Бајкалското Езеро е најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа во Сибир, Русија. Најголемата длабочина на езерото изнесува 1.741 метар.

Бајкалско Езеро
Координати53°30′N 108°0′E / 53.500° СГШ; 108.000° ИГД / 53.500; 108.000
ВидContinental rift lake
Главни приливиСеленга, Чикој, Килок, Уда, Баргузин, Горна АнгараUpper Angara
Главни истециАнгара
Слив{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}
560,000 km2 (216,000 ми) км2
Сливни земјиРусија и Монголија
Најг. должина636 kм (2,087,000 ст) км
Најг. ширина79 kм (259,000 ст) км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}
31,722 km2 (12,248 ми)[1] км2
Прос. длабочина744.4 м (2,442 ст)[1] м
Најг. длабочина1,642 м (5,387 ст)[1] м
Зафатнина2.361.539 km3 км3
Проточност330 years[2]
Брег2,100 kм (6,889,760 ст) км
Надм. височина455.5 м (1,494 ст) м
ЗамрзнатоЈануари-Мај
Острови27
Населени местаИркутск
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.
Мразот на Баjкал
Испитување на ледената покривка на брод лебдилка Хивус-10

Бајкалското е надлабоко езеро во светот[3] и во него се наоѓаат 20% од вкупното количество слатка површинска вода во светот.[4][5] Езерото е долго 636 км и околу широко 50 км. Било создадено во длабок стар расаден блок пред околу 25 милиони години,[6][7] и затоа е најстаро езеро во светот.[8] Се смета дека раседот и натаму е активен, бидејќи езерото годишно се шири за околу 2,5 сантиметри. Бајкалското Езеро на западната страна е ограничено со планини, на источниот брег има зарамнени падини. Најдлабоките делови се наоѓаат во средината и во јужниот дел. Слоевите од седимент на езерското дно на некои места можат да бидат и до 7 км. Благодарение на постојаното полнење со студена вода пониските слоеви на езерото се богати со кислород и затоа животинскиот свет може да се најде на сите длабочини. Езерото добива вода главно по должината на неговиот источен брег, од многуте реки, како што се Баргузин и Селенга, кои при вливот на езерото прават делта. Бајкалското Езеро добива вода и од врелите слатководни подземни извори во езерското корито. Иркутск се наоѓа во близината на јужниот дел на езерото, на местото од каде истекува реката Ангара, единствениот истек од езерото. Езерото е замрзнато шест месеци во текот на годината.[9]

Коритото на езерото е толку големо што на сите реки во светот би им требало една година за да го наполнат. Инаку, во езерото се влеваат над 300 реки, а само една третина од дотекот на вода се излева од езерото преку реката Ангара.[10]

Бури

уреди

За време на зимските месеци околните планини го насочуваат движењето на силните бури по должината на Бајкалското езеро.

Риболов

уреди

Бајкалското езеро претставува важен извор на храна на жителите кои живеат на неговите брегови и покрај фактот дека најголем дел од годината е покриено со мраз. Тамошните рибари користат традиционални начини на риболов низ дупки направени во мразот. Најмногу се лови белицата (бајкалски омул), иако во езерото живеат 56 видови риба, а половината од нив живеат единствено во водите на ова езеро.[11]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „A new bathymetric map of Lake Baikal. MORPHOMETRIC DATA. INTAS Project 99-1669.Ghent University, Ghent, Belgium; Consolidated Research Group on Marine Geosciences (CRG-MG), University of Barcelona, Spain; Limnological Institute of the Siberian Branch of the Russian Academy of Sciences, Irkutsk, Russian Federation; State Science Research Navigation-Hydrographic Institute of the Ministry of Defense, St.Petersburg, Russian Federation“. Ghent University, Ghent, Belgium. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на July 9, 2009.
  2. „M.A. Grachev ON THE PRESENT STATE OF THE ECOLOGICAL SYSTEM OF LAKE BAIKAL“. Lymnological Institute, Siberian Branch of Russian Academy of Sciences. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на July 9, 2009.
  3. „Deepest Lake in the World - Deepest Lake in the United States“. geology.com. Посетено на 2022-01-30.
  4. Schwarzenbach, Rene P.; Philip M. Gschwend; Dieter M. Imboden (2003). Environmental Organic Chemistry (2. изд.). Wiley Interscience. стр. 1052. ISBN 9780471350538.
  5. Tyus, Harold M. (2012). Ecology and Conservation of Fishes. CRC Press. стр. 116. ISBN 978-1-4398-9759-1.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
  6. Centre, UNESCO World Heritage. „Lake Baikal“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). Посетено на 2022-01-30.
  7. „Lake Baikal: Protection of a unique ecosystem: Researchers are investigating how climate change and environmental toxins are impacting on the world's largest and oldest freshwater lake“. ScienceDaily (англиски). Посетено на 2022-01-30.
  8. „USGS Fact Sheet: Lake Baikal - A Touchstone for Global Change and Rift Studies“. web.archive.org. 2012-06-29. Архивирано од изворникот на 2012-06-29. Посетено на 2022-01-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „Baikal Web World - Ice of lake Baikal“. www.bww.irk.ru. Посетено на 2022-01-30.
  10. „Од Бајкалското Езеро можеби зависи иднината на светот“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 26.
  11. „Species in theLake Baikal“. www.fishbase.in. Посетено на 2022-01-30.