Разговор:Гоце Делчев

Последен коментар: пред 7 месеци од ГП на темата Гоце Делчев како мотив во уметноста
Оваа статија е избрана статија на Википедија на македонски јазик. Таа ги задоволува соодветните критериуми и со согласност од вики-заедницата беше избрана за една од најдобрите статии на Википедија на македонски јазик. Доколку сакате нешто да дополните или промените во истата, слободно направете го тоа!
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.


Алгоритам

уреди

Од каде дојде реченицата на Гоце ? - „Оној што копнее, што работи да ја присоедини Македонија кон Бугарија, Србија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин, Србин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец.“

Одговор: Овде прашам за извор на мисла на Јордан Пиперката. Корисник:Kiril Simeonovski побарал целосниот цитат: Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде. на Google.com, таму прво покажува линк кон Youtube.com, после линк кон форум Иди Види. Првиот став додава мислата на Пиперката и на Гоце Делчев (јасно без никакви надворешни врзки). Кирил си рекол, ова е арна мисла, заш ја нема на вики, ке ја постирам, па да видам шо ке кажат татарите. И те, пак стигнуваме до безконечното враќане на статијата. Прост алгоритам.. работлив! --Подпоручикъ (разговор) 22:55, 22 август 2009 (UTC)

Во право си. Имало ефект....ете татарите почнаа да доаѓаат. Јуриш, атака, ке ги колеме словените--Р ашо  22:58, 22 август 2009 (UTC)
Please wait.. confirming data.. Алгоритамот продулжева со работа. Рашо врати ставот со идеја дека сум во грешка за "Ова мисла е на Народна волја и сличните и е фалшификувана од Талевиот "Илинден" - која веке ја има..". После Корисник:MacedonianBoy додаде "извор", дека се пак мислата е од романот на Талев. Таа е преведена од бугарски на македонски во оригинал 10 реда подоле како препишана на Гоце Делчев, затоа зашто е писанка на писател,а не вистинска реченица. Сега требува да се напише "бугарски прочит на мислата на Гоце од романот на Талев" и "македонски прочит на мислата на Гоце од романот на Талев".. хаха .. stand by.. error.. error.. shuting down. --Подпоручикъ (разговор) 23:12, 22 август 2009 (UTC)
lol --Brainmachinewtf? 14:41, 23 август 2009 (UTC)

Преспа е непостоечки град, измислен од Димитар Талев во неговите литературни дела како симболичен македонски град од краjот на 19 и почетокот на 20 век, а настанот, цитиран од "Утрински весник", е фикциjа од творештвото на Талев, коjа го одразува историскиот менталитет од гледна точка на писателот, но не е вистински историски случаj:

Во романот „Илинден“ од Димитар Талев, меѓу другото, е прикажан говорот што го одржал македонскиот револуционер Гоце Делчев, а по повод неговиот престој во Преспа есента во далечната 1901 година.

Цитатот од "Утрински весник" не може да се прикажува одделно како чисто историски. Целиот пасус од Талев и "говорот на Делчев во Преспа" е даден од мене во делот "Мисли припишани на Гоце Делчев". Поздрави, Бобан   Крумески 14:00, 25 август 2009 (UTC)

