Оливера Николова

(Пренасочено од Оливера николова)

Оливера Николова (Скопје, 11 март 1936 - Скопје, 3 ноември 2024) — македонска писателка за возрасни и за деца. Таа била една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.

Оливера Николова
Роден/а11 март 1936
Скопје, Македонија
Починат/а3 ноември 2024(2024-11-03) (возр. 88)
Скопје, Македонија
Занимањероманописец, поет, драматург
НационалностМакедонка
НародностМакедонка
Образованиефилозоф
Апсолвент наФилозофски факултет - Скопје
Жанрписател за возрасни и деца
Книжевно движењеДПМ
Значајни делаЗоки Поки“, „Девојките на Марко
Значајни наградиРТВ Скопје на СВП
Младо поколение
Змаева награда
Награда „Стале Попов“
Рациново признание

Животопис

уреди

Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Починала на 3 ноември 2024 во Скопје.

Творештво

уреди

Оливера Николова е автор на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.

Вредностите на Оливера Николова во македонската книжевност за деца, од нејзината прва книга, континуирано, се мошне високо рангирани. Сите критичари кои се занимавале со нејзините книги за деца потенцирале дека со нејзиното творештво македонската книжевност за деца се збогатува со дотогаш неоткриени мотиви. Оливера Николова е писателка која сака секогаш да биде нова, која ја истражува и формата, но која пред сè, реагира на животот и на новините кои се случуваат во него менувајќи го сензибилитетот на современото дете.[1]

И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност - Зоки Поки. За своето творештво, Николова добила бројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година ја добила наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја добила истата награда, овојпат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја добила таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца.[2]

Во октомври 2012 година, за романот „Куќичка“, таа била номинирана како македонски претставник за наградата „Балканика“.[3] Во декември 2013 година, Оливера Николова го одбележала јубилејот 50 години од литературното творештво, исто колку и познатиот лик од нејзините раскази за деца, Зоки Поки. По тој повод, издавачката куќа „Детска радост“ објавила избор од творештвото на Николова во три тома, насловени како: „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“. За своето книжевно дело, Николова ги освоила наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, како и „Роман на годината“ на „Утрински весник“.[4] Во февруари 2016 година, за романотКадифената покривка“ (издание на „Матица македонска), Николова ја добила наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2015 година.[5] Истовремено, романот „Куќичка“ бил објавен на српски јазик, во издание на „Арка“ од Смедерево.[6]

Дела

уреди

Николова објавила голем број книги, како:[5] [7] [8] [9]

Награди

уреди

Значење и влијание

уреди
  • „Книжевна причесна“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[12]
  • „Мојата зграда во нејзиниот двор“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[13]

Наводи

уреди
  1. Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 129.
  2. Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 131.
  3. „Куќичка“ на Николова во трка за „Балканика“, Дневник, година XVI, број 4 998, петок, 26 октомври 2012, стр. 21.
  4. ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 9.
  5. 5,0 5,1 Милена Атанасоска Манасиева, „Децата денес не читаат доволно“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 19.
  6. „На српски преведен романот „Куќичка“ на Оливера Николова“, Дневник, година XX, број 5991 среда, 17 февруари 2016, стр. 19.
  7. Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 130-131.
  8. Роберт Алаѓозовски, „Кога розовото ќе зацрвени до мрак“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 101.
  9. „Белешка за авторот“, во: Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 96.
  10. „Белиот чад - За авторот Оливера Николова“. Или-или. Архивирано од изворникот на 2020-06-28. Посетено на 26 јуни 2020.
  11. „Орден за заслуги за Оливера Николова, Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Рефет Абази и Слободан Унковски“. Посетено на 30 јануари 2024.
  12. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 389-390.
  13. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 429.