Кубањска Народна Република
Кубањска Народна Република (КНР) или Кубанска Национална Република (КНР), (руски: Кубанская Народная Республика; украински: Кубанська Народна Республiка) — поранешна анти-болшевичка држава за време на Руската граѓанска војна, која ја опфаќа територијата на денешниот Кубањ во Русија.
Кубањска Народна Република Кубанская Народная Республика Кубанська Народна Республiка | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1918–1920 | |||||||||||
Главен град | Краснодар | ||||||||||
Говорени јазици | Руски, Украински | ||||||||||
Вероисповед | Руска православна црква | ||||||||||
Уредување | Република | ||||||||||
Претседавач | |||||||||||
• 1917–1918, 1919 | Лука Бич | ||||||||||
• 1918–1919 | Николај Рабовол | ||||||||||
• 1919–1920 | Ф. Сушков | ||||||||||
Атаман | |||||||||||
• 1917–1919 | Александар Филимонов | ||||||||||
• 1920 | Николај Букретов | ||||||||||
Legislature | Кубањска законодавна Рада | ||||||||||
Историски период | Прва светска војна / Руска граѓанска војна | ||||||||||
• Основана | март 1917 | ||||||||||
• Прогласена република | 28 јануари 1918 | ||||||||||
• Независност | 16 февруари 1918 | ||||||||||
• Распадната | 17 март 1920 | ||||||||||
Население | |||||||||||
• 1918 | 3,500,000 | ||||||||||
Валута | Руска рубља | ||||||||||
|
Републиката била прогласена од Кубањската Рада на 28 јануари 1918 година и ја прогласила својата независност на 16 февруари. Ја опфаќала целата територија на поранешната Кубањска област на Руското Царство. За време на својата кратка независност, таа неуспешно се обидела да се обедини со Украинската Народна Република и Демократска Република Грузија. Кубањската Народна Република била де факто окупирана од силите на Антон Деникин на 6 ноември 1919 година, пред да биде целосно окупирана и анектирана од Советите во пролетта 1920 година.