Керенска офанзива
Керенската офанзива или јулската офанзива претставува последната офанзива на Русија во текот на Првата светска војна. Таа се одиграла во јули 1917 година.
Керенска офанзива | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Прва светска војна | |||||||
Операции во Источниот фронт во 1917. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Руска Империја | Германско Царство Австроунгарија |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Алексеј Брусилов | Макс Хофман Феликс Фон Ботмер |
||||||
Сила | |||||||
XI, VII, VIII армија | Јужна армија (Германија) VII и III армија (Австроунгарија) |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
60,000 | непознато |
Причина
уредиМинистерот Александар Керенски одлучил да направи офанзива во текот на војната, но истата дошла во многу лошо време. По Февруарската револуција во Русија владеела желбата за мир, посебно кај војниците чиј број значително се намалил главно поради револуционерните пропаганди и намалувањето на авторитетот на офицерите.
Самиот Керенски се надевал на значајна победа на фронтот со кое ќе ја зголеми својата популарност меѓу населението и ќе го поврати војничкиот морал. Преку победата тој сметал исто така дека ќе ги зајакне позициите на Привремената влада и ќе ја докаже ефикасноста на најдемократската армија на светот.
Напад
уредиОфанзивата на руската армија започнал по нападот на австроунгарската војска во Галиција на 1 јули 1917 година. Нападот бил насочен кон Лавов. Во операцијата биле вклучени единаесеттата, седмата и осмата руска армија. Австроунгарските сили во Галиција располагале со австогерманска армија под команда на генералот Фон Ботмер.
По првичниот успех на руските сили, напредокот застанал поради тоа што самите руски војници одбивале да војуваат. Офанзивата пропаднала на 16 јули. Австриските и германските сили извршиле противнапад на 18 јули соочувајќи се со многу слаб отпор. Тие напредувале низ цела Галиција и Украина до реката Збруч. Руските линии биле пробиени на 20 јули, а на 23 јули Русите се повлекле за 240 километри.
По крајот на офанзивата, Привремената руска влада дополнително ги загубила своите позиции и симпатии. Најголема корист од овие напади имале болшевиците. Повеќе ниту еден руски генерал не можел да смета на војниците кои биле под негова команда.
На 1 септември 1917 година Германците ја освоиле Рига, нанесувајќи им уште еден пораз на Русите. Дел од руските војници кои требало да го бранат градот се повлекле уште пред германските сили да пристигнат.