Портал:Спорт/Избрана статија/2010/септември
Пјер де Кубертен (1863 — 1937) — француски педагог и историчар којшто е светски познат како обновувач на античките Олимписки игри и основоположник на модерните Олимписки игри.
Се родил во Париз во аристократско семејство. Бил инспириран од англиските и американските училишта, но образованието го започнал во Франција. На 23 јуни 1894, официјално ја истакнал идејата за обнова на античките Олимписки игри, а овој ден се смета за ден на основње на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), чијшто претседател бил од 1896 до 1925 година.
Пјер де Кубертен бил и извидник, а на Летните олимписки игри 1912 освоил златен медал во натпреварот по литература, со делото „Ода за спортот“. Прочитајте повеќе