Што не е сигурно, Кириле? Повели, обjасни, даj аргументи и извори. И немоj да обвинуваш во вандализам. Се гледа дека и "Утрински весник" го тврди истото - станува збор за пасус од роман на Талев. Бобан   Крумески 14:10, 25 август 2009 (UTC)
Талев ја цитирал мислата во неговиот роман. Всушност, историската вредност на романот „Илинден“ е таа што, во него ни се нудат повеќе информации за мислите на Гоце Делчев. Немој да ми кажеш дека ако е мислата извадок од роман дека тогаш не може да се смета за добар извор. Многу познати мисли од познати личности се цитирани во романи и во други дела, па тоа не значи дека ја губат својата значајност, само поради писателот на делото.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:17, 25 август 2009 (UTC)
Одлично. Да провериме. Како прво, градот Преспа не постои, односно не постои и "говор во Преспа во 1901 година". Како второ, дали има постар историски извор за истата мисла и кои се публикациите на овоj извор? Не е можно само на основа на литературна творба тие зборови да бидат прикажувани като чисто историски. Бобан   Крумески 14:23, 25 август 2009 (UTC)
Град Преспа не постои, но говорот од Преспа од 1901 постои. Преспа е историско-географска област и се надевам дека ти тоа многу добро го знаеш. Без оглед на местото на одржување во оваа област, настанот е именуван како „преспански“ (слично е и со Преспанското советување на 2 август 1943, коешто всушност се одржало во Отешево). Мислам дека сум доволно јасен. не можеш да оспоруваш факти од историјата преку цитирање на факти во некое историско дело.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:59, 25 август 2009 (UTC)
Градот Преспа не постои, но говорот на Делчев во него постои... А дека се историските извори за овоj говор, дека и кога сепак бил одржан? Кои се научните историски публикации за овоj настан? Ги чекаме. Додека нема релевантни извори за твоите ставови, нема да има и неутралност. Исто така е очигледно дека воопшто не го познаваш творештвото на Димитар Талев, бидеjки во него Преспа не е "историско-географска област", а град. Зборови на Талев за измислениот град Преспа:
В Прилеп естествено съм имал възможност да почерпя най-много елементи от непосредствени наблюдения, но същевременно трябва да подчертая, че когато създавах в романите си живота на един македонски град като моята Преспа, аз търсех да представя средния македонски град, търсех общото, характерното за този град. Затова със се стремил да използвам тъкмо онова от Прилеп, което е общо ако не за всички, поне за повечето градове. В Прилеп например имаше неколко турски махали. В повечето македонски градове, както казах, имаше само една. В моята Преспа има също една турска махала. Но много от нейния външен вид, от нейния бит съм наблюдавал именно в Прилеп...
Извор - "В творческата лаборатория на писателя Димитър Талев", анкета со Димитар Талев од 1956 година, во Димитър Талев, "Съчинения", том 11, София, 1978, стр. 322. Бобан   Крумески 15:04, 25 август 2009 (UTC)
Кириле, зошто го бришеш НГТ шаблонот и зошто ги бришеш податоците од "Утрински весник"? Зарем така се уредува Википедиjа, во конфликт со сите извори!? Бобан   Крумески 15:08, 25 август 2009 (UTC)
Талев, го немам читано. Тука си во право. Само ме интересира, како оспоруваш нешто, кога и самиот не си сигурен за тоа. Поимот Преспа, денес е историско-географска област. Во историјата оваа област секако дека била населена, а се смета дека со неа се мисли на денешниот град Ресен (Историја на Ресен). Ќе те замолам повеќе да не ми држиш предавање за работи за кои немаш доволно познавање. Денешниот центар на историско-географската област е градот Ресен, но во историјата, овој град најчесто се нарекувал Преспа, иако името Росне е старо од 14. век. Всушност, ако ова е вистински извадок од романот на Талев, тој најверојатно го нарекува градот Ресен со името Преспа, како што најчесто се нарекувал. А, можеби и во овие неколку реченици, со оглед на уметничкиот стил, со кој авторот се изразува, зборот „град“ има хиперболично значење. Може литературата да ја сметаш за пристрасен и несоодветен извор. Во ова се согласувам. Но, нешто што е цитирано, не може да го оспориш. Кога веќе сакаш да ја отфрлиш релевантноста на оваа мисла, тогаш докажи дека авторот ја измислил, ане да ме учиш то е Преспа и дали постои.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:41, 25 август 2009 (UTC)
Кирил, едно прашанье - ти да си читал тетралогијата на Талев? --Подпоручикъ (разговор) 15:49, 25 август 2009 (UTC)
Веќе напишав дека го немам читано Талев, но во овој случај корисникот Boban Krumeski се обидува со свој метод да докаже некои работи.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:11, 25 август 2009 (UTC)
Уредуваш и упорно ревертираш прашања, за кои воопшто немаш идеjа, извори и податоци. Не мислам дека ова е оправдано од било коjа гледна точка. Бобан   Крумески 16:17, 25 август 2009 (UTC)
Веќе докажав со цитат дека Преспа е токму град од краjот на 19 век и почетокот на 20 век, измислен од Талев: "... когато създавах в романите си живота на един македонски град като моята Преспа...". Заклучок. Кирил Симеоновски не е читал ни еден роман од Димитар Талев, но влегува во некорисни уредувачки воjни, упорно ревертира во конфликт со сите наведени извори и креира непостоечки теории и оригинални истражувања. Тотален вандализам. Податоци за литературниот настан - гостувањето на Гоце Делчев во измислениот град Преспа - од Димитар Талев, "Илинден", "Съчинения", том 5, София, 1973, стр. 279-280:
През есента на 1901 година в Преспа пристигна Гоце Делчев. От месец август той ходеше да ревизира четите и организационните райони оттатък Вардар. Когато се присъединяваше към някоя от четите, войводата й заставаше зад него. Така Делчев води и четите на своите стари другари Михаил Попето, Чернопеев, Андон Кьосето, облечен и той като тях в хайдушко черно рухо, с манлихера в ръка. През септември Делчев премина нощем на десния бряг на Вардар и продължи своя път ту с четите по гори и планини, ту от село на село, от град на град и в непрестанна опасност - султанът бе обещал хиляда лири - пет оки злато - за главата му.
Когато Делчев влезе в Преспа, беше вече тъмно и минувачите по улиците ставаха все по-редки, но девриетата още не бяха излезли из града.
Во романот на стр. 284-293 се зборува и пред кои неисториски литературни херои бил одржан "говорот во Преспа" - во куќата на Борис Глаушев биле присутни Никола Нешев, Любен Расков (Љубен Расков), Илия Роглев (Илија Роглев), Йоан Сърчар (Јован Срчар) и Наум Катранов. Бобан   Крумески 16:02, 25 август 2009 (UTC)
Ако си го читал делото, не значи дека си ја разбрал суштината во него. Или веќе ако си ја разбрал, тоа си го направил на свој начин и тука го користиш тоа како бугарска пропаганда. Дури ме обвинуваш и за вандализам! Се обидуваш да ја намалиш историската вредност на делото, само затоа што во него се цитирани извори, кои го потврдуваат македонскиот идентитет. Не знам до кога и во кои размери ќе одите со вашата бугарска пропаганда, но само сакам да ви напоменам дека со ова кршите неколку важни правила на Википедија. Преспа е нешто што постоело и постои и ти немаш никакво право тоа да го обликуваш и врз основа на тоа да негираш говор на Гоце Делчев, кој се потврдува дека се случил. Цело време вртиш приказна од типот „што би било ако би било“. Ова дело е доказ дека говорот се случил. Ако се сомневаш, оспори го со документи и докази од историчари, а не ти самиот да солиш памет, божем си голем историчар.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:21, 25 август 2009 (UTC)
Имаме бугарски и македонски извори дека станува збор за цитат од роман, односно од литературен, а не историски извор, исто така имаме извори дека Преспа е токму град, измислен од Талев. Досега ти оспоруваш тие информации без да наведуваш било какви извори за твоите теории. Ова е класично оригинално истражување. Жалам. Бобан   Крумески 16:24, 25 август 2009 (UTC)
Бобан, овде не станува збор за тоа дали Преспа е град или не. Преспа постои и денес се смета како историско-географска област, а порано се користел како синоним за градот Ресен. Работата е што ти ја оспоруваш мислата на Гоце Делчев. Кога веќе нешто критикуваш и оспоруваш ќе те замолам да се насочиш на тоа, а не да докажуваш енкои споредни работи. Прати ми врска до документи или мислењ на историчари, во кои се оспорува мислата, пша тогаш ќе зборуваме. И романот е напишан во 1953. Кажи ми како е можно, ова да не е оспорено претходно. Обично, вашите историчари се критикуваат. Зошто немаат одговор за ова. Кога ќе ми покажеш такво нешто, значи имаш контрааргумент и можеби и ќе ја избришеме мислата. Овде ќе престанам и повеќе нема да коментирам на твоите поплаки. Твоите неосновани критики само го одвлекуваат вниманието на другите корисници и предизвикуваат конфликти. Со вакво доднесување може само да бидеш блокиран. Затоа, ќе те замолам идниот коментар да го формулираш со доволно аргументи. Поздрав и земи малце да уредуваш статии од другите области.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:34, 25 август 2009 (UTC)
Кириле, доста. Во творештвото на Талев Преспа не е историско-географска област, а измислен град-симбол, како што зборува и самиот Талев. Немаш ни еден извор за твоите оригинални истражувања, но упорно продолжуваш да ги повторуваш. Jас со извори ги докажав моите ставови дека ова е цитат од литературно дело, а ти тврдиш дека е вистински историски настан и затоа ти требва да дадеш извори за ваквото тврдење, не jас. Бобан   Крумески 16:47, 25 август 2009 (UTC)
Вие, Бобане очигледно сакате да бидете блокиран. Овде зборуваме за мислата на Гоце Делчев, а не за тоа што е Преспа според Талев. Докажете дека мислата е измислена.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:51, 25 август 2009 (UTC)
А-а-а, ќе добиjам блок за тоа што го цитирам Талев? Е, нема да биде чудно... "Говорот на Делчев во Преспа" е говор во еден измислен град и во куќата на еден измислен хероj, Борис Глаушев. Тоа е тоа. Сето друго се недокажани оригинални истражувања. Немам намера да повторувам очигледното уште еден пат. Биди поздравен, Бобан   Крумески 17:01, 25 август 2009 (UTC)

