Одрински Вилает
Одрински вилает (традиц. нарекуван и Одринско) — еден од европските вилаети во Отоманското Царство чиј центар на таа територија бил градот Одрин (Едрене). Оваа територија се протегала од Црното Море до реката Места и од тогашната бугарско-турска граница до Мраморно и Егејското Море, но без Истанбул.[1]
Потекло на поимот
уредиИмето потекнува од градот Одрин. Вилаетот понекогаш се нарекува и со кратенката Одрински, но и со географското име Источна Тракија.
Население
уредиВилаетот бил населен воглавно од турско, грчко и бугарско население.[2] Според Љубомир Милетиќ Одринскиот вилает, без Истанбулскиот вилает, во 1912 година имал околу 1,000,000 луѓе. Најмногубројно било турското население со околу 400 илјади жители, а Бугарите, Грците и другите националности биле околу 600 илјади луѓе, од кои 300 илјади зборувале на бугарски, а 200 илјади зборувале на грчки јазик.[3] Од тие што зборувале бугарски, околу 176,000 биле припадници на Егзархијата,[4] 96,000 Помаци,[5] 25,000 припадници на Патријаршијата и 1,700 Униjати.[6] По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските власти[7], и денес регионот е претежно населен со турско население.
Отомански статистички податоци за Одринскиот вилает и Истанбулскиот вилает од 1910[8] | |||||||
санџак | Турци | Грци | Бугари | други | вкупно | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Одрин | 128,000 | 113,500 | 31,500 | 14,700 | 287,700 | ||
Кирк Килисе | 53,000 | 77,000 | 28,500 | 1,150 | 159,650 | ||
Родосто | 63,300 | 36,000 | 3,000 | 21,800 | 144,300 | ||
Такирдаг | 63,500 | 56,000 | 3,000 | 21,800 | 144,300 | ||
Галиполе | 31,500 | 70,500 | 2,000 | 3,200 | 107,200 | ||
Дедеагач | 45,300 | 29,000 | 17,000 | 650 | 91,630 | ||
Комотини | 185,000 | 22,000 | 23,500 | 2,200 | 234,700 | ||
Чаталџа | 18,000 | 48,500 | - | 2,340 | 68,840 | ||
Истанбул | 450,000 | 260,000 | 6,000 | 130,000 | 846,000 | ||
вкупно % |
974,500 |
676,600 |
113,500 |
176,040 |
1,940,040 | ||
Статистички податоци на Патријаршијата од 1912 | |||||||
вкупно % |
836,500 |
726,00 |
114,000 |
340,700 |
2,017,800 |
Наводи
уреди- ↑ Българите в най-източната част на Балканския полуостров - Източна Тракия, Димитър Войников.
- ↑ Спомени на Михаил Герџиков - “Култура“, Скопје
- ↑ "Разорението на тракийските българи презъ 1913 година", Българска академия на науките, София, Държавна печатница, 1918 г.; II фототипно издание, Културно-просветен клуб "Тракия" - София, 1989 г., София, стр. 7-9.
- ↑ Тука влегуваат и околу 10,000 Егзархисти од Истанбулскиот вилает.
- ↑ Според други тие се околу 130,000 души; Ст. Шишков "Помаците в трите български области Тракия, Македония и Мизия, Пловдив 1914, стр. 15.
- ↑ "Разорението на тракийските българи... стр. 287-300.
- ↑ Извештај на Карнегиевата балканска комиција (1912-1913) - “Култура“, Скопје
- ↑ Pentzopoulos, Dimitri (2002). The Balkan exchange of minorities and its impact on Greece. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 31–32. ISBN 9781850657026.