Википедија:Што не е Википедија

(Пренасочено од ВП:НЕ)
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:НЕ
ВП:ШНЕВ
Начела на Википедија
Глобални начела
Пет столба
Што не е Википедија
Занемарете ги сите правила
Начела за содржина
Неутрална гледна точка
Проверливост
Без оригинално истражување
Биографии на живи личности
Именување на статии
Работење со други
Учтивост
Без лични напади
Без правни закани
Консензус
Разрешување на спорови
Повеќе
Список на начела
Список на напатствија

Википедија е мрежна енциклопедија, па во таа насока, е мрежна заедница на лица кои се заинтересирани за создавање на квалитетна енциклопедија во духот на заемно почитување. Според тоа, постојат некои работи кои не можат да бидат на Википедија.

Што не е Википедија?

уреди
Статија со прегледно ограничување
Втора светска војна

Втората светска војна беше најраспространетиот и најскапиот вооружен конфликт во историјата на светот ...

1 Причини

Воената репарација бараше од Германија по Првата светска војна ...

2 Пред војната

Последиците од Првата светска војна се одразиле на Вајмарската Република ...

Википедија не е хартиена енциклопедија

уреди

Википедија не е хартиена енциклопедија (види и: -{Wikipedia is not a paper encyclopedia}-). Тоа во пракса значи дека не постои ограничување во бројот на темите кои можат да се опфатат, освен проверливоста на податоците и некои други, наведени на оваа страница.

Постои некој вид на прегледно ограничување на големината на поединечните статии, што има големо влијание на преземањето за модемските (-{dialup}-) читатели и обзирноста кон читливоста, воопшто (види и: -{Wikipedia:Article size}-). По разработката на еден дел од некоја обемна тема во една статија, поделбата на повеќе други (поголеми или помали) статии е природен тек на развивање на таа тема. На пример, види ја шемата десно. Додека хартиените енциклопедии имаат кратки статии, фактот што Вики не е хартија ни дозволува на статиите на им дадеме потемелен третман. Така, статиите можат да содржат внатрешни или надворешни врски, да бидат поажурни, постојано да се дообработуваат итн.

Повеќе во Википедија:Википедија не е хартиена енциклопедија.

Википедија не е речник

уреди

Википедија не е речник (види -{Wikipedia is not a dictionary}-). Таа не е ни речник на жаргони, ни генеолошки или уште помалку - биографски речник. Постои друг Википроект за речник - Викиречник.

Википедија не е трибина

уреди

Википедија не е трибина, ниту пак говорница од било кој вид (види и: -{Wikipedia is not a soapbox}-), а не е ни разговорен форум или средство за пропаганда и рекламирање. Затоа, википедиските статии не се:

  1. каков било вид на пропаганда или претставништво. Статијата, секако, може објективно да известува за такви работи, сè додека е во контекстот на неутрална гледна точка. Доколку многу сакате да ги уверите луѓето во точноста и добронамерноста на Вашите омилени ставови, подобро одете на дискусионите групи или започнете свој сопствен блог.
  2. Разговорен форум. Почитувајте ги и држете се до задачите — за создавање на енциклопедија. Можете да муабетите со луѓето на нивните кориснички страници за разговор, а проблемите во статиите решавајте ги на соодветните страници за разговор, но немојте дискусијата да ја пренесете во самата статија.
  3. Критички прегледи. Биографиите и статиите за уметничките дела (и слични теми) треба да бидат енциклопедиски по својот карактер. Секако, критичките анализи се добредојдени, но само ако се втемелени на директни забелешки од трети лица. Погледнете под број 5 подолу. Исто така погледнете иen:Wikipedia:Guide to writing better articles#Check your fiction.
  4. Лични состави кои ги изложуваат Вашите лични мислења за одредена тема. Целта на Википедија е да го собере на едно место човековото знаење. Таа не е средство со кое треба личното мислење да се направи дел од тоа знаење (Википедија:Без свои истражувања). Во ретки случаи, кога мислењата на поединци се доволно важни за да се разговара за нив, пожелно е да се препушти на другите да пишуваат за тоа. Лични осстави за теми кои се поврзани со Википедија се добредојдени на Мета. Постои и виљушка на Википедија на Wikinfo која ги охрабрува личните мислења во статиите.
  5. Свое истражување, како што е предложувањето на теории и решенија, свои идеи, дефинирање на поими, сложување на нови зборови итн. Погледнете ја врската Википедија:Без своеи истражувања. Доколку сте направиле првобитно истражување на некоја тема, објавете ги Вашите резултати на некое друго место, како што е некој журнал со широка читателска публика, други печатени медиуми, или, пак, угледни мрежни местa. Википедија ќе известува за Вашата работа кога таа ќе стане дел од општоприфатеното човеково знаење. Сите податоци кои се впишуваат во Википедија не мора да бидат од журнал со широка читателска публика, но потрудете се да бидат сигурни и проверливи. На пример, цитирање на книга, печат или доверливи мрежни ресурси покажува дека материјалот е проверлив, а не лично мислење на оној кој уредува.
  6. Самопромовирање. Иако сте слободни да пишувате за себе или проектите во кои сте лично длабоко навлезени, запаметете дека мерилата за енциклопедиските статии важат и за тие страници, како и за сите други. Многу малку од славните Википедијанци значајно придонеле за развојот на Википедија со енциклопедиски статии за себе. Создавањето на премногу врски и референци на автобиографските статии е неприфатливо. Погледнете Википедија:Автобиографија.
  7. Рекламирање. Статиите за компаниите и производите се во ред доколку се пишувани во објективен и непристрасен стил. Сите теми во статијата мораат да бидат проверливи за трети лица, па статиите за многу мали, „гаражни“ компании најверојатно не се прифатливи. Надворешните врски кон комерцијалните организации се прифатливи доколку можат да послужат за идентификација на главните корпорации кои се поврзани со темата (како пример, погледнете ја статијата на англиската Википедија Finishing school). Ве молиме, имајте предвид дека Википедија не го поддржува било кој бизнис и дека не спроведува програми за здружување.