Устав на ТМОРО

уреди

Гоце Делчев е напишал уставот на ТМОРО, како што е наведено и во текстот. Тој соработувал со т.нар. БМОРК или МРО по нејзиното креирање, но не учествува во него! Уставот на МРО е напишан од Даме Груев. А тоа што е презентирано тука како устав на БМОРК е вештачка работа, неспомната од никој македонски револуционер. Самата негова содржина покажува дека се работи за фалсификат. Јаворов и други, јасно пишуваат дека во уставот на МРО постоело дека член може да биде секој „екзархист“, а тука е „бугарин“, што е сосема различно. Затоа ги молам бугарските корисници на Википедија да престанат со пропагандата. --Ajax (разговор) 19:15, 11 септември 2009 (UTC)

Постои "Гоце Делчев" на Jаворов, дека се зборува за овоj еднонационален устав. Лага на Аjакс: "Јаворов и други, јасно пишуваат дека во уставот на МРО постоело дека член може да биде секој „екзархист“, а тука е „бугарин“, што е сосема различно." Да видиме што всашност пишува во текстот на Jаворов:
"Гоце Делчев", глава "Гоце во Штип, Банско": "Тоя събор утвърждава един устав на революционната организация, почти копие на стария български, твърде оригинален с положението, че само еkзархисти българи се приемат за членове на комитетите."
Се гледа дека зборовите на Аjакс се тотално без врска со текстот на првиот биограф на Делчев. А Егзархиjата е бугарска национална црква:
1. Stephen A. Fischer-Galaţi - „Man, state, and society in East European history“, 1970, Praeger, с. 200 („...and in 1870 it established a Bulgarian national church (Bulgarian Exarchate)“)
2. L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich - „The Balkans since 1453“, 2000, C. Hurst & Co. Publishers, с. 371 („BULGARIAN EXARCHATE The first great victory for Bulgarian nationalism was the establishment in 1870 of a national church known as the exarchate.“)
3. "Bulgarian Orthodox Church", Encyclopædia Britannica: "The struggle for an independent Bulgarian church, begun late in the 18th century, culminated in the establishment in 1870 of a Bulgarian exarchate."
Споровите за тоа се ирелевантни. Бобан   Крумески 20:19, 12 септември 2009 (UTC)
Исто така БМОРК не е "вештачка работа":
1. „... името што во почетокот и било дадено на Организацијата: „Бугарско-македонско-одрински револуционерни комитети“.", „Историја на македонскиот народ“, Скопје, 1988, стр. 148.
2. Битоски, Крсте, сп. "Македонско Време", Скопје - март 1997.
3. Академик Иван Катарџиев, "Верувам во националниот имунитет на македонецот", интервjу, "Форум".
4. Пандев, К. "Устави и правилници на ВМОРО преди Илинденско-Преображенското въстание", Исторически преглед, 1969, кн. I, стр. 68—80.
5. Пандев, К. "Устави и правилници на ВМОРО преди Илинденско-Преображенското въстание", Извeстия на Института за история, т. 21, 1970, стр. 250-257.
6. Константин Пандев, Национално-освободителното движение в Македония и Одринско, София, 1979, с. 129-130.
7. Duncan Perry The Politics of Terror: The Macedonian Liberation Movements, 1893-1903, Durham, Duke University Press, 1988. pp. 40-41, 210 n. 10.
8. Fikret Adanir, Die Makedonische Frage: ihre entestehung und etwicklung bis 1908., Wiessbaden 1979, p. 112.
Доста со пристрасни уредувања од страна на Аjакс. Бобан   Крумески 20:23, 12 септември 2009 (UTC)
Статиjата се уредува во конфликт со наведените извори, исто така се бришат верзии, аргументирани со научни и историски извори, така што додека има спорови и уредувачка воjна мора да има НГТ шаблон. Поздрави, Бобан   Крумески 20:44, 12 септември 2009 (UTC)
Не се гледат било какви коментари. Верзиjата, аргументирана со извори, мора да биде вратена. Бобан   Крумески 21:09, 13 септември 2009 (UTC)
Да ги прочитаме изворите. Македонската историска наука тврди:
„... името што во почетокот и било дадено на Организацијата: „Бугарско-македонско-одрински револуционерни комитети“.", „Историја на македонскиот народ“, Скопје, 1988, стр. 148.
Името во почетокот било БМОРК. За првиот устав во почетокот на организациjата зборува и Ѓорче Петров, настанот е од 1896 година:
Таму се истакна нуждата за устав и правилник. До тогаш беше во сила еден краток правилник од неколку члена, изработен од Дамега (клетвата и др.). Тоа правилниче беше несистематско, литографирано. Се реши да се изработи еден полн правилник, устав. Кога дојдов во Софија тука во Софија го изработив (со Делчев) го напечатив и го испратив.
За истиот настан и истиот устав во 1896 година пишува и Пеjо Jаворов:
Тоя събор утвърждава един устав на революционната организация, почти копие на стария български, твърде оригинален с положението, че само екзархисти българи се приемат за членове на комитетите. Обаче такъво едно решение беше тъкмо съобразно с условията, при които се работеше.
В онова време революционната идея трябаше да издържа твърде мъчна борба преди всичко с екзархията и нейните многобройни органи в страната. Тя прочее трябаше да стане обща за национално самосъзналото се българско мнозинство, че тогава да подири път и в средата на елементи, върху които всевъзможните златни и сребърни пропаганди бяха упражнили едно крайно развратително влияние. Все пак революционернте не можеха да избягнат случайни сблъсквания с казаните пропаганди, вследствие на което се отиваше до големи крайности. И често борбата вземаше даже тъмен шовинистически цвят. Гоце - човек на твърде широки възгледи, дига ръка за предметния член в устава без какви да е резерви. Но туй не тряба да ни учудва, защото той беше и практически деятел в най-строга смисъл. По-късно, щом обстоятелствата се поизмениха, Гоце пръв настояваше да се измени и устава. Тогава революционната организация отбеляза, че за постигане гонимата цел тряба да бъдат сплотени всички потиснати народности в страната 6. И вече съзаклятник можеше да бъде и българинът, и гъркът, и всеки, който би бил кадърен да принесе някаква полза на освободителното дело7.
