Песот со тажен поглед

Песот со тажен погледмакедонска книга, роман напишани од Оливера Николова. Книгата е издадена во 2019 година од издавачкото претпријатие Матица македонска при што била прогласена за роман на годината, 2019[1].

Песот со тажен поглед
АвторОливера Николова
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман
ИздавачИздавачка куќа Матица македонска
Издадена
2019
Медиумпечатено издание,185×120 mm

Содржина

уреди

Осврт кон делото

уреди

„Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова е роман кој својата приказна ја темели на историски податоци, а фикцијата деликатно се испреплетува со фактите. Директното, експлицитно посочување на изворникот (мемоарската книга „Мојот балкански дневник“ на Џ. Џонстон Абрахам, еден од докторите кои престојувале во Скопје за време на Првата светска војна) чиешто „ехо“ е романот, воопшто не ѝ пречи на приказната, туку напротив, овозможува увид во слоевитоста и комплексноста на наративните постапки.

Писмото на Николова е моќно, автентично и рафинирано. Таа и во овој роман го покажува истенченото чувство за детали, кои го збогатуваат наративниот мозаик, и кои суптилно исткајуваат мрежа од симболи. Смелата авторска идеја е успешно реализирана во творечки резултат со високи естетски вредности. Авторката умешно ја води приказната до самиот крај, одржувајќи ја компактноста на структурата, уверливоста на изградените ликови и книжевни ситуации, како и стилско-јазичната префинетост.[2].

Наводи

уреди
  1. „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова е „Роман на годината“
  2. „Оливера Николова ја доби наградата „Роман на годината". Архивирано од изворникот на 2020-06-18. Посетено на 2020-05-24.