Битка кај Превеза
Поморската битка кај Превеза се одвила на 28 септември 1538 година во близина на истоимениот град во северозападниот дел на денешна Грција, помеѓу силите на Османлиското Царство и христијанскиот сојуз предводен од страна на папа Павле III од друга страна.
Битка кај Превеза | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни | |||||||
Битка кај Превеза (Ohannes Umed Behzad) |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Света Лига: Венецијанска Република
| Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Андреа Дорија | Хајредин Барбароса | ||||||
Сила | |||||||
112 галии, 50 galleons 140 едра, 60,000 војници[1][2] | 122 галии, 20,000 војници[1][2] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
13 потонати бродови, 36 заробени бродови, 3,000 затвореници[1][2] | ~400 жртви, ~800 повредени[1][2] |
Во 1537 година, генералот на османлиската флота, Хајдерин Барбароса успеал да окупира неколку острови во Егејско и Јонско Море кои претходно припаѓале на Венецијанската Република, меѓу кои и Сирос, Егина, Иос, Парос, Тинос, Карпатос, Касос и Нахос (пеисоединувајќи го Грофовија Нахос кон империјата). Под опсада се нашол и островот Крф, а била опустошена и Калабрија, кога тогаш се наоѓала под шпанска контрола, денес во Италија. Така, во лицето на оваа закана, папа Павле III во 1538 година ја повикал Светата лига која ги опфаќала земјите: папската држава, Шпанија, Република Џенова, Венецијанска Република и Малтешкиот ред да се соочат со Османлиите.
Флотата на Барбаросаброела околу 120 галии, додека пак онаа на Светата лига околу 600 бродови. Но, и покрај големината на христијанските бродови, сепак тие во крајна сметка биле поразени во битката.