Мислам дека постоjните факти се доказ дека уставот од 1896 е токму уставот на БМОРК. Петров тврди дека Гоце имал учество во пишувањето на уставот, а Jаворов дека исто така е гласал за него. Поздрави, Бобан   Крумески 21:22, 13 септември 2009 (UTC)
Без развлекување на приказната, „што би било ако би било?“ Ако имате докази дека тоа е тој устав, наведете ги. А, не да претпоставувате. Мислам дека не треба да се смета ова за веродостоен извор.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:25, 13 септември 2009 (UTC)
Доказите се наведени погоре. Твоите општи зборови немат врска со дискусиjа. Бобан   Крумески 21:27, 13 септември 2009 (UTC)
Jаворов тврди дека уставот од 1896 година бил еднонационален и ги вклучувал само егзархистите Бугари. Друг еднонационален устав во периодот 1893-1918 нема, постои само овоj на БМОРК. Петров тврди дека уставот од 1896 година бил напишан од него и од Делчев. Македонската наука потврдува дека името на организациjата во почетокот било БМОРК. Тоа е тоа. Бобан   Крумески 21:33, 13 септември 2009 (UTC)
Овие тврдења, кои не знам дали се точни не може да се земат предвид.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:39, 13 септември 2009 (UTC)
Aхахахаха. Каква наглост... --Подпоручикъ (разговор) 04:39, 14 септември 2009 (UTC)
Вакво нешто не може да се земе предвид, бидејќи не се потврдува дека во „Историја на македнскиот народ“ пишува нешто вакво, туку се наведуваат бугарско-пропагандни документи објавени на Интернет. --Kiril Simeonovski (разговор) 16:50, 14 септември 2009 (UTC)
Спомените на Ѓорче Петров се цитирани од нивното македонско издание. Исто така за БМОРК пишуваат македонските историчари Крсте Битоски и Иван Катарџиев. И тоа ли е бугарска пропаганда? Нонсенс. Кириле, кога немаш ни еден аргумент, почнуваш да користиш емотивни етикетирања - пропаганда и слично. Доста. Така не се уредува. Бобан   Крумески 04:04, 17 септември 2009 (UTC)
Уште податоци за уставот на БМОРК има во "История на България", том 7 България 1878-1903, Българска академия на науките, Институт за история, София, 1994, стр. 440-442. На Солунскиот конгрес во 1896 година били усвоени два документа - Устав и Правилник на БМОРК, кои биле напишани од Петров и Делчев (стр. 442). Уставот бил отпечатен во Софиjа во 1897. Правилникот исто е еднонационален и во неговиот чл. 15 се содржало барање за борба "за слободата на Бугарите во Македониjа и Одринско". Централниот комитет на организациjата се нарекувал Централен бугарски македонско-одрински револуционерен комитет. Мислам дека изворите требва да се почитуваат, во спротивно НГТ шаблонот мора да стои во почетокот на статиjата. Бобан   Крумески 04:21, 17 септември 2009 (UTC)
Македонски ставови за делото на Пејо Јаворов:
  • Неговиот автобиограф, големиот бугарски поет Пеју Јаворов кој беше лудо заљубен во македонската борба и кој другарувал со Гоце, на кого честопати му се исповедал во најтешките моменти, ќе рече дека необичната љубов и верба на Гоце Делчев станувале љубов и верба на целиот македонски народ. (Утрински весник, Број 1157 среда, 30 април 2003.)
  • Пеју Јаворов ја напиша најубавата биографија за Гоце Делчев (Утрински весник, среда, 30 април 2003.)
  • Пеју Јаворов раскажува дека Гоце сам си ја претскажал смртта. "На 20 април Гоце на другарите им кажуваше свои поранешни соништа, кои се совпаѓаа со убиствата на неговите пријатели: "Во нашиот живот, како што се чини, станав веќе и фаталист. Ноќеска сонував дека Турци ме удрија во срцето. Штипската чета е разбиена во Карбинци. Мислам, брат ми е во таа чета, и сигурно е убиен". (Утрински весник, 30 април 2003.)
  • Неговиот биограф Пеју Јаворов опишува една друга случка која малку и е позната на пошироката јавност во која Гоце преправајќи се во трговец на свињи седнал со потерата која го барала него. (Утрински весник, среда, 30 април 2003.)
  • Дека во организирањето на модерниот македонски револуционерен печат имал главен збор Гоце, сведочат повеќе искажувања, најнапред негови лични - во писмата до своите соработници или пријатели, а и искажувањата на неговите блиски соработници. Така, Пеју Јаворов, еден од личните пријатели на Гоце, "Биографија за Гоце", објаснува како по иницијатива на Гоце, весникот "Право", кој излегувал од 1894 година во Софија, со една политички и национално неопределена концепција, успева да го направи орган на ВМОРО, т.е. револуционерен орган. (Утрински весник, Број 1215 четврток, 10 јули 2003.)
  • Големиот бугарски писател Пеју Јаворов ќе ја напише најубавата биографија за Делчев. Тој често ќе патува со неговата чета: "Јас имав другарувано со Гоце Делчев веќе долго време во Софија, другарувавме потоа во Македонија. Но, кога ќе помислам на него, тој излегува пред мојата вообразба само таков, каков што го гледав тој прв ден на турска земја. (Утрински весник, Број 1767 среда, 04 мај 2005.)
Се гледа дека делото на Пејо Јаворов не се оценува како бугарска пропаганда, а биографиjата на Гоце Делчев се користи како веродостоен извор и дури "најубавата биографија за Делчев"... Тоа е тоа. Бобан   Крумески 04:39, 17 септември 2009 (UTC)
Нема што да рипаат бугарите, јас реков дека Гоце НЕ е пишувал уставот на БМОРК/МРО се едно како се викала таа организација! И тоа е потврдено од историските извори, дури и од цитатите, наведени од Крумески, кој очигледно не чита што постира. Во статијата беше наведено дека тој е пишувал токму него, што и го сменив. И добро е да знаат бугарските пропагандисти дека Гоце не бил бугар ниту пак егзархист, туку унијат-католик, така што не е можно да напише ваква глупост или да се зачлени во организација што прима само егзархисти! За БМОРК-МРО ако сакате на друго место, тука толку за тоа.--Ajax (разговор) 18:59, 22 септември 2009 (UTC)
На Википедиjа нема место за националистичко негирање на научните и историските извори. Доста со лаги од страна на Аjакс. Бобан   Крумески 12:17, 23 септември 2009 (UTC)
Во статиjата и до денес не пишува за БМОРК и сите наведени извори за учеството на Делчев во пишувањето на неjзиниот устав НГТ шаблон. Бобан   Крумески 12:39, 16 ноември 2009 (UTC)

