Зоки Поки

детска книга

„Зоки Поки“книга за деца од македонската писателка Оливера Николова.

Зоки Поки
АвторОливера Николова
ИлустраторЈана Андреевска (Издание на „Детска радост“, 2004)
ЗемјаСР Македонија, СФРЈ
Јазикмакедонски
Жанрраскази за деца
ИздавачДетска радост
Издадена
1963
ISBN9989-30-489-0 (Издание на „Детска радост“, 2004) Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN.
Зоки Поки автор Оливера Николова

Содржина

уреди

Книгата содржи 31 расказ:[1]

  • Кој е Зоки Поки и, ако сакате да го запознаете, каде можете да го најдете
  • Во бањата
  • Нефатливиот Зоки Поки
  • Како брои Зоки Поки
  • Со што може да купи сиот свет
  • Зошто е масата?
  • Големата авантура на Фигаро
  • На улица
  • Кој бил кукавица!
  • Зоки Поки беше в парк
  • Приказна за тажниот петел
  • Гостин од село
  • Кога бабата се лути
  • Грижа
  • Жешка супа
  • Игра
  • И мечето има грип
  • Зоки се жртвува
  • Што е смешно
  • Новогодишна згода
  • Цртеж
  • Во зоолошката градина
  • Според заслугата
  • Зоки денгуба
  • Зошто плаче Зоки?
  • Колачиња
  • Балон
  • Големото патување
  • Волшебната цреша
  • Какво лето!
  • Откритие

Изданија

уреди

Првобитно, книгата била објавена во 1963 година од страна на „Детска радост“, а потоа следувале голем број изданија. Во текот на долг период, книгата била задолжителна лектира за учениците од основните училишта во Македонија. Исто така, „Зоки Поки“ е преведена на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и германски јазик.[2]

  • Издание на „Детска радост“ од 2004 година: Книгата, со димензии од 20 сантиметри и обем од 100 страници, е отпечатена во мек повез, во печатницата „Напредок“ во Тетово. Автор на илустрациите е Јана Андреевска, дизајнот и ликовно-графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, додека Дениз Тесторидес ги направил лектурата и коректурата. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-489-0.[3]

За делото

уреди

Уште при првото издание, книгата добила многу поволни критики и била означена како големо освежување во македонската детска литература. За неа, Јадранка Владова истакнала: „Зоки Поки“ е вистински текст-меѓник и несомнена иновација во македонската книжевност за деца... текст кој, пред сè, го почитува детето... прекрасен текст за раснењето... за универзалните, за општите места на детството...[4]

Наводи

уреди
  1. Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.
  2. Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 130.
  3. Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.
  4. Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 129-130.