот на јаничарите, господарот на Истанбул и Мимар Синан ја утврдиле локацијата и големината на новите кујни по кое започнала нивната изградба.
Семејство
уредиПрвата и единствена сопруга на Селим, Нурбану султан, била венецијанка која била мајка на неговиот наследник Мурат III и три од неговите ќерки. Како Хасеки султан, таа примала 1.000 аспери на ден, додека останатите наложнички од понизок ранг, кои биле мајки на кнезовите, добивале по 40 аспери на ден. Селим и дал на Нурбану 110.000 дукати како мираз, надминувајќи ги 100.000 дукати што неговиот татко и ги подарил на неговата мајка Хурем султан. Според регистарот, Селим имал уште четири жени, а секоја од нив била мајка на принц. Аугуста Хамилтон запишува дека имал две илјади наложнички[9].
- Наложнички
- Нурбану султан, мајка на Мурат III[10];
- Мајка на Шехзаде Мехмед;
- Мајка на Шехзаде Мустафа;
- Мајка на Шехзаде Сулејман;
- Мајка на Шехзаде Абдула.
- Синови
Селим имал седум синови:
- Мурат III (4 јули 1546 година, палата Маниса, Маниса - 15 јануари 1595 година, Топкапи-сарај, Цариград, погребан во мавзолејот Мурат III, Света Софија), син на Нурбану султан;
- Шехзаде Мехмед (починал во 1572 година, Топкапи-сарај, Цариград, погребан во мавзолејот Хурем султан, во Сулејманова џамија);
- Шехзаде Абдула (убиен на 22 декември 1574 година, Топкапи-сарај, Цариград, погребан во мавзолејот на Селим II, во Света Софија);
- Шехзаде Џихангир (убиен на 22 декември 1574 година, Топкапи-сарај, Цариград, погребан во мавзолејот на Селим II, во Света Софија);
- Шехзаде Мустафа (убиен на 22 декември 1574 година, Топкапи-сарај, Цариград, погребан во мавзолејот на Селим II, во Света Софија);
- Шехзаде Осман (убиен на 22 декември 1574 година, Топкапи-сарај, Цариград, погребан во мавзолејот на Селим II, во Света Софија);
- Шехзаде Сулејман (убиен на 22 декември 1574 година, Топкапи-сарај, Цариград, погребан во мавзолејот на Селим II, во Света Софија);
- Ќерки
Селим имал најмалку четири ќерки:
- Есмихан султан (1545 година, палата Маниса, Маниса - 8 август 1585 година, Цариград, погребана во мавзолејот на Селим II, во Света Софија), ќерка со Нурбану, се оженила прво во 1562 година со Мехмед-паша, и во 1584 година со Калајликоз Али-паша[11];
- Гевхерхан султан (1544 година, палата Маниса, Маниса - 1622, Цариград, погребана во мавзолејот на Селим II, во Света Софија), ќерка со Нурбану, се оженила прво во 1562 година со Пијали-паша, и во 1579 година со Џерах Мехмед-паша
- Шах султан (1544 година, палата Маниса, Маниса - 3 ноември 1577 година, Цариград, погребана во мавзолејот на Зал Махмуд-паша во Ејуп), ќерка со Нурбану, се оженила прво во 1562 година со Чакирчибаши Хасан-паша, и во 1584 година со Зал Махмуд-паша
- Фатма султан (1559, палата Конија, Конија - октомври 1580 година, Цариград, погребана во мавзолејот на Селим II, во Света Софија), ќерка со Нурбану, се оженила во 1574 година со Сијавуш-паша Кањижанин.
Извори
уреди- Finkel, Caroline, Osman's Dream, Basic Books, 2005.
- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Ancestry of Sultana Nur-Banu (Cecilia Venier-Baffo)
- John Julius Norwich, A History of Venice (1989), ISBN 0-679-72197-5
Наводи
уреди- ↑ „SELİM II (ö. 982/1574): Osmanlı padişahı (1566-1574)“. İslam Ansiklopedisi. Посетено на 11 January 2020.
- ↑ Garo Kürkman, (1996), Ottoman Silver Marks, p.41
- ↑ Somel, Selçuk Akşin (2003). Historical Dictionary of the Ottoman Empire. Lanham, Maryland: Scarecrow Press. стр. 263. ISBN 0810843323.
- ↑ Necdet Sakaoğlu (1993/94a): "İstanbul'un adları" ["The names of Istanbul"]. In: 'Dünden bugüne İstanbul ansiklopedisi', ed. Türkiye Kültür Bakanlığı, Istanbul.
- ↑ "Istanbul", in Encyclopedia of Islam.
- ↑ Bernard Lewis, The Muslim discovery of Europe, W.W. Norton & Company, Inc., 2001, p. 192.
- ↑ „article name needed“. Нова меѓународна енциклопедија. 20. New York: Dodd, Mead and Company. 1916. стр. 684.
- ↑ 8,0 8,1 Sakaoğlu 2007, стр. 153.
- ↑ Hamilton, [Lady] Augusta (1822). Marriage Rites, Customs, and Ceremonies of the Nations of the Universe. London: J. Smith. стр. 16–17.
- ↑ Leslie P. Peirce (1993). The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. Oxford University Press. стр. 309. ISBN 978-0-195-08677-5.
- ↑ Tezcan, Baki (2001). Searching For Osman: A Reassessment Of The Deposition Of Ottoman Sultan Osman II (1618-1622). unpublished Ph.D. thesis. стр. 327 n. 16.
Надворешни врски
уреди- Селим II на Ризницата ?
- Selim II Tomb
Селим II Роден(а): 30 мај 1524 Починал(а): 15 декември 1574[aged 50]
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Сулејман I |
Султан на Отоманското Царство 7 септември 1566 – 15 декември 1574 |
Наследник Мурат III |
Духовни титули | ||
Претходник Сулејман I |
Калиф на Отоманскиот Калифат 7 септември 1566 – 15 декември 1574 |
Наследник Мурат III |