Делчев и Тракja

уреди

никъде не се пишува кога Делчев е бил во Одринска Тракија и изградил огранизацијата там! По создавањето на ТМОРО, се оформуваат и првите месни комитети на организацијата, а Гоце Делчев прави неколку обиколки на вилаетот.--Bs (разговор) 23:14, 31 јануари 2010 (UTC)

Фрази, мисли и глупости...

уреди

Оваа статија не е директориум за собирање на какви и да било НЕПРОВЕРЕНИ мисли. Што е важно толку за да има секција мисли препишани на Делчев? Кому му е гајле што рекол тој или некој рекол за него! Имаме проект Викицитат и таму треба да се префрлат овие, а ако нема таков проект на македонски јазик, ќе почекате па потоа ставајте глупости по страниците таму, не овде. --Никола Стоіаноски 19:06, 26 февруари 2010 (UTC)

Името на ТМОРО нема замена

уреди

На 28.о3.2009 год.извршив корекција во врска со името на Организацијата каде се споменуваат во самиот почеток на страницата податоците за членувањето на Гоце Делчев во ТМОРО, сметајќи дека формулацијата; „подоцна преименувана во Внатрешна Македонска Револуционерна Организација /ВМРО/“, не одговара на историските факти и не треба тука да стои. Не постои податок дека организацијата ТМОРО по Илинденското востание одржала некаков собир или конгрес на кој го променила името во ВМРО.Името ТМОРО од 1896 год. ќе и остане и по Илинденското востание се до нејзиното распаѓање-нестанување како организација ,поради настанати поделби во истата по разочарувањето од неуспехот на Востанието. Дури во 19о8 година,Неврокопската окружна организација под раководство на Јане Сандански зела име МОРО /Македонско Одринска Револуционерна Органиозација/.Тоа е прво и званично именување но само на окружна организација,со претензии да ја претставува пред Младотурската револуција, целата Македонска организација.Во август 1909 год. и ова име на организацијата нестанува со формирањето на Народната федеративна Партија /НФП/. /Види страни 191 и 192 во „Историјата на Македонскиот народ“,издание 1988 година,Скопје/. Така Гоце Делчев бил припадник само на ТМОРО ,а во никакво ВМОРО или ВМРО,како што стоеше подолу во текстот на страницата. Т0а се историските факти, а сосема е друго што се манипулира со ВМРО.Името ВМРО се појавува после 1910 год. со Тодор Александров и наваму. Во интерес на објективноста се надевам дека корекцијата ќе ја прифатиш и извршиш самиот ти. Биди поздравен од Учителот.