Википедија не е збирка на надворешни врски, галерии на слики или медиуми

уреди
Кратенки:
ВП:НЕОГЛЕДАЛО
ВП:НЕГАЛЕРИЈА
ВП:НЕВРСКИ

Википедија не е ни огледало, ни магацин за врски, слики или мултимедијални датотеки. Сите содржини додадени на Википедија можеби ќе мора да бидат немилосрдно преправани со цел да се приклучат кон енциклопедијата. Со самото предавање на текстот (или сликата), Вие прифаќате дека ја давате содржината за слободна употреба по ГНУ Општа Јавна Лиценца. Википедиините статии не се:

  • ...прости збирки на надворешни врски („линкови“) или интернет директориуми. Нема ништо лошо во тоа да додадете листа на врски важни за содржината на една статија, но, претераното поврзување ги омаловажува статиите и ги одвлекува од википедиините цели.
  • ...прости збирки на внатрешни врски, освен страниците за појаснување кога насловот на статијата е двосмислен или повеќесмислен и листите на теми за помош во организирањето на статиите.
  • ...прости збирки на изворни материјали во јавна сопственост како што се цели книги или изворни шифри, изворни историски документи, писма, закони, објави и други изворни материјали кои се корисни само кога се претставени во својот првобитен, непроменет облик. Потполната копија на изворникот треба да се стави во Викиизвор. Нема ништо лошо во користењето на извор во јавна сопственост, како што е изданието на Енциклопедија Британика од 1911 година за да ѝ се додаде содржина на статијата.
  • ...збирки на галерии на фотографии или мултимедијални датотеки без текст кој би одел со статијата. Доколку сакате да додадете некоја слика, обезбедете енциклопедиски контекст или размислете за тоа да ја подигнете на Заедничката ризница на Викимедија. Во статиите додавајте само слики кои се поврзани со контекстот и служат исклучиво за илустрирање на содржината. Википедија не е сликовница. Ограничете ја употребата на слики во галерии — наместо тоа додавајте врска до соодветната категорија на Заедничката ризница.

Википедија на македонски јазик не е национална енциклопедија на Македонците

уреди
Кратенки:
ВП:НЕНАЦ
WP:NOTNAT

Википедија е општа енциклопедија која опишува поими, случки и лица од општо енциклопедиско значење. Секако дека на Википедија на македонски јазик, темите кои се значајни за сите простори каде што се говори македонскиот јазик најверојатно ќе бидат повеќе покриени, бидејќи за нив најверојатно се заинтересирани поголем број на корисници, а тоа е во ред. Но тоа не значи дека ваквите теми овде се привилегирани или предодредени за поширока обработка во споредба со другите теми од светот. Сите теми за обработка се од еднакво значење на секое јазично издание на Википедија. Секоја Википедија е географски и национално неутрална. Ова посебно важи за статии кои се занимаваат со посебен поглед на „македонското“ население — таквите статии не смеат да бидат фаворизирани, форсирани или прикажувани како апсолутна точност — неутралната точка на гледање е апсолутна. Според ова, не постои смисла во истакнувањето на знамиња или симболи на македонската држава или народ во навигацијата на сајтот, посебни врски до македонски теми во статии од општо значење или пропагирање на содржините поврзани со Македонија со тоа што ќе се направат повидливи врски до нив во споредба со останатите теми.

Википедија не е услужник на бесплатно вдомување или мрежен простор

уреди

Не можете да поставите свое мрежно место, блог или Вики на Википедија. Доколку сакате да користите Вики технологија за организирање на соработка на нешто друго, макар и да е тоа една единствена страница, постојат многу мрежни места кои обезбедуваат Вики вдомување, бесплатно или со пари (некои од нив се PeanutButterWiki, Wikicities, SeedWiki, Emergency Digital, Memebot, Riters.com). Исто така можете да вопоставите википрограм на својот опслужувач. Страниците на википедија не се:

  1. Лични страници. Википедијанците имаат свои лични страници, но тие се користат за информации кои се важни за работата на енциклопедијата. Доколку сакате да создадете лична страница која не е поврзана со енциклопедиската работа (на пример, поставување на Ваше резиме), искористете еден од многуте услужници за бесплатни лични страници на Интернет.
  2. Простори за складирање на податотеки. Ве молиме да подигнувате податотеки кои се користат (или ќе бидат користени) во статиите на енциклопедијата; сè останато ќе биде избришано. Доколку имате некои важни слики, поставете ги на Заедничката ризница, откаде можете да ги поврзете со Википедија.

Википедија не е демократија

уреди
Кратенки:
ВП:ДЕМОКРАТИЈА
ВП:НЕДЕМ

Википедија не е експеримент за демократија или каков било друг политички систем. Нејзиниот основен метод на одлучување на консензус е преку уредување и дискусија, не преку гласање. Иако уредувачите понекогаш користат анкети со гласање во обид да тестираат за консензус, анкетите и гласањата понекогаш и штетат наместо да ѝ користат на дискусијата. Тие треба да се користат со внимание и се помалку врзувачки од какво било решение за консензус.

Напомени

уреди

Напомена 1 Иако намената на оваа страница е да посочи цврсто поставена политика, таа продолжува да се развива. Доколку сакате да ја цитирате во разговор, бидете сигурни дека сте ја прочитале најновата верзија.