ОУ „Александар Урдаревски“ - Мирковци


Основно училиште „Александар Урдаревски“ (официјално: Основно општинско училиште „Александар Урдаревски“ - Мирковци; скратено: ООУ „Александар Урдаревски“) — централно основно училиште во селото Мирковци, Општина Чучер-Сандево.[1]

Александар Урдаревски
Место
Општина: Општина Чучер-Сандево
Наречено по: Александар Урдаревски
Нас. место: Мирковци
Адреса: ул. „1“, бр. 11, с. Мирковци
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1963; пред 62 години (1963)
Број на ученици: 438
Настава на: македонски
Контактни информации
Е-пошта aurdarevski10@yahoo.com

Училиштето е именувано по македонскиот партизан Александар Урдаревски.

Местоположба

уреди

Училиштето се наоѓа во западниот дел на атарот на селото Мирковци и тоа претставува средишно училиште за учениците од селата Горњане, Бањане, Чучер-Сандево, Бразда, Глуво и Мирковци.

Историја

уреди

Училиштето го сочинуваат две подрачни училишта, во Долно Блаце и во Горно Блаце. Училиштето „Александар Урдаревски“ е изградено во 1963 година. Подрачното училиште во Долно Блаце е изградено во 1979 година, а во Горно Блаце во 1951 година. Вкупниот број на ученици кои го посетуваат ова училиште е 438, од прво до деветто одделение. Наставата се одвива во две смени во централното и една смена во подрачните училишта со вкупно 37 вработени (наставен и ненаставен кадар). Во основното училиште „Александар Урдаревски“ (со двете подрачни училишта) учат вкупно 438 ученици во 24 паралелки.

Училишни објекти

уреди

Објектот е во тврда градба, со подрум, приземје и спрат. Училиштето поседува реновирана фискултурна сала, во рамки на стандардниот објект. Во училиштето просторот се состои од: 14 училници, кабинети, библиотека, фискултурна сала, надворешно игралиште, зелена дворна површина, канцелариски простор, ходници, санитарни јазли и и други помошни простории. Училиштето за подобра и поефикасна настава брои и еден кабинет со SMART табла, за која наставниот кадар е дополнително усовршен.

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-22.