Ако сметаш дека не е точно смени но со референци. Мене ми е сеедно :) Вратив бидејќи ми личеше на намерно уредување, но ако сум грешка смени си.--Никола Стоіаноски 21:49, 29 март 2010 (UTC)

Поправка 78.157.17.51 (разговор) 19:35, 16 ноември 2010 (CET)асфцасд

уреди

Поправете го почеток, не е литературно „уставо творец“ туку „уставотворец“. Поздрав

http://www.promacedonia.org/gd2/gd_7.html#206 „Гоце Делчев. Писма и други материали“, Изд. на Българската академия на науките, Институт за история, София 1967 (Писмо до екзарх Йосиф. Подава си оставката като главен учител по здравословни причини)„Кръгъл печат с надпис: Бълг. православно училище Банско (Разложко)“ православно второкласно училиште во Банско, Разлошко.

the correct link here is http://www.promacedonia.org/gd2/gd_7.html

Почетен дел

уреди

Почетниот дел на статијата е предолг, би требало да се преуреди на само најважните податоци за Гоце Делчев. Tомица1111 (разговор)

Целата статија е преголема. Енциклопедиска статија по дефиниција значи дека не станува збор за детална биографија за одредена личност. Оваа статија драстично мора да се скрати за да соодветствува на енциклопедиска статија (Zdravko (разговор) 15:32, 21 октомври 2012 (CEST))Одговори
Статијата навистина е премногу долга, но сепак содржината е енциклопедиска и е неопходно да се сочува. Решение можеби е да се подели во повеќе помали статии и подоцна да се создаде шаблон со наслов „Гоце Делчев“, којшто ќе ги содржи овие одделни статии. Впрочем, неколку статии поврзани со темата веќе постојат и кон нив има врски во статијата. Што мислите за предлогов?--Kiril Simeonovski (разговор) 16:56, 21 октомври 2012 (CEST)Одговори
Јас сум за создавање на Шаблон:Гоце Делчев по примерот на Шаблон:Јане Сандански каде ќе има хронолошки преглед на животот и делото на Гоце. Еве еден добар пример за шаблонот на Ленин--Тиверополник (разговор) 17:09, 21 октомври 2012 (CEST)Одговори
Оваа статија е сега голема 394.023 бајти. Тоа е едноставно предолго. Јас веќе го префрлив описот за Кукуш во статијата за Кукуш. Описот на Кукуш не може да биде дел од статијата за Гоце Делчев, особено кога веќе има статија за Кукуш. Имам впечаток дека во оваа статија има многу податоци кои веќе ги има во статии поврзани со Гоце Делчев, а кои во оваа статија можат да бидат доста пократко опишани токму поради тоа што веќе подетално се опишани во соодветните статии. Затоа, јас сум за тоа да се прегледаат линковите и она што го има и во оваа статија и во поврзаните, да се напише само кратко во оваа статија. На пример, видете колку е голем делот за Делчеви, при постоечки статии за членовите на неговото семејство. Понатаму, би ги избришал мислењата на биографите на Делчев со кои почнува секоја од главите во оваа статија. Тоа не е едциклопедиски пристап, туку пристап кој соодветствува на книга. И на крај, драстично би го скратил воведниот дел, како што предложи Томица, бидејќи сега воведниот дел самиот има должина на цела статија (Zdravko (разговор) 18:26, 21 октомври 2012 (CEST))Одговори

Бугарски револуционери

уреди

Овој дел од статијата само привремено го избришав... статијата е во изработка и претрпува големи измени... делот ќе биде вратен назад во статијата.... поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 21:20, 30 јули 2011 (CEST)Одговори

  • Во Бугарија се смета дека Гоце Делчев е еден од најголемите бугарски револуционери. Гоце Делчев се школувал во Солунската бугарска машка гимназија, а потоа за бугарски офицер во Софија. Како бугарски учител, тој земал плата од Бугарската егзархија исто како и илјадници други учители и свештеници во Македонија во тоа време. Делчев, како водач на ВМОРО се залагал за создавање на автономна Македоно - Одринска држава во рамките на Османлиско царство.[1] Смета се и дека тој го прифаќал, соединувањето со Бугарија, како еден од можните варијанти за излез од автономијата.[2] Во Бугарија во чест на Гоце Делчев во 1951 година е преименуван градот Неврокоп, а две села го носат името Делчево. Постојат повеќе споменици на Гоце Делчев и исто така еден рид во Антарктикот го носи името Делчев, крстен од бугарската антарктичка експедициjа.

Далчо, спри да фалшифицираш българското гледище. Не ти отива да се правиш на манипулатор и вземи се засрами! Jingiby (разговор) 17:53, 31 јули 2011 (CEST)Одговори

Гоце Делчев

уреди

Гоце Делчев бил македонски револуционер риден 1894год. во Кукуш,Егејска Македонија а,починат 1903 во Баница.Неговиот татко се викал Никола а неговата мајка Султана

Правопис на името Гоце Делчев

уреди

Непобитни факти: до 1945 година името на Гоце Делчев било испишувано оригинално само и едноставно и от самиот него по стариот бугарски правопис до 1945 година Георги Николовъ Дѣлчевъ; до 1945 годна немало македонска стандартна азбука; во 1945 година била приета стандартна македонска азбука, а бугарската азбука била коригирана и правописот Георги Николовъ Дѣлчевъ веке не бил ползуван. Jingiby (разговор) 12:51, 19 октомври 2014 (CEST)Одговори

