Портал:Спорт/Избрана статија/2010/август
Емирати — фудбалски стадион во Лондон. Сопственик на стадионот и тим којшто игра на него е Арсенал. Стадионот има капацитет од 60.355 седишта со што е трет по големина фудбалски стадион во Англија по Вембли и Олд Трафорд, а трет по големина стадион за универзална употреба во Лондон по Вембли и Твикенхам. Стадионот беше изграден во јули 2006, а за негова изградба беа потрошени 430 милиони фунти, но сите пари не се потрошени само за неговата изградба. Дел од буџетот беше потребен за обезбедување на локацијата.
Стадионот е изграден од познатиот архитект Сер Роберт МекАлпин. Се наоѓа на само неколку стотина метри оддалеченост од стариот стадион на Арсенал - Хајбери.
Името, стадионот го има добиено по компанијта Емирати, со која Арсенал има склучено договор со времетраење од 15 години, вреден 100 милиони фунти. Прочитајте повеќе