Кадифената покривка
Кадифената покривка – новелети за жени-убијКи — книга на македонската писателка Оливера Николова од 2015 година, објавена во издание на „Матица Македонска“.
Содржина
уредиКнигата е составена од шест подолги раскази (кои таа ги нарекува новелети), посветени на седум жени од историјата: Мари-Мадлен де Бренвилие, Марта Марек, Бел Ганис, Жана Лорет, Магзин Пипо, Мара Бунева и Менча Карничу. Инспирацијата да пишува за овие ликови авторката ја добила од „Енциклопедија на убијци“ издадена од „Детска радост“ во 1998 година.[1]
За книгата
уредиВо книгата Николова раскажува приказни и гради психолошки портрети на овие сомнителни и спорни историски ликови при што психолошките скици ги прави без дидактичност и без објаснувања, туку преку нарацијата, ситуациите и општиот контекст.[1]