За испраќањето на посмртните останки на Гоце од Бугарија

уреди

Ehrlich91 мислам дека е добро да одбележиме дека посмртните останки на Гоце биле испратени од Бугарија со голема свеченост и со највисоки почести. Исто така е важно да нагласиме дека на пат за Скопје не биле пренесени преку Ѓуешево (најкраткиот пат) туку поминале низ Пиринска Македонија и патувале три дена низ цела Македонија пред да бидат донесени во Скопје. Не мора да бидат вклучени речениците што јас ги додадов, но овие факти се важни. GStojanov (разговор) 15:19, 22 август 2019 (CEST)Одговори

@GStojanov: Се согласувам со тебе, единствено не се согласувам да бидат вметнати како што беа претходно вметнати. Сето ова што си го пишал тука, напиши го во статијата слободно. Воедно, изнајди и извор за ова, покрај наведениот говор. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:27, 22 август 2019 (CEST)Одговори
Додадов еден параграф со повеќе извори. GStojanov (разговор) 22:52, 26 август 2019 (CEST)Одговори

За убиството на Гоце во Баница

уреди

Може да се искористат неколку слики и преводи на текстови од весници од статијата на професорот Минов за убиството на Гоце. Мој предлог се сликите и текстовите на: 63 страна од лондонски Тајмс, на 70 од Evening post, на 81 од германскиот весник или на 88 од швајцарскиот весник. Статијата ја има на academia.edu https://www.academia.edu/41815811/%D0%A3%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D0%B2%D0%BE_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%BF%D0%B5%D1%87%D0%B0%D1%82_%D0%BE%D0%B4_%D0%BC%D0%B0%D1%98-%D1%98%D1%83%D0%BD%D0%B8_1903_%D0%B3._The_Murder_of_Gotse_Delchev_as_Presented_in_the_Foreign_Press_May-June_1903_

Vesna123456 (разговор) 19:46, 6 февруари 2020 (CET)Одговори

Гоце Делчев како тема во уметноста

уреди

Бидејќи немам дозвола за уредување, ве молам во пасусот „Гоце Делчев како тема во уметноста“ да ги додаде следниве ставки:

  • „Песна за Гоце Делчев“ - македонска народна песна.[3]
  • „Ранет Делчев војвода“ - македонска народна песна.[4]
  • „Малина мома и Гоце Делчев“ - македонска народна песна.[5]
  • „Црна се чума зададе“ - македонска народна песна.[6]
  1. Българите в най-източната част на Балканския полуостров - Източна Тракия, Димитър Войников, гл. 24. Идването на Гоце Делчев в Тракия и някои уточнения по този повод. Идеологическите спорове между Гоце Делчев и Стоян Лазов. Непубликувани спомени на очевидци.
  2. Коце Ципушев, Деветнадесет години в сръбските затвори. Спомени, София, 1943 г. гл. 1. Между борците-великани, стр. 32.
  3. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 109.
  4. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 109-110.
  5. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 119-122.
  6. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 126-127.

Фала и поздрав. ГП (разговор) 10:17, 15 јули 2020 (CEST)Одговори

Две фотографии

уреди

Предлагам да ја додадете следните фотографија во статијата за Гоце Делчев:

1. Испраќање на посмртните останки на Делчев од Софија за Македонија

Податотека:Isprakanje na Goce od Sofija za Makedonija.jpeg
Испраќање на посмртните останки на македонскиот револуционер Гоце Делчев од Софија за престолнината на слободна Македонија


Благодарам. --GStojanov (разговор) 19:06, 11 октомври 2020 (CEST)Одговори

Национална припадност

уреди

Се извинувам нов член сум на Википедија и не знам како сам да ја направам следнава корекција. Кога сакаме да го поврземе Гоце Делчев со некоја статија, линкот кој го дава пишува Гоце Делчев и под него Бугарски Револуционер. Каде се менува тоа и ве молам за промена. Нема никакви аргументи нити факти дека Гоце е Бугарски револуционер нити се борел за ослободување на Бугарија нити организирал или кревал било какво востание/ револуција во име на Бугарија, за да биде именуван како Бугарски револуционер. Благодарам.--Forbidden History (разговор) 10:48, 6 ноември 2020 (CET)Одговори

