Динара Сафина
Динара Михајловна Сафина (рус. Динара Михайловна Сафина) (р. 27 април 1986 во Москва) — професионална руска тенисерка со татарско потекло.
Динара е помладата сестра на поранешниот прв рекет во светот, Марат Сафин.
Професионално почнала да игра тенис во 2000 година, кога учествувала на два турнира, а на турнирот во Мајорка стигнува до финалето. Следната сезона, со неполни 14 години, победува во Рим а стигнува и во јуниорското финале на Вимблдон.
Во 2002 година влегува меѓу првите сто тенисерки на светот и оттогаш нејзината кариера се движи по нагорна линија.
Напредувањето продолжува и во 2003 година. Својот прв ВТА турнир го освојува во Палермо победувајќи ја Катерина Среботник. На Ју-Ес Опен губи во осмина финалето од Жестин Енан со 6:0, 6:3.
Во 2004 година има проблеми со повредите, но сепак во Париз успева да ги победи Јелена Јанковиќ, Пати Шнидер и Франческа Скјавоне, но во полуфиналето е победена од страна на Ким Клајстерс, тогаш втора најдобра тенисерка на светот.
Во 2005 година Сафина влегува меѓу првите дваесет најдобри светски тенисерки.
Во досегашната кариера (јуни 2008) освоила 6 титули во поединечна конкуренција и 8 во игри во двојки на ВТА турнирите. Во играта во двојки со французинката Натали Деши во 2007 година освојува и една гренд слем титула, Отвореното првенство САД.