Портал:Спорт/Избрана статија/2010/јули
Крикет — спорт во кој треба да се удри топче со палка. На прв поглед е сличен со безболот од САД, но во суштина е многу постар. Крикетот за прв пат се споменува во документ од 16 век, според кој бил игран во Англија. На професионално ниво се игра во Австралија, Англија, Бангладеш, Зимбабве, Индија, Јужна Африка, Кенија, Нов Зеланд, Пакистан, Шри Ланка и на Карибите.
Играта се игра со две спротивставени единаесеточлени екипи. Екипите се менуваат во улогата на удирачи и чувари на полето. Во текот на секое коло (inning) удирачката страна се обидува да освои бодови со трчање помеѓу порти (wicket): чуварите на полето се обидуваат да ја срушат портата. Натпреварот се состои од едно или две кола за секоја страна.
Еден натпревар трае цел ден, а понекогаш и 5 дена. Еден тим за крикет се состои од 11 играчи кои посебно се обидуваат да добијат поени. Поените се добиваат со трчање откако ќе биде удрено топчето. Прочитајте повеќе