Forbidden History, ти тврдиш дека нема никакви аргументи ниту факти дека Гоце е бугарски револуционер. Преди неколку денови Катерина Колозова, извршна директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, за бугарска телевизија го повтори тоа што за Гоце Делчев го изјавија и претседателот Пендаровски и Малески: "Не е спорно дека Делчев се декларирал како Бугарин". Jingiby (разговор) 12:06, 7 ноември 2020 (CET)Одговори
Jingiby, Историјата ја пишуваат историчари а не филозофи од типот на Колозова или политичари од типот на Малески и Пендаровски. Ако не да извадиме и други нивни изјави каде зборат против Бугарската шовинистичка политика па да видиме до каде ќе стигнеме? Или да го видиме новинарот Михајлов што кажува за Бугарија и Бугарското третирање на Македонците, кое е потврдено и од Европскиот суд за човекови права. Според вашите логики и денес не постојат Македонци во Бугарија а Европскиот Суд 14 години по ред ви вика дека постојат. Многу убаво кажав и прашав, како може да е Бугарски Револуционер кога не кренал ниту една револуција нити востание за Бугарија и во Бугарија? Бугарин во Отоманска империја според МИЛЕТ системот не означува национална припадност, така да вашите тези, може да ги извртувате на Бугарската википедија, не овде, ОК? Сите негови роднини (сестра, внуци...јасно кажуваат дека бил Макеоднец кој се борел и спремал револуција за Македонија, не за Бугарија) --Forbidden History (разговор) 15:27, 7 ноември 2020 (CET)Одговори
Forbidden History, ако ја прочиташ статијата, никаде не пишува дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, не знам зошто така ти дава на Википедија на македонски јазик. Во воведот е ставена реченицата „Во Бугарија исто така му оддаваат почит на Делчев како национален херој.“ како што на бугарската статија во воведот стои: „ Национален герой в България и Северна Македония“. На пребарување со мобилен телефон се појавува тоа „бугарски револуционер“, излегува затоа што е поврзано со Википодатоци, каде често има „уредувачка војна“ со бугарските корисници кои често го менуваат тој дел. А корисникот Jingiby што одговара во полза на бугарската теза, е Бугарин, па е логично што погоре одговорил како што одговорил. Поздрав - Виолетова (разговор) 14:44, 7 ноември 2020 (CET)Одговори
Виолетова знаете каде ми се појави? Уредував статија и го споменав Гоце Делчев и сакав неговот име да го поврзам со Македонската статија за Гоце Делчев, кога почнуваш да куцаш Гоце Делчев се појавува статијата и под негово име со сиво пишува бугарски револуционер. Така да тоа каде се менува, треба под итно да се смени. И го работев тоа од компјутер, не на мобилен. Те молам промени го или дај ми насоки јас да го сторам тоа. Ова е срамно и недопустливо. --Forbidden History (разговор) 15:27, 7 ноември 2020 (CET)Одговори
Forbidden History Ако статијата што си ја уредувал е на македонската Википедија, чудно дека така се појавило, сега пробав, кај мене си стои како што треба. Она за Википодатоци што спомнав (Wikidata) - ова е линкот за Гоце Делчев, па види и сам како стои: Gotse Delchev (Q360160). - Виолетова (разговор) 16:29, 7 ноември 2020 (CET)Одговори
Виолетовада денес е добро сега проверив. На истата статија која ја уредував кога пробувам да го линкувам денес го дава добро. Ако можеш да видиш кој и каде го уредувал тоа за Гоце, ќе можеш да провериш како било вчера напишано и од кого. Извини нов сум, уште учам. Фала ти за сите информации. --Forbidden History (разговор) 16:42, 7 ноември 2020 (CET)Одговори
Forbidden History, па види што вели академикот Иван Катарџиев во интервjу за списание ФОРУМ: По 1944 година се говореше од страна на тогашните моќници дека Гоце Делчев и Илинден не треба да се слават бидејќи тој бил „Бугарин“, а Илинденското било „бугарско востание“. ФОРУМ: Дали навистина Делчев се изјаснувал како Бугарин и зошто? КАТАРЏИЕВ: Ваквите прашања стојат. Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“. Jingiby (разговор) 16:54, 7 ноември 2020 (CET)Одговори
JingibyА да ти кажам што велат Ангел Радев, Дино Ќосев, внука му на Гоце Лика Чопова, другата внука Катерина Нурџиева, сестра му Руша Чопова? Значи три блиски роднини и двајца автори кои издаваат во Бугарија! Не можеш да преформулираш реченици извадени од цело интервју. РУМ МИЛЕТ Системот во Отоманската империја заведува Бугари како религиозна група а не како национална припадност, така да вашите квази-тези не треба ни да се разговараат, а не пак да се земат како некаква референца - вие така го читате МИЛЕТ системот ние го читаме како и сите други (поточно тие што владееле-Османлиите). Што треба да вадиме цитати од Гоце Делчев? "Додека моето рамо крепи пушка, Македонија нема да биде достапна за Бугарски офицер" (ова е обраќање на Гоце кон Борис Сарафов), чисто и јасно како солза.--Forbidden History (разговор) 07:42, 8 ноември 2020 (CET)Одговори
Внуци, баби, дедовци, милети, билети и слично. Го приключиф разговорот. Jingiby (разговор) 07:52, 8 ноември 2020 (CET)Одговори

Гоце Делчев je и бугарски национален хероj

уреди

Гоце Делчев je и бугарски национален хероj The Hunter2k19 (разговор) 03:08, 29 јануари 2021 (CET)Одговори

Как разбрахте, че е македонец?

уреди

Нали е роден на място, което се намира в Гърция 😂, вие какво? Не знаете, че там е просто Балканската област Македония? Това, че има балкански регион Македония и държава Македония, не означава, че е македонец по нация! Да ви имам географията и логиката! The Hunter2k19 (разговор) 01:02, 5 февруари 2021 (CET)Одговори

иако не е роден во денешна македонија, тој е етнички македонец, пред 1948, регионот беше полн со луѓе од македонски идентите (едно истражување во 1905 од Крсте Петков тврди дека егејска македонија има македонци како втор најголемо етничко потекло (најголемото беше турски) Gurther (разговор) 13:17, 18 јануари 2023 (CET)Одговори

Погрешно име

уреди

Забележав дека името е погрешно напишано што ги доведува читателите во заблуда. Гоце Делчев, како што го именувале мајка му и татко му, а според пасошот, е Георги, а не Горѓи. Doctrinam (разговор) 20:46, 12 март 2024 (CET)Одговори

Правописна грешка

уреди

Во седмиот параграф на почетокот пред потеклото во вториот ред броејќи од позади има правописна грешка каде што наместо да пишува „којшто“ пишува „којштотуку“ Gurther (разговор) 15:19, 8 април 2024 (CEST)Одговори

Гоце Делчев како мотив во уметноста

уреди

Бидејќи немам овластување за уредување на оваа статија (не знам зошто?), молам некој да го додаде следниов запис во делот Гоце Делчев како мотив во ументоста:

Фала и поздрав, ГП (разговор) 23:44, 28 април 2024 (CEST)Одговори

  1. Ѓорѓи Абаџиев, Последна средба. „Кочо Рацин“, Скопје, 1953.
Назад на страницата „Гоце Делчев“.