Портал:Спорт/Избрана статија/2010/мај
Ката — јапонски збор кој детално ги опишува начините на движењата во каратето, било во парови или соло. Суштината на карате вештината се кати. Тие содржат серија на координирани хармонични движења кои се направени по одреден редослед прилагодувајќи се кон специфичен ритам. Секоја ката покажува замислена борба со неколку противници истовремено.
Движењата на „карате катите“ секогаш започнуваат од дефанзивна позиција со што се потенцира одбрамбениот карактер на катата. Во катата каратистот не бега од противникот, туку му оди во пресрет да го одбие нападот и да зададе контра удар. На тој начин движењето како елемент на одбраната станува елемент на нападот. Неопходно е да се сфати и тоа дека одбраната со која се одбиваат ударите на противникот, не се намерно подметнати како што е случај со подлактиците. Прочитајте повеќе